Никола Минчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Минчев
Претседател на Собранието
На должноста
23 септември 1968 – 6 мај 1969
Претходник Мито Хаџивасилев - Јасмин
Наследник Благоја Талески
Лични податоци
Роден(а) 2 ноември 1915
Кавадарци, Кралство Србија
Починал(а) 6 април 1997(1997-04-06) (возр. 81)
Скопје, Македонија

Никола Минчев (2 ноември 1915 - 6 април 1997), македонски комунист, политичар и учесник во НОВ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Основното образование го добил во Кавадарци, а Учителска школа завршил во Скопје пред Втората светска војна. Учителствува во неколку села во Македонија, во времето на Кралство Југославија. Пред самата Втора светска војна, од 1940 година, бил учител во скопското село Љубанци.

Во НОВ се вклучува во 1941 година и станува член на КПЈ во 1943 година. Во текот на војната бил член на Месниот комитет на КПЈ за Кавадарци, командант на партизанскиот одред „Добри Даскалов“ и командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Избран е за член на Второто заседание на АВНОЈ и на Првото заседание на АСНОМ.

Кралот на Белгија, Бодуен, и Никола Минчев вршат смотра на почесниот баталјон, 20 јули 1973 година

По ослободувањето вршел низа раководни функции. Тој е прв министер за просвета во Владата на НР Македонија (1945-1948), а потоа е потпретседател на Владата (1948-1951) и министер за финансии (1951). Бил член во парламентите на Македонија и Југославија, министер во Сојузната влада на Југославија (1958-1962), претседател на македонската Влада (1965-1968) и на Народното собрание на Македонија (23 септември 1968 - 6 мај 1974)[1] во времето кога се создава Уставот од 1974 година во чие создавање и донесување најактивно учествувал. До 1983 година е член на Советот на Федерацијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Биографија на Собранието на Република Македонија
Политички функции
Претходник
Мито Хаџивасилев
Претседател на Собранието на Македонија
1968-1974
Наследник
Благоја Талески