Првата влада на Македонија, од 16 април 1946. Негативот се чува во Државниот архив на Република Македонија, подарок од Лазар Колишевски.
Владата на Македонија од 1945 е првата влада на македонската република во составот на ново-формираната југословенска федерација. Избрана е на 16 април1945 година, на Третото заседание на АСНОМ. Со нејзиното формирање, таа ги презема извршните ингеренции на дотогашниот Президиум на АСНОМ и неговите поверенства. Основна преокупација на извршната власт е политичката, стопанската и образовно-културната обнова и изградба на НР/СР Македонија. Во тој процес доминантна раководна улога има Комунистичката партија на Македонија (КПМ), подоцна Сојуз на комунистите на Македонија (СКМ), помогната од страна на масовните организации (Народниот фронт, подоцна ССРНМ, синдикалната и младинската организација, АФЖ и др.).
Пред да ја составам листата на нашата влада разменив мисли со многу другари и членови на фронтот. Така, разменуваќи ги мислите со ним најдов, дека тие другари наполно ќе одговорат во составот кој денеска го вигјате пред нас. Гледав да во новата влада бидат застапени по возможност сите малцинства и како што гледате се застапени. Втор потпредседател на владата е Турчин, Абдурахман Ахмедов, како министер за социјална политика Неджат Аголи, албанец, како представител на албанското малцинство. Во владата влезе и др. Попадич. Тој не само што е Србин, туку е и активен борец во нашите партизански одреди и веќе десет години живее во Македонија, така да е наполно запознаен со битот и животот на нашиот народ.
“
„
Политиката на правителството ќе биде насочена и кон тоба да можат да се приобштат кон новата власт сите тие елементи до сега стоеле на страна и не зеле участие во изградуенјето и поддршката на нашата власт. При тоа требе да се има вид дека ние нема да правиме никакви отстапки и никаков компромис на штета на широките народни маси, кои стварно дадоа во таа борба и денес проливат крвта за ослободување на нашата широка татковина Југославија и за слобода на Македонија.
Во светлината на тоа Правителство новото положение на Македонија, на слободна Македонија, точно е и добро поставено и добро разбрано и никој не може сега да си прави илузија дека ќе се направи нешто да го промени патот на тоа историско тркало. Становиштето и фундаментот на који Македонија е поставена се тврди и силни, уште повеќе зашто Македонското прашанје не е веќе Македонско, а може и јужнословенско. Македонското прашанје е сигурно решено и во сигурни раце и сите опити на тие реакционерни клики, кои се истоветни и при нас и пи ним таму, кои со ништо не се отличават, кои прават сојуз и со гјаволот само за нивните часни интереси, за нимните пари, тие се клики кои се разбијат исто онака као секој историјски догагјај од новото време (Долу со нив!).
Нашето право на слободно национално саштествувнје е признато од сите слободолјубиви народи. Ние имаме нашата власт во Федеративна Југославија под водачество на Маршал Тито и таја власт е призната од сите слободолјубиви народи. Во таја нова Федеративна Југославија ние сме дел, ние сме неотклона част и ние сме признати како народ кој има право на слободно национално саштествуванје. Има крагови кои се заинтересовани затова да продолжи оноа старо положение кое саштествуваше порано, имено да Македонија биде поробена и да македонскиот народ не се признае како отделна југословенска нација. Тука преднјачат разни турски прикрити фашисти реакционери, грчки монархисти и прикрити фашисти кои зајавуат дека нема македонија, дека македонското прашанје не саштествува, дека она е решено преди триесе и неколку години.
Реконструкција на владата од февруари 1946 година[уреди | уреди извор]
На 11 и 12 февруари1946 година е извршена реконструкција на владата.[2] Промени настанаа во четири министерства, за финансии, внатрешни работи, градежништво и индустрија и рударство, воведена е Контролна комисија при Народната влада на НРМ и извршена е ротација на неколку министри. Од составот на владата излегува Страхил Гигов, а нови министри стануваат Цветко Узуновски и Даре Џамбаз.
Промените до кои дојде се следните:
Љупчо Арсов ја задржува функцијата прв потпретседател на владата, но наместо министер за финансии станува претседател на Контролната комисија при Народната влада на НРМ.
Даре Џамбаз станува министер за финансии, на местото на Љупчо Арсов.