2 декември
Изглед
Предлошка:Декември 2026 2 декември — 336-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (337-и во престапна година). Остануваат 29 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1772 | Основано Кралското физиографско друштво во Лунд, Шведска. |
| 1804 | Наполеон Бонапарт е крунисан за цар на Франција. |
| 1805 | Наполеон Бонапарт ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа. |
| 1942 | Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на јадрено цепење. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба. |
| 1946 | По борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин - Песодер, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци. |
| 1956 | Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и започнале борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста. |
| 1993 | Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија. |
| 1997 | Во Новокузнецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен Зирјановскаја, загинале 61 рудар. |
Родени:
| 1728 | Фердинандо Галијани — италијански економист и општественик од времето на просветителството. |
| 1901 | Рајмундо Орси — италијанско-аргентински фудбалер. |
| 1923 | Марија Калас — американска оперска пејачка. |
| 1930 | Гари Бекер — американски економист, добитник на Нобеловата награда. |
| 1935 | Рони Метјуз — американски џез-музичар. |
| 1948 | Антонин Паненка — чешки фудбалер. |
| 1962 | Владо Бучковски — македонски универзитетски професор и политичар, поранешен премиер на Република Македонија. |
| 1970 | Максим Тарасов — советски и руски атлетичар. |
| 1973 | Моника Селеш — југословенска тенисерка. |
| 1978 | Нели Фуртадо — канадска поп пејачка. |
| 1981 | Бритни Спирс — американска поп пејачка. |
| 1987 | Никола Еде — француски велосипедист. |
| 1989 | Матео Дармијан — италијански фудбалер. |
| 1999 | Келвин Киптум — кениски маратонец. |
Починале:
| 1470 | Пјеро ди Козимо де Медичи — владетел на Фиренца. |
| 1497 | Ана Сфорца — ќерка на Галеацо Марија Сфорца. |
| 1918 | Едмонд Ростан — француски неороматичарски поет и драмски писател. |
| 1944 | Филипо Томазо Маринети — италијански поет и теоретичар, основач на футуризмот. |
| 1974 | Лајош Зилахи — унгарски писател. |
| 2013 | Педро Роча — уругвајски фудбалер. |
Празници:
| 1944 | Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија |
| * | Светски ден на укинување на ропството |