Бардовци
Бардовци | |
Поглед кон селото Бардовци, од северните падини на Зајчев Рид | |
Координати 42°1′36″N 21°22′33″E / 42.02667° СГШ; 21.37583° ИГДКоординати: 42°1′36″N 21°22′33″E / 42.02667° СГШ; 21.37583° ИГД | |
Општина | Карпош |
Население | 1472[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Шифра на КО | 25907 |
Надм. вис. | 270 м |
![]() |
Бардовци — село во Општина Карпош, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Бардовци се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина во подножјето на Зајчев Рид од левата страна на реката Лепенец. Од центарот на Скопје е оддалечено 11 километри (во североисточен правец).
Историја[уреди | уреди извор]
Во близината на Бардовци се наоѓа археолошкото наоѓалиште на античкиот град Скупи.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Поради тоа што во Бардовци последниве години се изградени прекрасни куќи и комплекси на куќи на познатите скопски стопанственици, јавни личности и политичари економската структура на населението на Бардовци е драстично променета.
Голем дел староседелското население се занимава со земјоделство. Во Бардовци најмногу се одгледува зелката, по која е и препознатливо селото. Покрај зелката застапени се и репката, цвеклото и пченицата.
Население[уреди | уреди извор]
![]() |
Раскажана од жител на Бардовци на месниот скопско-велешки дијалект |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Според последниот попис од 2002 година, селото Бардовци брои 1472 жители,[1] од кои:
- Македонци 1.432
- Роми 2
- Срби 31
- останати 7
Родови[уреди | уреди извор]
Бардовци е македонско село.
Според истражувањата од 50-тите на минатиот век, родови во селото се:
Ивановци (3 к.) доселени се од денес албанското село Сечишта кај Качаник (Косово). Го знаат следното родословие: Ристо (жив на 90 г. во 1950-тите) Пешо-Иван, предокот кој се доселил; Битолци (3 к.) доселени се од селото Жабјани, Пелагонија. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 86 г. во 1950-тите) Јован-Тале, кој се доселил со неговиот брат Ристе; Станчевци (5 к.) доселени се од некое село Баница кај Прилеп (?); Шалевци (6 к.) доселени се од селото Огњанци; Асанбеговци (1 к.) доселени се во XIX век од Асанбегово (сега Ченто); Анѓелковци (3 к.) родот го основал Анѓелко кој се доселил како сираче од Скопје; Мицевци (2 к.) доселени се од сега непостоечкото село Јазирци на Скопска Црна Гора; Крстовци (5 к.), Ѓурковци (2 к.), Богдановци (6 к.), Ѓоргијовци (2 к.), Стојановци (2 к.), Бошковци (1 к.), Велковци (3 к.) и Златановци (4 к.) доселени се во различен период од селото Визбегово; Трајчевци (1 к.) доселени се од селото Јурумлери; Кузмановци (4 к.) доселени се од селото Волково; Орманци (9 к.) доселени се во 1906 година од селото Орман, таму се викале Субашовци; Вичоровци (14 к.) доселени се околу 1906 година од селото Злокуќани, се претпоставува дека подалечно потекло имаат од околината на Качаник, Косово; Дарчевци (4 к.) и они се доселени од селото Злокуќани; Бошковци (2 к.) доселени се од селото Кучково; Мојсовци или Галичани (1 к.) доселени се во 1915 година од мијачкото село Лазарополе; Трипун Ѓоргијов (1 к.) доселен од селото Волково; Јазаџини (1 к.) доселени се од селото Бањане.[3]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Во селото постои црквата „Св. Троица“ и основното училиште „Аврам Писевски“.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[4]
- Зад Воденицата — осамен наод од римско време
- Чешма — осамен наод од римско време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Личности родени во Бардовци:
- Тихомир Атанасов (1924-1945) — македонски партизан
- Санде Бошковски (1925-1945) — македонски партизан
- Ѓорѓи Николовски (1925-1945) — македонски партизан
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
- ФК Лепенец, член на Третата македонска лига. Клубот е оформен во 1964 година.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 26 октомври 2012.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Трифуноски, Јован (1955). Скопско Поле. Скопје.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 365. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|