Прејди на содржината

Хаџи Јусуфли

Координати: 41°38′48″N 21°57′22″E / 41.64667° СГШ; 21.95611° ИГД / 41.64667; 21.95611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хаџи Јусуфли
Хаџи Јусуфли во рамките на Македонија
Хаџи Јусуфли
Местоположба на Хаџи Јусуфли во Македонија
Хаџи Јусуфли на карта

Карта

Координати 41°38′48″N 21°57′22″E / 41.64667° СГШ; 21.95611° ИГД / 41.64667; 21.95611
Регион  Вардарски
Општина  Градско
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 173 м
Хаџи Јусуфли на општинската карта

Атарот на Хаџи Јусуфли во рамките на општината
Хаџи Јусуфли на Ризницата

Хаџи Јусуфли или Хаџијусуфли[2] — историско неготинско село во Повардарието, централна Македонија, денес во Општина Градско.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на левиот брег на реката Брегалница, североисточно од с. Убого, кое се наоѓа на другиот брег.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Хаџи Јусуфли било турско село в Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Хаџи Јусуфли имало 125 жители, сите Турци.[3]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го посочува Хаџи Јусуфли (Hadži-Jusufli) како турско село.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Албанци.[5]

Хаџи Јусуфли било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Доселеници: Бејтилер (10 к.), Абдиламиџалар (6 к.), Ше-Јајалар (5 к.), Дели-Асанлар (2 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Мемед-Алилер (1 к.) доселени биле во 1921 година од селото Дорфулија во Овче Поле.[6]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Најголем број од населението е иселено во Турција.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Хаџијусуфли (Хаџи Јусуфли — GeoNames) на GeoNames
  3. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 231.
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]