Љупчо Арсов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Љупчо Арсов
Љупчо Арсов
Љупчо Арсов
Роден на 19 мај 1910
Роден во Штип, Македонија
Починал на 18 ноември 1986 (76 г.)
Починал во Скопје, СР Македонија,
СФРЈ
Професија економист

Член на КПЈ од 1940
Учество во војни Народно-ослободителна борба

Функција Претседател на претседателството
на СР Македонија
Мандат 1979 - 1982
Претходник Видое Смилевски
Наследник Ангел Чемерски
Народен херој од 29 ноември 1953

Љупчо Арсов (9 мај 1910 во Штип - 18 ноември 1986 во Скопје) — македонски партизан од НОБ и Претседател на СР Македонија. Прогласен е за Народен херој на Југославија и Херој на социјалистичкиот труд. Носител е и на Партизанска споменица 1941.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Арсов е роден во Штип на 9 мај 1910 година. По завршувањето на основното училиште во родниот град, тој заминал за Загреб, каде во 1932 година ја завршил комерцијалната и економска школа. Напоредно со задолжителните предмети тој изучувал и општествено-политички теми и читал напредна литература. По завршувањето на економската школа, тој заминал за Белград, каде службувал извесен период во Државната хипотекарна банка. Потоа заминал во Ваљево, каде ја вршел истата служба. Уште од студентските денови се вклучил во напредното младинско движење. Бил член на Комунистичката партија на Југославија од јуни 1940 г.[2]

По окупацијата во 1941 година се вратил во Македонија. Во почетокот работел во својот роден град Штип, а подоцна добил задача да се префрли ви Битола, каде комунистичката организација била мошне јака. Тој работел на формирање на воен штаб, собирање на луѓе и оружје за партизански одреди се со цел започнување на оружена борба против окупаторот. Во јули 1942 година бил уапсен и интерниран во Бугарија. По излегувањето од затвор во март 1943 година, Арсов продолжил со својата партиско-политичка работа. Во тој период во посета на Македонија дошол Темпо, кој знаејќи ја добро ситуацијата во Македонија, сакал да се запознае на лице место. Во тој период во Штип настанале неколку провали, од кои најтешка била разбивањето на партизанскиот одред Гоце Делчев. На предлог на Темпо, тој станал секретар на Окружниот комитет на КПЈ за Македонија во Штип. За кратко време, Арсов успеал да го зајакне разбиениот одред, успеал да иададе една публикација под наслов „Народен Глас“ и постигнал други значајни успеси. Во јули 1943 година, во моментот кога Окружниот комитет на партијата одржувал состанок во една куќа, окупациската полиција успеала да дозне за тајната и ја окупирала куќата. По битката со сторина полицајци, неколку членови на комитетот биле убиени, меѓу кој и народниот херој Славчо Стојменски. Арсов успеал да го пробие полицискиот обрач, се спасил, но веќе било невозможно да дејствува во Штип. Подоцна тој бил пратен во Скопје. Како член на Обласниот комитет на КПМ во Скопје бил именуван за комесар на Првата оперативна зона. Дејствувал на Скопска Црна Гора и Козјак. Од Скопска Црна Гора се префрлил во Врањскиот партизански одред, па со една чета од тој одред се вратил назад со цел да ја присоедини со кумановскиот одред. Во декември 1943 година се вратил во Скопје, каде бил избран за член на ОК на КПМ и секретар на месниот комитет. Од август 1944 година станал член на ЦК КПМ. Учествувал на Првото заседание на АСНОМ на кое бил избран за секретар на Президиумот на АСНОМ.[3]

Повоена кариера[уреди | уреди извор]

По војната вршел повеќе раководни републички и сојузни функции. Прво бил потпретседател и министер за финансии во Првата влада на НР Македонија. Потоа, од јануари 1948 до декември 1953 година бил министер за труд во сојузната влада на Југославија. Од 1953 до 1960 бил Претседател на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија (функција рамна на премиерска) со едногодишен мандат. Бил член на Сојузниот извршен совет од 1960 до 1962 година Од 26 јуни 1962 до 24 јуни 1963 година бил претседател на Народното собрание на Македонија, а од 1963 - 1967 година бил претседател на Републичкиот комитет на Сојузот на социјалистичкиот работен народ на Македонија. Во истиот тој период одново бил претседател на Извршниот совет на Собранието на Македонија. Од 1967 до 1971 година бил потпретседател на Сојузната конференција на ССРНЈ, член на Советот на југословенската федерација, додека во периодот од 1979 година бил член на Претседателството на СРМ, а бил и негов претседател.

До 1974 година Арсов бил избран во сите свикувања на Собранието на СРМ и во Сојузното собрание.

Трагично загинал во Скопје на 18 ноември 1986 година. Погребан е во Алејата на великаните на гробиштата Бутел во Скопје.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коробар, Перо (1987). Сеќавање на современиците (Едиција Македонска книжевност издание). Наша Книга. 
  2. Штип и штипско народноослободителната војна 1941-1945: прилози од научниот собир одржан на 17, 18 i 19 мај 1990 во Штип, Буч 3, Димче Беловски, Матица Македонска, 2000
  3. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973