Општини во Македонија
Оваа статија е дел од темата |
Политиката на Македонија |
---|
Портал: „Политика“ |
Општините во Македонија — административни единици од прв степен. Во август 2004 година, а дополнително во 2013, Македонија била реорганизирана на 80 општини од кои 10 го сочинуваат Градот Скопје, кој е посебна единица на локална самоуправа.
Во периодот од 1996 до 2004 година Македонија имала 123 општини, а со последната административна поделба бројот се намалил. Така, дел од општините останале непроменети, а дел биле споени со поголеми општини. По број на население и според пописот од 2002 година, најголема општина во Македонија е Куманово со 105.484 жители, а најмала е Вевчани со 2.433 жители. По површина, најголема општина е Прилеп која има 1.194 км2, а најмала е Чаир со површина од 3,5 км2.
Административната поделба на Македонија била сменета во 2013 година. Во 2013, по локалните избори на 24 март, општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј престанале да постојат и биле припоени кон Кичево. Така бројот на општини од 84 се намалил на 80. Покрај општините, административно Македонија е поделена и на 8 плански региони, но тие не се сметаат за првостепена административна поделба, туку како плански региони за развој.
Историја
[уреди | уреди извор]1952 - 1955
[уреди | уреди извор]Во периодот од 1952 до 1955 година Народна Република Македонија имала повеќестепена административна поделба. Републиката била поделена на 18 околии, потоа на:
- главен град - Град Скопје
- 27 градски општини и
- 205 (рурални) општини.[1]
1955 - 1957
[уреди | уреди извор]Во периодот од 1955 до 1957 година Народна Република Македонија имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкупно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле 85 на број. Дел од овие општини го образувале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.[2]
Според ова административно уредување, биле укинати општините:
- Во Битолската Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 14 општини: Бач, Будаково, Буково, Велушина, Доленци, Жван, Ивањевци, Кажани, Кременица, Логоварди, Лопатица, Маково, Старавина, и Смилево
- Од поранешната Гевгелиска Околија биле укинати 5 општини: Башибос, Дедели, Миравци, Негорци, Удово
- Од поранешната Гостиварска Околија биле укинати 9 општини: Бањица, Вруток, Дебреше, Никифорово, Србиново, Сенокос, Трница, Чајле, и Чегране
- Од поранешната Дебарска Околија биле укинати 6 општини: Баланци, Жировница, Косоврасти, Коџаџик, Лазарополе, и Манастирец
- Од поранешната Кичевска Околија биле укинати 12 општини: Брждани, Другово, Ижиште, Извор, Јагол Доленци, Мало Црско, Модриште, Орланци, Растеш, Раштани, Самоков, и Староец
- Од поранешната Кочанска Околија биле укинати 8 општини: Блатец, Грљани, Злетово, Зрновци, Нивичани, Оризари, Полаки, и Чешиново
- Од поранешната Кривопаланечка Околија биле укинати 7 општини: Герман, Градец, Длабочица, Добровница, Жидилово, Огут, и Петралица
- Во Кумановската Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 12 општини: Арбанашко, Бајловце, Бедиње, Думановце, Жегљане, Матејче, Облавце, Павлешенци, Романовце, Слупчане, Страцин, и Шопско Рударе
- Од поранешната Малешевска Околија биле укинати 4 општини: Владимирово, Драмче, Каменица, и Тработивиште
- Од поранешната Овчеполска Околија биле укинати 8 општини: Горобинци, Драгоево, Ерџелија, Карбинци, Крупиште, Немањица, Три Чешми, Трооло
- Во Охридската Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 10 општини: Вевчани, Галичица, Драслајца, Дримкол, Издеглавје, Караорман, Лабуништа, Радолишта, Сливово, и Требеништа
- Од поранешната Преспанска Околија биле укинати 4 општини: Јанковец, Љубојно, Подмочани, и Царев Двор
- Од поранешната Прилепска Околија биле укинати 12 општини: Бела Црква, Витолиште, Дебреште, Долно Дивјаци, Дуње, Дупјачани, Канатларци, Костинци, Мало Коњари, Норово, Старо Лагово, и Тројаци
- Во Скопската Околија биле укинати 15 општини: Бразда, Буковиќ, Бунарџик, Вучидол, Зелениково, Горно Количани, Јаболци, Катланово, Кучевиште, Љубанци, Рашче, Сарај, Сингелиќ, Средно Коњари, и Цветово
- Од поранешната Струмичка Околија биле укинати 10 општини: Вељуса, Доброшинци, Ињево, Калаузлија, Костурино, Мокриево, Муртино, Подареш, Попчево, и Турново
- Во Тетовската Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 8 општини: Вратница, Горно Седларце, Групчин, Долно Палчиште, Непроштено, Милетино, Шемшево, и Шипковица
- Од поранешната Тиквешка Околија биле укинати 7 општини: Бегниште, Долни Дисан, Дреново, Крњево, Мрежичко, Пепелиште, и Росоман
- Во Титоввелешката Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 7 општини: Војница, Горно Врановци, Долно Јаболчиште, Згрополци, Иванковци, Раштани, и Теово
Легенда: (Н) значи новооснована општина; со задебелени букви се населените места кои се седишта на општините.
