Прејди на содржината

Стефан Верковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефан Верковиќ
Роден 5 март 1821
Угљара, Босански Пашалак, Османлиска Империја
Починал 30 декември 1893(1893-12-30) (возр. 72)
Софија, Кнежевство Бугарија
Занимање фолклорист

Стефан Верковиќ (Угљара, 5 март 1821 година - 30 декември 1893 , Софија) ― фолклорист, етнограф, нумизматичар и археолог. Познат е по контроверзното дело „Веда Словена“.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тој бил роден во селото Угљара сместено на босанскиот брег на Сава. Тој имал тешко детство, без мајка. Учел во францисканско калуѓерско училиште во Толиса, за свештеник. На 12 години, тој се закалуѓерил во еден манастир на Сутјеска, каде останал 2 години. Калуѓерското име му било Илија (Елиас). Во 1837 година, тој се запишал на богословски студии во Загреб, каде останал три години, но студиите не ги довршил и се отпишал.

Во 1843 година, тој заминал во Белград. Од 1850 до 1877 година, тој шетал низ Македонија, како пропагатор во име на српската влада. Имал можност да се запознае со македонските интелектуалци од тоа време, на кои им носел српски и словенски книги и списанија. Собирал народни умотворби низ Македонија.

„Веда Словена“, том 1, 1874

Првата збирка на македонски песни насловена „Народне песме македонски Бугара“ ја издал во 1860 година во Белград, во 1500 примероци.

Книгата содржела 335 песни собрани од Велес, Дебар, Крушево и Сер. Песните биле претежно лирски (женски) песни, кои ги поделил на два дела по девет групи. На собраните песни не им пишал ни име, место или време кога и од кого се чуени. Песните се полни со јазични грешки, но и правописни грешки.

„Веда Словена“[1] е книга која ја издал во два тома, првиот том во Белград во 1874 година, а вториот во Петербург во 1881 година. Ова дело содржи околу 30 илјади стихови. Верковиќ тврдел дека првата од ведите ја добил на 23 август 1865 година. Тоа биле фалсификувани македонски веди, за кои тој бил измамен, иако останува отворено прашањето дали соработувал и самиот со измамникот. Имал материјал и за трета книга.

По неговата смрт се објавени:

  • „Сборник Верковича I“, издадена 1920 година во Петроград, во редакција на Петар Лавров. Книгата содржи 200 македонски песни, кои се без наслови и без никакви податоци каде и кога се собирани, освен во мал број песни од кои се гледа дека се собрани во Лагадинскиот крај. И оваа книга е полна со јазично-правописни грешки.
  • „Јужномакедонски народни приказни“, издадена во 1932 година во Прага, од Чешката академија на науките, а во редакција на П. Лавров и Јиржи Поливка. Оваа збирка содржи 133 македонски народни приказни, 2 предговора, чешки превод, речник на недоволно познати зборови, регистри и коментари, со што е сметано за целосна научна публикација што ги содржи најстарите запишани македонски приказни. Во збирката се уфрлени и 34 прикани што ги испратил Иван Шишманов од Бугарија, на кои има податоци каде и од кого се запишани.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Ljubiša Doklestić, „Životni put Stjepana Verkovića (1821-1894)“, Radovi, vol. 14(1), Zagreb, 1981.
  • Македонски народни песни, собрани од Стефан И. Верковиќ, редакција и предговор Кирил Пенушлиски, Кочо Рацин, Скопје, 1961.
  1. ↑ Додавката „бугарски нема национално значење. Во 60 - тите години на 19 век, Гарашанин го испратил Стефан Верковиќ во тајна политичка мисија во Македонија. Меѓутоа српската пропаганда во тој период била слаба и далеку од создавање на Срби во Македонија. Според самиот Верковиќ, неговата мисија била: „Македонските Словени при решавањето на Источното прашање... да се признаат за Словени, а не за Грци“. Тој самиот себеси во книгата исто признал како поимот „Бугарин“ бил повеќе регионален и означувал Словен (словеногласен), а не Бугарин. Види: Српска пропаганда во Македонија
  1. ↑ http://preminportal.com.mk/content/view/6450/77/ Гане Тодоровски - За и против "Веда Словена"