Овче Поле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Овче Поле се наоѓа во Republic of Macedonia
Овче Поле
Местоположба на Овче Поле во Македонија
Глетка од јужниот дел на Овче Поле
Глетка од западниот дел на Овче Поле кај с. Горобинци.

Овче Поле или Овчеполиекотлина и област во Македонија, источно (од левата страна) од реката Вардар. Во најголем дел, Овчеполието влегува во состав на општините Свети Николе и Лозово.[1] Најголемо населено место во областа е градот Свети Николе.

Географија[уреди | уреди извор]

Ридот Богословец на јужниот раб на Овче Поле

Теренот на котлината е главно рамничарски, со благи заридести делови во северниот и средишниот дел. Низ Овчеполието минува доста фреквентниот и важен експресен пат Велес - Штип. На северозапад Овче Поле е оградено со ниската Градиштанска Планина (861 м.), а на североисток со Манговица (741 м.). Помеѓу овие две ниски планини се наоѓа превојот Караула преку кој минува регионалниот пат Свети Николе-Куманово (40 км). На југ Овче Поле е заградено од ниските ридови Богословец (755 м) и Иланџа (664 м) кои го одделуваат Овчеполието од долината и долното течение на реката Брегалница наречено Сландол. Кон исток и запад Овче Поле е отворено кон Велешката и Штипската Котлина. Во овие граници Овчеполската котлина зафаќа површина од 670 км2[2]. Најголемата должина изнесува 32 км, додека најголемата широчина по линија повлечена меѓу селата Врсаково на исток и Милино на запад изнесува 26 км[2]. Најниската точка се наоѓа во рамнината на котлинското дно кај селото Делисинци и изнесува 231 метар[2]. Гледано во целина, во Овче Поле се издвојуваат три засебни географски предели, „поле“ односно алувијалната рамина со просечна височина околу 260 м, ридестиот предел наречен „баири“ и рабовите по границите на котлината кој се нарекува „планина“[2].

Централно и најголемо населено место во Овче Поле е градот Свети Николе.

Овчеполската Котлина се одликува со топли лета, со умерено ладни зими, со повремени екстремно ниски и високи температури, зголемено екстремно температурно колебање и со потопла есен од пролет.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Овче Поле е земјоделски развиена котлина и е втора по големина житница во Македонија, веднаш по Пелагонија. Од житните култури покрај пченицата најмногу се одгледува и јачмен, ’рж, овес, просо и пченка (во помали количини). Голема е застапанеоста на индустриските култури како што се сончогледот (Овче Поле е еден од најголемите производители на сончоглед), луцерката, детелината и крмната пченка поради тоа што сточарството во Овчеполието е многу развиено. Порано во голема мера се одгледувале и памук, афион, коноп и лен. Покрај полјоделството, во Овче Поле многу развиено е и сточарството. Преку зимскиот период голем број на стада овци презимуваат во Овче Поле, а населението одгледува и крави, волови , бикови и друг вид на крупен добиток, кој во посиромашните села се користи и за обработка (орање) на земјиштето. Во Овче Поле исто така е застапено и живинарството.

Според истражувања вршени во педесетите години на ХХ век, кои се актуелизирани и денес во средишниот дел на котлината се пронајдени извори на нафта и земен гас. Истражувањата треба да утврдат дали има доволна количина на залихи на нафта и природен гас, за да може тие да се експлоатираат.

Од индустријата во Овче Поле најразвиена е прехрамбената. На територијата на Овче Поле постојат голем број на приватни рафинерии за масло за јадење (поради големите површини засеани со сончоглед), млекарници, месната индустрика МИК од Свети Николе, а работат и повеќе земјоделски стопанства кои денес се приватизирани од некогашните гиганти ЗИК „Овче Поле“ и „Џумајлија“.

Население[уреди | уреди извор]

На територијата на Овче Поле живеат 21.355 жители, а нивната национална структура е следнава:

  • Македонци 20.749 (97,16%)
  • Власи 360 (1,69%)
  • Срби 98 (0,46%)
  • Роми 72 (0,34%)
  • Бошњаци 35 (0,16%)
  • останати 41 (0,19%)

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на Овче Поле, се претпоставува дека потекнува поради големиот број на стада со овци кои тука се одгледувани од населението и кои презимуваат во котлината во зимскиот период. Иако името е добиено далеку во минатото, тоа и денес не го загубило своето основно значење бидејќи во Овче Поле сѐ уште се одгледуваат и презимуваат голем број на стада овци.

Етнологија[уреди | уреди извор]

Жени од Овче Поле во народни носии

Овче Поле е посебна етногеографска целина во Македонија. Познати се машката и женската носија од Овче Поле, а позната е и влашката носија од овчеполските села. Во Овчеполието се познати и посебната архитектура на куќите, изработката на ќилимите (познатите ткаени ќилими од с. Делисинци, кои ги има во Музејот на Македонија), а задржани се и многу обичаи кои се и екранизирани. Најпознати се обичаите за Бадник и Божик, при орање и сеење на жито итн. Од Овче Поле се собрани и голем број на народни приказни, песни, легенди и преданија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ecological Society Izgrev (18 септември 2008). „Ecological Society Izgrev“. Ecological Society Izgrev. http://www.edi.org.mk/local-comunity.htm. посет. 18 септември 2008 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Ф. Јован. „Овчеполска котлина“. Зборник, насеља и порекло становништва, 1961, стр. 586

Надворешни врски[уреди | уреди извор]