1957 - 1965
[уреди | уреди извор]Во периодот од 1957 до 1965 година Народна Република Македонија, односно Социјалистичка Република Македонија, имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкупно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои во 1957 година биле вкупно 61 на број, согласно укинувањето на 12 општини. Повторно, четири општини го образувале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.[4]
Според ова административно уредување, биле укинати општините:
- Во Охридската Околија биле укинати 5 општини: Асамати, Велешта, Зајас, Луково, Манастирец, и Челопеци
- Во Тетовската Околија била укината 1 општина: Ростуше
- Во Титоввелешката Околија биле укинати 3 општини: Демир Капија, Дојран, Извор
- Во Штипската Околија биле укинати 3 општини: Конче, Лакавица, и Радање
Забелешка: Поради малите промени направени во однос на територијалната поделба од 1955 година, во овој список се наведени само општините кои претрпеле промени.
1965 - 1996
[уреди | уреди извор]Во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија бил донесен нов закон со кој биле укинати околиите и како единствена административна поделба останале само општините. Тогаш биле создадени нови општини кои опстојувале до 1996 година, кога биле укинати со закон на Република Македонија. Од 1965 до 1996 година во Македонија имало 32 општини, од кои неколку го формирале градот Скопје како посебна административна единица.
1996 - 2004
[уреди | уреди извор]Во 1996 година бил донесен нов закон за територијална поделба на Македонија со кој се укинал законот на СР Македонија. Според тој закон Македонија имала 123 општини кои претставувале првостепена и единствена административна поделба.
2004 - 2013
[уреди | уреди извор]Во 2004 година бил донесен нов закон за територијална поделба на Македонија.[5] Новонастанатите општини почнале да функционираат во 2005 година.
2013 - до денес
[уреди | уреди извор]Општини
[уреди | уреди извор]Во следната табела се наведени сите општини во Македонија по азбучен ред. Покрај тоа, во табелата има информации за седиштата на општините, кодовите, површината, населението и регионот во кој се наоѓаат истите. За знамињата и грбовите, видете ги галериите за општински знамиња и грбови.
Во март 2013 кон Кичево се припоиле следниве општини (горните податоци за Кичево се со вкупните податоци за сите пет поранешни општини):
Грб | Општина | HASC[13] | ISO 3166-2:MK | Седиште на општината | Површина (км2)[14] |
Население (2002) |
Регион | Општински службени јазици |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Вранештица | MK.VC | MK-15 | Вранештица | 109 | 1.322 | Југозападен | македонски турски | |
Другово | MK.DR | MK-28 | Другово | 383 | 3.249 | Југозападен | македонски | |
Зајас | MK.ZA | MK-31 | Зајас | 161 | 11.605 | Југозападен | македонски албански | |
Осломеј | MK.OS | MK-57 | Осломеј | 137 | 10.420 | Југозападен | македонски албански |
Означени карти со врски
[уреди | уреди извор]- Карта на општините во Македонија од 2013 година до денес
(стиснете за општини)
- Карта на општините во Македонија од 2004 до 2013 година
Белешки
[уреди | уреди извор]^ Општини, вкупно 10, кои го сочинуваат Град Скопје
^ Хиерархиски административни поделбени кодови (HASC): поврзани со ISO поддржавните кодови
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952. стр. 1–7. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 21 мај 2023.
- ↑ „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955. стр. 233–240. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 14 април 2023.
- ↑ Не е спомнато во Законот од 1955 година.
- ↑ „Указ за прогласување на Законот за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Народна Република Македонија. 13 јули 1957. стр. 325–334. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 25 октомври 2023.
- ↑ „Закон за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија“ (PDF). Службен весник на Република Македонија. 16 август 2004. стр. 1–6. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 22 април 2023.
- ↑ Неспомнато во списокот во Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија (2004).
- ↑ Адресар на општините во Република Македонија[мртва врска]
Поврзано
[уреди | уреди извор]„Општини во Македонија“ на Ризницата ? |
- Административна поделба на Македонија
- Статистички региони во Република Македонија
- Список на градоначалници во Македонија
- Знамиња на општините во Македонија
- Грбови на општините во Македонија
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Министерство за локална самоуправа на Република Македонија
- Заедница на единиците на локална самоуправа на Република Македонија Архивирано на 20 февруари 2014 г.
- Државен завод за статистика на Република Македонија
- „Општини во Македонија“. Statoids. (англиски) (англиски)
|
|
|