13 декември
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Шаблон:Декември 2019 13 декември е 347-иот ден во годината според григоријанскиот календар (348-и во престапна година). Остануваат 18 денови до крајот на годината.
Настани:
1294 | По пет месеци по изборот, папата Целестин V абдицирал за да се посвети на испосништвото. Тоа е единствен случај на абдикација на папа. |
1545 | Започнал Соборот од Тренто, XIX вселенски собор на католичката црква, кој со прекини траел 18 години. |
1642 | Холандскиот морепловец Абел Тасман бил првиот европеец кој стигнал до Нов Зеланд. |
1992 | На границата меѓу Република Македонија и Албанија беа отворени три нови гранични премини. |
1995 | Генералното собрание на ООН во Њујорк, со мнозинство гласови гласаше во полза за итно запирање на нуклеарните проби кои се изведуваат во Франција и Кина, единствени земји што изведуваат контроверзни проби. |
Родени:
1521 | Сикст V — римски папа. |
1553 | Анри IV — крал на Франција. |
1797 | Хајнрих Хајне — германски поет. |
1816 | Вернер фон Сименс — германски пронаоѓач и индустријалец. |
1869 | Анри Матис — француски сликар и вајар. |
1873 | Валери Брјусов — руски писател. |
1943 | Мануел Вилар Јр. — филипински бизнисмен и политичар. |
1948 | Тед Нуџент — американски рок-музичар. |
1949 | Том Верлен — американски рок-музичар, член на групата „Телевижн“ (Television). |
1953 | Бен Бернанке — американски економист и претседател на Системот на федерални резерви. |
1957 | Стив Бушеми — американски глумец. |
1966 | Јуре Здовц — словенечки и југословенски кошаркар и тренер. |
1969 | Сергеј Федоров - руски хокеар. |
1981 | Ејми Ли — американска пејачка, членка на групата „Еванесенс“ (Evanescence). |
1984 | Санти Казорла — шпански фудбалер. |
1989 | Тејлор Свифт — американска поп-пејачка. |
1989 | Микел Ланда — шпански велосипедист. |
Починале:
558 | Хилдеберт I — франкиски крал. |
1124 | Каликст II — римски папа. |
1754 | Махмуд I — отомански султан. |
1881 | Август Шеноа — хрватски писател. |
1931 | Гистав Ле Бон — француски социопсихолог и социолог. |
1944 | Василиј Кандински — руски сликар. |
1983 | Никита Станеску — романски поет. |
1992 | Александар Тирнаниќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
1993 | Јон Исаја — македонски глумец. |