Кавадарци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кавадарци
Мост на реката Луда Мара

Мост на реката Луда Мара
Знаме на Кавадарци
Грб на Кавадарци
Mестоположба
Mестоположба на Кавадарци
Кавадарци на картата на Македонија

Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Кавадарци
Поштенски бр.: 1430
Повикувачки бр.: (+389) 043
Автомобилска ознака: KA
Портал: kavadarci.gov.mk
Историја
Управа
Земја: Flag of Macedonia.svg Македонија
Регион: Logo of Vardar Region.svg Вардарски регион
Општина: Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Општина Кавадарци
Градоначалник: Александар Панов
Географија
Надм. височ.: 230 м
Население
Население: 37.189[1]
Образование:
-високо: Универзитет Св. Кирил и Методиј и Универзитет Гоце Делчев - дисперзирани студии
-средно: СОУ „Киро Спанџов - Брко“ ,СОЗШУ „Ѓорче Петров“ ,СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
-основно: Тоде Хаџи Тефов, Димката Ангелов Габерот, Страшо Пинџур, Тошо Велков-Пепето и Гоце Делчев.


Кавадарциград во југоисточниот дел на Повардарието кој претставува центар на Тиквешијата. Градот лежи на надморска височина помеѓу 230 и 270 метри.

Историја на Кавадарци[уреди | уреди извор]

Кавадарци во периодот меѓу двете светски војни
Споменик во Кавадарци посветен на жртвите од Тиквешкото востание

Населбата Кавадарци првпат е спомената во турски документи од 1823 година. Во документот Кавадарци е спомнат како мала населба („касаба“) со околу 2.000 жители во крајниот источен дел на тогашниот Битолски вилает. Во својот напис целосно посветен за Тиквеш насловен како „Љубљано-Пеонија“, објавен во „Цариградски Весник“ на 12 февруари 1855 година, македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот запишал дека село Кавадарци (Говедарци) има една голема и красна црква и едно мало училиште, три мошеи (џамии), еден часовник (сахат), една стара висока кула (столп) каде што седат ајан и кадија[2]. Ова укажува дека уште кон средината на XIX век Кавадарци бил средишно (централно) место на целата тиквешка област каде што биле сместени судот (кадијата) и управните власти. Како град Кавадарци почнува да се развива во почетокот на XIX век, меѓутоа во околината се наоѓаат археолошки ископини што укажуваат дека овде постоела населба уште во античко време и во средниот век. Како сведоци од средниот век се многуте прекрасни средновековни цркви и манастири во околината особено околу пештерите на бреговите на Тиквешкото Езеро.

Географија[уреди | уреди извор]

Спомен костурницата во Кавадарци

Градот се наоѓа во средишниот дел на котлината и областа Тиквеш и претставува нејзино централно место. Од Скопје Кавадарци е оддалечен 105 км, најблизок град е Неготино оддалечено 10 км, а преку магистрален пат Кавадарци е поврзано со Прилеп (51 км) кој продолжува кон Битола, Ресен и Охрид. Градот Кавадарци е распослан на двата брега на реката Луда Мара на надморска височина од 230 до 270 метри.

Општината Кавадарци зафаќа површина од 992,44 км квадратни и има 39,04 жители на км2 густина на населеност. Во состав на општината влегуваат приградските населби Глишиќ и Ваташа и 38 села: Бегниште, Бојанчиште, Бохула, Брушани, Бунарче, Возарци, Галиште, Гарниково, , Горна Бошава, Грбовец, Дабниште, Добротино, Долна Бошава, Драгожел, Драдња, Дреново, Кесендре, Клиново, Конопиште, Кошани, Крњево, Куманичево, Мајден, Марена, Мрежичко, Праведник, Р'жаново, Радња, Раец, Ресава, Рожден, Сопот, Страгово, Фариш, Чемерско, Шешково и Шивец.

Спомен костурница (Кавадарци)[уреди | уреди извор]

Спомен костурницата во Кавадарци претставува монументален споменик кој симболизира стара македонска куќа која претставува вечен дом на паднатите борци. Во неа се сместени посмртните останки на загинатите борци од Кавадарци, жртви на фашистичкиот терор од НОВ во периодот од 1941-1945 година, кои се наоѓале во непосредна близина на Кавадарци. Во нејзината внатрешност на гранитни плочи се испишани нивните имињата. Спомен костурницата е изработена од бетон. Откриена е на 7 септември 1976 година. Таа е дело на професорот на Архитектонскиот факултет од Скопје, Петар Муличковски.

Објектот се наоѓа на надморска височина од 305 метри и од таму се гледа панорамата на Кавадарци и на Тиквешијата. Таа претставува стилизирана македонска куќа оградена со бетонски ѕидови со дебелина од 3 метри. Долниот заграден дел го претставува внатрешниот двор на куќата кој продолжува во надворешен двор во форма на амфитеатар. Во долниот дел се влегува преку две железни врати (јужна и северна) на кои се претставени гроздови. Тие водат во отворениот дел на костурницата каде е сместена галеријата на хероите. Порано ѕидовите биле празни и во нив биле сместени моштите на загинатите, но во последните неколку години нивните ковчежиња за да се заштитат се преместени во градскиот музеј. Тука се наоѓаат дваесетина формирани мермерни плочи на кои се испишани повеќе од триста имиња, поточно 328 имиња на борци кои се загинати во НОВ. Потоа преку скалила во средината на објектот кои спирално водат нагоре, се влегува во затворениот дел со висина од 12 метри, кој претставува стилизирана македонска куќа со инспирација од охридска куќа. Овој затворен дел е поделен на два ката кои асоцираат на чардаци во чии ѕидови има отвори кои ги симболизираат прозорците.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението во градот, а воопшто и во целиот регион најмногу се занимава со лозарство. Најзначајни стопански објекти се Винарската визба „Тиквеш“, Металуршкиот комбинат за фероникел „ФЕНИ“, индустријата за градежни материјали и челични конструкции „ИГМ“, тутунскиот комбинат „Алајанс Уан Македонија АД“, фабриката „Металекс“, а во поново време во огромен подем се и многуте приватни винарии и винарски визби како што се „Чекоров“, „Попов“ и др. Во најново време стопанството во Кавадарци бележи поголем подем со изградбата и отворањето на германската фабрика за делови во автомобилската индустрија „Дрекслмаер“ во која треба да се вработат 4 илјади работници.

