РК Овче Поле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
РК Овче Поле
RK Ovče Pole

Основан1957
ИгралиштеЦар Самоил, Свети Николе
Приемност2,500
Главен тренерИван Митев
ЛигаВИП Супер Лига
2010-117-ми
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински

Ракометен клуб Овче Полеракометен клуб од Македонија со седиште во Свети Николе.

Ракометниот клуб Овче Поле бил формиран во 1954 година, но тогаш само формално бидејки се уште не бил регистриран како клуб. Во 1955 година за прв пат во Свети Николе имало регистриран ракометен клуб. Во тој период ракометниот клуб го носел името „Партизан Св.Николе“ и се натпреварувал во Штипската зона. Тоа било период кога ракометниот клуб Партизан Св.Николе играл само една година во „Штипската зона“. Играчите што играле за ракометниот клуб Партизан Св.Николе биле од Свети Николе.

Откако почнал да се натпреварува ракометниот клуб Партизан од Св.Николе во Штипската зона веднаш по само една година натпреварување изборил пласман во повисока и поквалитетна лига. Во таа лига каде што се натпреварувал ракометниот клуб Партизан Св.Николе се натпреварувале и екипите на: Вардар од Неготино, Партизан од Кавадарци, Партизан од Гевгелија, Борец од Велес и Пелагонија.

Во оваа лига ракометниот клуб Партизан Овче Поле се натпреварувал 10 години. Кога влегол ракометниот клуб Партизан Св.Николе во оваа лига земал и неколку засилувања меѓу кои имало и двајца офицери од Штип, а тоа биле Спасе и Радмило. Тогаш земале и еден професор по физичко како засилување, а тој понатаму продолжил да игра во многу посилни екипи, тоа бил професорот Цимбо Цимбаев. Во 1961 година ракометниот клуб Партизан Св.Николе бил преименуван во „Овче Поле“. Во тој период од 1961 до 1974 година ракометниот клуб Овче Поле ја имал најдобрата екипа на сите времиња во клубот. А во таа екипа тогаш настапувале:

Од самиот почеток на ракометниот клуб односно од неговото формирање до 1974 година за прв и долгогодишен претседател бил Миле Панев.

Најголем успех на ракометниот клуб Овче Поле било играњето две сезони во Југословенската лига односно од 1988 до 1990 година. Најдобар пласман на РК Овче Поле било 4-то место во втората југословенска лига. Во втората Југословенска лига учествувале само три екипи од Македонија: Вардар, Прилеп и Овче Поле. РК Овче Поле освоил трофеи на неколку турнири, а од тие турнири се издвојуваат турнирите во: Врање, Пирот, Куманово и Штип.

Познатиот ракометар и репрезентативец Кирил Лазаров ја започнал својата кариера во овој клуб.

Извори[уреди | уреди извор]