30 декември
Изглед
Предлошка:Декември 2025 30 декември — 364-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (365-и во престапна година). Останува 1 ден до крајот на годината.
Настани:
| 1911 | Во Кина е укината монархијата, а на чело на новосоздадената република застана Сун Јат Сен, дотогашен привремен претседател и водач на кинеската Народна партија — Куоминтанг. |
| 1943 | Бугарските сили и контрачетниците од Куманово, Младо Нагоричане, Страцин, Крива Паланка, Врање, Пирот и од други места, го почнаа дејствувањето на кумановско-врањското подрачје за да ги уништат македонските, јужноморавските и косовските единици. Но, тие вешто го одбегнуваа судирот. Незадоволни од исходот на десетдневната акција, непријателските сили го собраа селаните на возраст од 19 до 50 години и повеќемина од нив интернираа во Бугарија. |
| 1949 | Во Скопје е формиран Балетскиот ансамбл при Македонскиот народен театар под раководство на Ѓорѓи Македонски и неговата соработничка Анелиза Асман. |
| 1964 | Основана е Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој - УНКТАД. |
| 1996 | Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставиле дипломатски односи. |
| 2006 | Над поранешниот претседател на Ирак, Садам Хусеин била извршена смртна казна за злодела против човештвото. |
Родени:
| 1819 | Теодор Фонтане — германски писател. |
| 1865 | Радјард Киплинг — англиски писател. |
| 1905 | Данил Хармс — руски писател. |
| 1937 | Гордон Бенкс — англиски фудбалер. |
| 1958 | Лав Дијас — филипински режисер. |
| 1961 | Бен Џонсон — канадски атлетичар. |
| 1970 | Гордана Нацева — македонска ракометарка. |
| 1973 | Ато Болдон — атлетичар од Тринидад и Тобаго. |
| 1984 | Леброн Џејмс — американски кошаркар. |
| 1985 | Ларс Бом — холандски велосипедист. |
| 1988 | Хуан Хосе Лобато — шпански велосипедист. |
| 1994 | Никола Милутинов — српски кошаркар. |
Починале:
| 1691 | Роберт Бојл — ирски физичар и хемичар. |
| 1909 | Ѕоле Стојчев — македонски револуционер, борец против османлиската власт. |
| 1937 | Спас Мартинов — македонски револуционер. |
| 1941 | Ел Лисицки — руски сликар и архитект. |
| 1944 | Ромен Ролан — француски писател, драматург, музиколог и борец за мир и демократија. |
| 1992 | Михајло Лалиќ — црногорско-српски и југословенски писател. |
| 1995 | Богољуб Петровиќ — српски и југословенски глумец. |
| 1970 | Сони Листон — американски боксер. |
| 2004 | Арти Шо — американски џез-музичар. |
| 2006 | Садам Хусеин — претседател на Ирак. |