Велешка Котлина
Велешка Котлина — мала котлина во Повардарието, како склоп од сливните подрачја во речните ерозивни проширувања на Бабуна и Тополка и непосредното проширување по реката Вардар меѓу Таорската и Велешката Клисура.
Ограничена е со водоразделната линија, која води по планините: Клепа, Бабуна, Јакупица и Голешница од западната и разграноците од Градиштанска Планина и ридовите кон Овче Поле од источната страна на Вардар.
Клисурата зафаќа површина од 1.166 км2[1]. Поголемиот дел од просторот е ридесто и планинско земјиште со околу 25 км2 рамничарски простор, претежно висок од 100 до 200 м.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Група автори (2016). „Велешка Котлина“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 130. ISBN 978-9989-110-90-0.
Координати: 41°43′0″N 21°46′0″E / 41.71667° СГШ; 21.76667° ИГД