Скопска Црна Гора

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Скопска Црна Гора
Skopska Crna Gora-MKD.JPG
Поглед на Скопска Црна Гора од југ
Надм. вис. 1.651 м 
Местоположба
Скопска Црна Гора се наоѓа во Македонија
Скопска Црна Гора
Скопска Црна Гора на карта на Македонија
Координати 42°11′24″ СГШ 21°26′24″ ИГД / 

Скопска Црна Гора — средновисока планина во северна Македонија. Се издига помеѓу: Скопската Котлина од југ, Кумановската Котлина од исток, Гњиланската од север (во Косово) и долината на река Лепенец од запад. Планината се протега во правец ЈЗ-СИ, со највисок врв Рамно (1.651 м). Останати повисоки врвови се Соколовец и Душановец. Настаната е со раседнување. Составена е од кристалести шкрилци и еруптивни карпи, преку кои лежат мезозојски карпи и терциерни седименти. Со долината на Липковска Река поделена е на два дела: западен-повисок и источен понизок познат под името Карадаг. На Скопска Црна Гора се наоѓаат изворишта на поголем број речни текови.Целиот крај околу планината понекогаш се вика Црногорија и е многу богат со цркви и манастири на пример манастирите Матејче и Свети Ѓорѓи на источната страна и манастирите Свети Архангел и Света Богородица на западната страна.[1]

Птекло на името[уреди | уреди извор]

Не е познат периодот од кога оваа област се нарекува со своето денешно име или назив со кој се именува, меѓутоа се смета дека за првпат била спомената во 13 век кога Бугарскиот цар Константин Тих ги оставил селата во својата задужбина, потоа Црна Гора повторно се споменува во 1300 год, во повелбата на кралот Милутин во црквата Свети Ѓорѓи во Скопје. Во 15 век Црна Гора е спомената во житието на деспотот Стефан Константин Филозоф. Турците по освојувањето на Скопје го превеле името од Црна Гора во името во Кара-Даг, и овој израз сè уште може да се најде во употреба до ден денес. [2]

Населени места[уреди | уреди извор]

Поглед кон Скопска Црна Гора од с. Булачани

Скопска Црна Гора или уште позната и како Света Гора поради присуството на цркви и манастири во поголемиот дел на територијата, преставува населено место со селата (тргнувајќи во правец општина Бутел - кон север) с. Бразда, с. Глуво, с.Мирковци, С.Бањани, с. Горњани, с. Кучевиште, с. Побожје, с.Бродец, потоа албанските села с.Брест, с. Танушевци, сите овие села се наоѓаат на одалеченост од 1, 2.-4-7 км едни од други. Секое село се одликува со посебна црква и манастирски комплекс кои изобилуваат со природна убавина и пленат со својата старост.

Манастирски комплекси[уреди | уреди извор]

Манастирот Св. Архангел Михаил и Гаврил с. Кучевиште
Манастир Св. Архангел Михаил и Гаврил с. Кучевиште поглед кон Конакот
Манастир св. Архангел Михаил и Гаврил с. Кучевиште поглед кон конакот

Не случајно името Света Гора доаѓа од бројните светилишта, меѓу кои се вбројуваат манастирите во :

  • св. Илија - Чардак,
  • св. Илија- с. Бањани,
  • св. Архангел Михаил -с.Кучевиште,
  • св.Атанасиј Велики- с.Глуво,
  • св. Богородица - Побожје,
  • св. Богородица - Горњани,
  • св.Ѓорѓија- с. Мирковци,
  • св. Богородица -с.Мирковци-Чардак,
  • св.Спас- с.Кучевиште,
  • св. Никита-с. Горњани, повеќето манастири се со старосна граница од 14 век па нагоре.

Во повеќето манастири може да се ноќева, односно манастирот овозможува престој од една ноќ доколку има потреба за истото, а такви се: Св. Никита, Св. Архангел, Св. Илија итн.

Цркви во Скопска Црна Гора[уреди | уреди извор]

  • Св. Никола - с. Мирковци,
  • Св. Никола с.Глуво,
  • Св. Никола - с. Кучевиште ,
  • Св. Троица с. Чучер ,
  • Св. Ѓорѓија - с. Бањани, итн.

