Македонски Бошњаци
Подрачја со значајно население | |
---|---|
Град Скопје | 7,585[1] |
Општина Велес | 2,406[1] |
Општина Долнени | 2,380[1] |
Општина Студеничани | 1,662[1] |
Општина Петровец | 1,442[1] |
Јазици | |
Бошњачки јазик, Македонски јазик | |
Вероисповед | |
Ислам | |
Сродни народи | |
Косовски Бошњаци, Српски Бошњаци |
Македонски Бошњаци — уставно признато малцинство во Македонија. Според пописот во 2002 година на територијата на Македонија живеат околу 17.018 Бошњаци или околу 0,84% од вкупното население во државата[1]. Од политичка гледна точка, Бошњаците имаат свои политички партии кои се нарекуваат Демократска лига на Бошњаците и Партија за демокрaтска акција, додека пак од културна гледна точка традиционално се одржуваат Бошњачките средби.
Со измена на законот за празниците на Република Македонија, на 8 февруари 2007 година во Собранието на Р Македонија, 28. Септември (Денот кога претставниците на Бошњачкиот народ на вториот бошњачки сабор во Сараево го вратија своето национално име Бошњак) е прогласен за Меѓународен ден на Бошњаците како празник за припадниците на бошњачката заедница во Р Македонија. Овој ден е неработен ден за Бошњаците во Р Македонија.
Историја
[уреди | уреди извор]Бошњаците се релативно доцна доселени на територијата на Република Македонија. Првите населувања на Бошњаци од Босна и Херцеговина се забележуваат после Големата источна криза и анкесијата на Босна од страна на Австроунгарија во 1875-1878 година. Во овој период огромен број на муслимански бегалци (Бошњаци, Турци, Черкези) бил населен во Македонија. По Балканските војни речиси сите доселени муслимани се иселиле во Турција.
Денешните Бошњаци во Република Македонија се населени во 50-тите и 60-тите години на XX век од областа Санџак во Србија и Црна Гора, претежно од местата Тутин, Рожае, Плав, Гусиње и Нови Пазар, поради што овие луѓе се познати и под името Санџаклии. Тргнувајќи на пат за иселување во Турција,според договорот меѓу Турција и Југославија од 50-тите години на XX век со кој муслиманите од Југославија единствено можеле да се иселуваат во Турција преку Македонија, голем број на Бошњаци од Санџак (заедно со Албанци од Косово) остануваат и се населуваат во испразнетите турски и торбешки села во Македонија, најчесто купувајќи ги имотите на Турците и Торбешите кои се иселувале за евтини пари. На тој начин се населиле Бошњаците во селата Батинци, Средно Коњари (Скопско) и Горно Оризари (Велешко) кои претходно биле населени со Турци. Денес компактни цели на Бошњаци во Македонија живеат во Скопското Поле, областа Торбешија (Скопско), северозападниот дел на Прилепското Поле и долниот тек на реките Бабуна и Тополка во Велешко.
По вероисповед, Македонските Бошњаци се муслимани.
Населени места
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2002 година, петте најмногубројни општини со Бошњаци се:
Општина | население на општината |
Бошњаци |
---|---|---|
Град Скопје | 467.257 | 6.465 |
Општина Велес | 57.602 | 2.406 |
Општина Студеничани | 17.246 | 1.662 |
Општина Долнени | 11.583 | 1.633 |
Општина Петровец | 8.255 | 1.442 |
Присутност на Бошњаците по населени места, според пописните резултати од 2002 година:
Населено место | Вкупно | Бошњаци |
---|---|---|
Град Скопје | 467 257 | 5.301 |
Горно Оризари | 2.262 | 2.032 |
Батинци | 5.364 | 1.660 |
Лажани | 1.846 | 1.076 |
Љубин | 2.044 | 914 |
Десово | 1.026 | 566 |
Житоше | 1.807 | 604 |
Долно Коњари | 734 | 527 |
Средно Коњари | 1.140 | 402 |
Црквино | 363 | 336 |
Ќојлија | 400 | 215 |
Градско | 2.219 | 215 |
Водоврати | 379 | 192 |
Зелениково | 1.906 | 190 |
Тетово | 52.915 | 156 |
Локвени | 178 | 143 |
’Ржаничино | 855 | 137 |
Петровец | 2.659 | 118 |
Борино | 441 | 86 |
Сарај | 5.232 | 78 |
Канатларци | 972 | 69 |
Виничани | 569 | 58 |
Отиштино | 59 | 53 |
Јакреново | 212 | 51 |
Гостивар | 35.847 | 34 |
Познати Македонски Бошњаци
[уреди | уреди извор]- Зеќир Рамчиловиќ - историчар, универзитетски професор, пратеник и потпреседател на Собрание
- Сафет Бишевац — новинар.
- Елвир Куртановиќ — каратист, освои златен медал на Европското младинско првенство во карате 1994 г. во Кардиф и тогаш за првпат официјално е интонирна македонската химна во странство.
- Адем Мекиќ — кошаркар и македонски репрезентативец.
- Елвир Мекиќ — пејач.
- Неџат Мемиќ — новинар.
- Рафет Муминовиќ — поранешен пратеник во Собранието на Македонија од ДЛБ.
- Ферид Мухиќ — филозоф и професор.
- Маја Мухиќ — поранешен портпарол и универзитетски професор.
- Алмира Папиќ — новинарка во МТВ.
- Елвира Рахиќ — пејачка со потекло од Лажани.
- Дамир Хаџиќ — светски младински првак во кајак на диви води 3xC1
- Фехим Хусковиќ — академски сликар и графичар
- Хидо Туркоглу — турски кошаркар со бошњачко потекло од Лажани, Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Попис на населението во Македонија од 2001 година“. Архивирано од изворникот на 2004-06-21. Посетено на 2010-04-02.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Првото училиште во Македонија на босански јазик Архивирано на 26 март 2010 г. (бошњачки)
- Дали се Босанците заборавени?[мртва врска] (бошњачки)
|
|