Александар I (Русија)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Александар I | ||
![]() | ||
Роден | 23 декември 1777 Санкт Петербург, Руска Империја | |
---|---|---|
Починал | 1 декември 1825 Таганрог, Русија |
Александар I Павлович (руски: Александр I Павлович) бил император на Русија во периодот од 1801 до 1825 од династијата Холштаин-Готорп-Романов. Подоцна му биле додадени и титулите кнез на Финска и цар на Полска. Александар Павлович бил син на големиот кнез Павле Петрович (подоцна попознат како император Павле I) и Марија Фјодоровна. Тој ја наследил власта по атентатот извршен врз неговиот татко, и со Русија раководил во времето на борбите со Наполеон Бонапарт. Александар I лично учествувал на Виенскиот конгрес во 1815 година и станал прв цар на новосоздадената уставна монархија Полска.