Училишта во Скопска Црна Гора[уреди | уреди извор]

На територијата на Скопска Црна Гора има четири основни училишта, и тоа во с. Мирковци - ОУ. „Александар Урдревски“ потоа како подружница на ОУ Александар Урдаревски- с. Мирковци е ОУ „Александар Урдревски“ во с. Блаце - (албанска паралелка) с. Кучевиште ОУ. “ Кирил и Методиј“ (со српска паралелка- односно се изучува материјата за ОУ на српски јазик)и како негова подружница е ОУ „Кирил и Методиј“ - с. Побожје - со паралелки од прво до 4- то оделение.

Дијалект во Скопска Црна Гора[уреди | уреди извор]

Скопскоцрногорскиот дијалект е дијалект на македонскиот јазик, и спаѓа во групата на западни дијалекти од северното наречје, а сличен е со горанскиот дијалект и со долнополошкиот дијалект. Главна карактеристика на дијалектот е зачестена употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење интервокално В. Скопскоцрногорскиот дијалект се зборува во 20-тина села кои се наоѓаат на планината и територијата на Скопска Црна Гора, поточно северно од градот Скопје, и тука спаѓаат селата: Кучевиште, Чучер, Бањани, Побожје, Љубанци, Глуво, Бразда, Мирковци,Горњани и др.

Фонолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • употреба на самогласката а наместо е: трева > трава ;
  • употреба на ă наместо јерот: лаже > лăже ;
  • употреба на у наместо црковномакедонското ОН: пат > пут

Морфолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • употреба на интервокално В
  • непчаното Ј пред буквата Е на почеток на збор: јазик > језик
  • согласната група мн е заменета со согласната група мл: многу > млогу

употреба на предлогот у: во град > у град

Туристички места[уреди | уреди извор]

Покрај природните убавини и планинскиот масив неизбежно е да не се споменат туристичките места и локаци за рекреативен одмор, освен во манастирските комплекси и во нивната непосредна близина, во туристички места се вбројуваат и:

Панаѓури[уреди | уреди извор]

Како територија што изобилува со бројни цркви и манастири неизбежно е да се изостават деновите на нивното празнување, на територијата се празнуваат празниците на присатните светци како еден вид на панаѓур, кои имаат бројна посетеност и скоро сите се во траење од два дена.

Имено како прв панаѓур или народно познат како вашар започнува на 26.Јули, односно празнувањето на празникот и името на светецот е во чест на Св.Архангел Михаил во с. Кучевиште, и секогаш започнува со празнување еден ден пред празникот односно на 25.Јули ноќта, кога се јавува бројна посетеност од околните села и населби, следен таков панаѓур е празникот на св.Илија кој се празнува на 1 и 2 Август, почнувајки од 1-ви вечерта која се празнува во манастирот св.Илија во Чардак, додека на 2 Август се празнува исто празникот на светецот св.Илија но на друго место односно во с. Бањани, следен таков празник е празникот за 27, и 28 Август кога се празнува празникот на Голема Богородица, во манастирот Св.Богородица во с. Бањани, потоа на 11 Септември се празнува празникот Св.Јован во с.Бањани каде што манастирот дава ручек за присутните, 21 Септември Мала Богородица во с.Мирковци/Чардак, се дава ручек, потоа св. Никита 28. Септември во с.Горњани, итн.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Селани од с.Бањани сл. од 1960 год

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • "Споменици на Културата Македонија" - Балабанов, Николовски, Ќорнаков Скопје 1980
  • Мала енциклопедија Просвета, Треће издање (1985); Београд: „Просвета“; ISBN 86-07-00001-2
  • Јован Ђ. Марковић (1990): Енциклопедијски географски лексикон Југославије Сарајево: „Свјетлост“; ISBN 86-01-02651-6

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Т. Андоновски, И. Милевски, Геоморфолошки карактеристики на Кумановската Котлина, „Географски разгледи“, кн. 36, Скопје, 2001
  2. С. Томић, Скопска Црна Гора, Српски етнолошки зборник 3, Београд 1905, 409-417.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]