Население[уреди | уреди извор]

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 29.188 жители и спаѓал во групата на средни градови.[3] Етнички гледано, населението е составено од:[4]

Етнички групи[4]
Македонци
  
97.14%
Роми
  
1.26%
Срби
  
0.54%
Турци
  
0.52%
други
  
0.44%
Власи
  
0.08%
Албанци
  
0.01%
Бошњаци
  
0.01%
народ вкупен број % од вкупното население
Македонци 28.354 97,14
Албанци 2 0,01
Турци 151 0,52
Роми 368 1,26
Власи 22 0,08
Срби 159 0,54
Бошњаци 4 0,01
други 128 0,44
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[4]:

Јазици[4]
македонски
  
98.83%
ромски
  
0.44%
српски
  
0.34%
други
  
0.24%
турски
  
0.12%
влашки
  
0.03%
бошњачки
  
0.01%
јазик вкупен број % од вкупното население
македонски 28.847 98,83
турски 34 0,12
ромски 128 0,44
влашки 10 0,03
српски 98 0,342
бошњачки 1 0,01
други 70 0,24
Вероисповед

Во Кавадарци се застапени следните религиски групи[4]:

Религија[4]
православие
  
96.65%
ислам
  
2.66%
други
  
0.60%
католицизам
  
0.08%
протестантство
  
0.01%
религија вкупен број % од вкупното население
православни 28.210 96,65
муслимани 776 2,66
католици 24 0,08
протестанти 3 0,01
други 175 0,60

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Кавадарци:

Население низ историјата
Година Жители  %±
1948 6,228 —    
1953 7,550 +21,2%
1961 11,409 +51,1%
1971 18,170 +59,3%
1981 24,556 +35,1%
1991 28,625 +16,6%
1994 28,288 −1,2%
2002 29,188 +3,2%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 6.228
1953 6.809 6 493 35 0 108 99 7.550
1961 10.634 5 421 197 152 11.409
1971 17.136 31 459 52 285 207 18.170
1981 23.271 24 387 145 3 276 450 24.556
1991 27.420 0 110 501 6 275 313 28.625
1994 27.388 1 176 358 17 235 113 28.288
2002 28.354 2 151 368 22 159 4 128 29.188

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Спорт[уреди | уреди извор]

  • Фудбалски клуб ГФК Тиквеш
  • Кошаркарски клуб Фени Индустри
  • Карате клуб - КОЖУВ Кавадарци
  • Стрелечко спортско друштво Кавадарци

Навивачка група Лозари исток[уреди | уреди извор]

Навивачката група „Лозари“ е оформена во 1991 година. Името е добиено врз основа на тоа што Кавадарци е познат по лозарството па така групата е именувана како „Лозари исток". Моментално групата ја сочинуваат 3 подгрупи (Ултра кру, Ултра дринкинг и Бригада 12). Членството на групата во последните 3 години варира помеѓу 200 до 400 активни членови. Организацијата на групата ја прават членови на погоре наведените подгрупи кои имаат свои претставници кои даваат идеи и одлучуваат за тоа како групата ќе делува.

Навивачката група Лозари исток е во пријателски односи со Чкембарите. Ова пријателство датира негде од 1999/2000 година.

Религија и култура[уреди | уреди извор]

Цркви[5]
Културни манифестации
  • Тиквешки гроздобер е манифестација која му дава посебен белег на градот и се поклопува со одбележување на денот на ослободувањето на Кавадарци 7-ми Септември и се одржува секоја година во септември во почетокот на втората недела. Настанот симболично започнува со откинување на грозд од страна на градоначалникот на Кавадарци.
  • Т'к - Так Фест е рок фестивал кој се организира во чест на прерано починатата македонската рок легенда Трајко Каров. Фестивалот за првпат е одржан во 2011 година, а настапуваат македонски рок бендови. Досега учество зеле Суперхикс, Визија, Ареа, Токму Така, Автограм, Триангл и многу други.
  • „Дедо цепе борина“ - фестивал на вицовите и шегата кој се одржува за време на бадниковата вечер на градскиот плоштад и на кој се избираат три најдобри шеги.
Археолошки локалитети[8]

Личности[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. За Кавадарци - Официјална веб страница на општина Кавадарци
  2. Хаџи Константинов, Јордан - Џинот. Избрани страници - приредил Блаже Конески - Скопје, Мисла, 1987 год. стр.69
  3. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (II доп. издание). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7. http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/567_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B3%D0%B5%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0,%202016.pdf. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf. конс. 29 март 2016 г. 
  5. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  6. Кавадарци наскоро ќе добие нов христијански храм
  7. Нов храм за заштитничката на Кавадарци, Света Петка! (видео)
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]