Лепенец
Изглед
| Лепенец | |
|---|---|
Реката Лепенец кај селото Бардовци | |
![]() | |
| Местоположба | |
| Држава | Косово, Македонија |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Жар Планина, Косово |
| • надм. вис. | 1.860 м |
| Устие | Вардар |
• место | крај Скопје |
• координати | 42°00′46″N 21°22′59″E / 42.01278°N 21.38306°E |
• надм. вис. | 253 м |
| Должина | 75 км |
| Големина на сливот | 770 км2 |
| Особености на сливот | |
| Течение | Вардар→ Егејско Море |
Лепенец — река во Македонија, притока на Вардар.[1] Извира од планината Жар на Косово, на височина од 1.860 м, а се влева кај населбата Злокуќани во Скопје, на височина од 253 м. Од изворот до Качаничката Клисура тече во правец запад-исток, а потоа свртува во правец југ-југоисток.
Долга е 75 километри, има вкупен пад од 1.603 м и просечен пад од 21,4‰. На територијата на Македонија влегува кај селото Блаце и има должина од 21 километар. Сливот зафаќа површина од 770 км2, од која на Македонија ѝ припаѓаат 167,76 км2. Средногодишниот протек пред вливот во реката Вардар изнесува 10,0 м3/сек.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Реката Лепенец кај железничкиот мост помеѓу Бардовци и ЖС „Ѓорче Петров“
- Реката Лепенец покрај селото Орман
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jovan Đ. Marković (1990): Enciklopedijski geografski leksikon Jugoslavije; Svjetlost-Sarajevo; ISBN 86-01-02651-6
- ↑ Влечниот нанос на река Лепенец и неговото влијание за регулација на речното корито, Живко Шкоклевски, С. Крстевска; Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 1982
