23 декември
Изглед
Предлошка:Декември 2026 23 декември — 357-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (358-и во престапна година). Остануваат 8 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1888 | Винсент ван Гог си отсекол делче од левото уво. |
| 1944 | Во Скопје излезе првиот број на весникот „Бирлик“ на турски јазик, како орган на НОФ на Македонија. |
| 1947 | Откриен е транзисторот, кој физичарите Џон Бардин, Волтер Братин и Вилијам Шокли го развиле во лабораториите Бел во САД. |
| 1991 | Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија, со седиште во Скопје. За претседател е избран Нано Ружин. |
| 1993 | Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон. |
Родени:
| 1777 | Александар I — руски цар. |
| 1790 | Жан Франсоа Шамполион — француски египтолог. |
| 1869 | Иван Гарванов — бугарски револуционер. |
| 1920 | Мики Руни — американски глумец и комичар. |
| 1925 | Јаника Балаж — тамбураш од Војводина. |
| 1929 | Чет Бејкер — американски џез-трубач. |
| 1949 | Адриен Белју — американски гитарист. |
| 1950 | Висенте дел Боске — шпански фудбалер и тренер. |
| 1955 | Дејв Ален — англиски рок-музичар, член на групата Генг оф Фор (Gang of Four). |
| 1956 | Микеле Алборето — италијански возач на Формула 1. |
| 1964 | Еди Ведер — американски рок-музичар, член на групата Перл џем (Pearl Jam). |
| 1967 | Карла Бруни — италијанско-француска пејачка и модел, сопруга на францускиот претседател Никола Саркози. |
| 1968 | Мануел Ривера-Ортис — порторикански фотограф. |
| 1988 | Јурај Саган — словачки велосипедист. |
| 1997 | Лука Јовиќ — српски фудбалер. |
Починале:
| 910 | Свети Наум Охридски — македонски просветител и свештеник. |
| 1906 | Даме Груев — македонски национален деец - еден од основачите на ВМРО. |
| 1953 | Лаврентиј Берија — советски политичар, началник на НКВД во времето на сталинизмот. |
| 2003 | Драгољуб Ставрев — македонски политичар. |
| 2007 | Оскар Питерсон — американски џез-музичар. |
| 2013 | Јусеф Латиф — американски џез-музичар. |
| 2020 | Перо Квргиќ — хрватски глумец. |
| 2022 | Масимо Савиќ — хрватски поп-рок пејач. |
| 2025 | Васил Рингов — македонски фудбалер. |