Скачинци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Скачинци
Скачинци is located in Македонија
Скачинци
Местоположба на Скачинци во Македонија
Координати 41°36′00″N 21°48′29″E / 41.60000° N; 21.80806° E / 41.60000; 21.80806Координати: 41°36′00″N 21°48′29″E / 41.60000° N; 21.80806° E / 41.60000; 21.80806
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Градско
Област Клепа
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1420
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29068
Надм. вис. 640 м
Слава Света Троица
Скачинци на општинската карта
Скачинци во Општина Градско.svg

Атарот на Скачинци во рамките на општината
Commons-logo.svg Скачинци на Ризницата


Скачинци — село во Општина Градско, централна Македонија. Денес нема жители.[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Клепа, на десниот брег на реката Вардар, 20 км южно од Велес во јужното подножје на врвот Куен.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Скачинци е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото.[2]

Во XIX век Скачинци било македонско село во нахијата Клепа во Велешката каза на Отоманското Царство. Селската црква „Св. Троица“ е од 1870 г.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Скачанци (Scatchantzi) било село со 48 домаќинства од 226 жители Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Скаченци имало 500 жители, сите Македонци христијани.[4][6]

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Скачинци (Skatchintzi) имало 520 Македонци, сите под егзархијата.[4][7]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го посочува Скачанци (Skačanci) како македонско христијанско село.[4][8]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Скачинци е ридско село со полјоделско-сточарска функција. Преовладуваат пасиштата, а обработливото земјиште зафаќа значително помала површина.[9]

Демографија[уреди | уреди извор]

Селото е речиси иселено некаде 1960-тите, за во 1971 г. да останат само 4 лица. Во текот на 1970-тите селото било конечно напуштено, и во него се доселиле неколку албански семејства (26 лица). Во следната деценија од него се иселиле и тие жители, повторно сведувајќи се на 4 жители Албанци. Во 1990-тите сите тие го напуштиле селото, и во него се вратил еден жител Македонец.[10] Според пописот од 2002 година, Скачинци немало ниеден жител.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[11] 1905[12] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 500 520 236 173 116 4 26 4 1 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Цркви

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 2225 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Виничани. Во изборното место се опфатени населените места: Скачинци, Виничани, Грнчиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 526 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта
  • Врчва — населба од доцноантичко време
  • Долни Дабје — населба од доцноантичко време
  • Кале — градиште од доцноантичко време

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 81. ISBN 9989-649-28-6.
  3. „Парохија Градско - цркви и манастири“. Повардарска епархија. 30 јуни 2008. Посетено на 16 февруари 2014.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 180 - 181.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 158.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 118-119.
  8. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  9. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 272. ISBN 9989-862-00-1.
  10. Скачинци — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Посетено на 8 јануари 2020.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 8 јануари 2020.
  16. Фељтон: Илинденски сведоштва : од Сута Бочварова од град Титов Велес (20)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]