2013

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
< XX век XXI век XXII век >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 100
2013 г.  во други календари
Грегоријански календар 2013
MMXIII
Ab urbe condita 2766
Асирски календар 6763
Бахајски календар 169–170
Бенгалски календар 1420
Берберски календар 2963
Будистички календар 2557
Бурмански календар 1375
Византиски календар 7521–7522
Еврејски календар 5773–5774
Ерменски календар 1462
ԹՎ ՌՆԿԲ
Етиопски календар 2005–2006
Календар Игбо
 - Нри-Игбо 1013–1014
Ирански календар 1391–1392
Исламски календар 1434–1435
Јапонски календар Хеисеи 25
(25年)
Јулијански календар Грегоријански минус 13 дена
Кинески календар 壬辰年月二十日
(4649/4709)
— до —
癸巳年月廿九日
(4650/4710)
Коптски календар 1729–1730
Корејски календар 4346
Календар Мингуо Република Кина 102
民國102年
Селевкидски календар 2324–2325
Тајландски сончев календар 2556
Хиндуистички календари
 - Викрам самват 2069–2070
 - Шака самват 1935–1936
 - Кали југа 5114–5115
Француски револуционерен календар CCXXICCXXII
221–222
Холоценски календар 12013
Џуче-календар 102

2013 (MMXIII) била година според грегоријанскиот календар. Тоа била 2013. година од новата ера, 13. година од третиот милениум и 21. век, како и четврта година од 2010-тите.

Други календари[уреди]

Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7521 и 7522 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6763 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5773 и 5774 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2766.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2013. година се протега во 4649 и 4650, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4709 и 4710 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2556. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1434 и 1435 исламска година.

Настани[уреди]