’Ржаново (Кавадаречко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
’Ржаново
Поглед кон рудникот 'Ржаново.jpg

Поглед на истоимениот рудник

’Ржаново is located in Македонија
’Ржаново
Местоположба на ’Ржаново во Македонија
Координати 41°10′10″N 21°59′30″E / 41.16944° СГШ; 21.99167° ИГД / 41.16944; 21.99167Координати: 41°10′10″N 21°59′30″E / 41.16944° СГШ; 21.99167° ИГД / 41.16944; 21.99167
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Мариово
Население 0[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Надм. вис. 990 м
’Ржаново на општинската карта
’Ржаново во Општина Кавадарци.svg

Атарот на ’Ржаново во рамките на општината
Commons-logo.svg ’Ржаново на Ризницата


’Ржаново — раселено село во Општина Кавадарци, во областа Мариово, во околината на градот Кавадарци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Дел од преостанатите бараки околу денешниот ’Ржановски манастир

Селото се наоѓа во високиот јужен дел од Општина Кавадарци, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 990 метри.[2]

За селото не била водена посебна катастарска евиденција.[2]

Во атарот на селото на самиот пат Мрежичко-Мајден се наоѓала голема рударска населба со бараки, од која денес се останати само остатоци, како и ’Ржановскиот манастир.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, ’Ржаново било дел од нахија Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во рамките на атарот на селото се наоѓа истоимениот рудник, од кој до 2013 година се ископувала руда за потребите на комбинатот „Фени“ од Кавадарци.

Население[уреди | уреди извор]

Селото е мало и во фаза на наполно раселување. Тоа во 1971 година броело 20 жители, а во 1994 година само двајца жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото ’Ржаново немало жители.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 77 [6] [6] 20 9 7 2 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Главната манастирска црква „Св. Петар“ на ’Ржановскиот манастир во рударската населба

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборно место бр. 0712 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Мајден, ’Ржаново и Рожден, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[8]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 45 гласачи.[9] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 43 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[3]
Манастири
Реки[11]
Ендемски видови

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 11 декември 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 259. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 11 декември 2017 г. 
  3. 3,0 3,1 Дарудова, Светлана. „ОД НАСЕЛБА СО 800 РУДАРИ ОСТАНАА САМО УРНАТИНИ И ПРИКАЗНИТЕ“, „Дневник“, 5 август 2014.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. 6,0 6,1 Податоците од населените места Мајден и ’Ржаново, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Рожден.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. „Описи на ИМ“. конс. 11 декември 2017. 
  9. „Локални избори 2017“. конс. 11 декември 2017. 
  10. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  11. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 35. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]