Змеј (хороскопски знак)
Змеј (кинески: трад. 龍, упр. 龙, пинјин: lóng, мктр. лунг) — петти знак во дванаесетгодишниот циклус на животни од кинескиот хороскоп поврзан со кинескиот календар. Годината на змејот му принадлежи на симболот на земската гранка чен (辰).
Предложено е дека знакот на земската гранка може да се поврзувала со скорпии; може да ја симболизирала ѕвездата Антарес.[1] Во будистичкиот календар кој се користи во Тајланд, Камбоџа, Лаос, Мјанмар и Шри Ланка, змејот е заменет со нагите.[2] Во хороскопот на народот Гурунзи, таа улога ја има орелот.[3] Персискиот хороскоп место змеј има кит, а во старотурскиот календар тоа е риба.
Годините и петте елементи
[уреди | уреди извор]Лицата родени помеѓу овие датуми се вели дека се родени во „година на Змејот“, носејќи некој од следниве елементарни знаци:
Почеток | Крај | Небесна гранка |
---|---|---|
16 февруари 1904 | 3 февруари 1905 | дрвен змеј |
4 февруари 1916 | 22 јануари 1917 | огнен змеј |
23 јануари 1928 | 9 февруари 1929 | земјен змеј |
8 февруари 1940 | 26 јануари 1941 | метален змеј |
27 јануари 1952 | 13 јануари 1953 | воден змеј |
13 февруари 1964 | 1 февруари 1965 | дрвен змеј |
31 јануари 1976 | 17 февруари 1977 | огнен змеј |
17 февруари 1988 | 5 февруари 1989 | земјен змеј |
5 февруари 2000 | 23 јануари 2001 | метален змеј |
23 јануари 2012 | 9 февруари 2013 | воден змеј |
10 февруари 2024 | 28 јануари 2025 | дрвен змеј |
28 јануари 2036 | 14 февруари 2037 | огнен змеј |
14 февруари 2048 | 1 февруари 2049 | земјен змеј |
2 февруари 2060 | 20 јануари 2061 | метален змеј |
19 февруари 2072 | 6 февруари 2073 | воден змеј |
6 февруари 2084 | 25 јануари 2085 | дрвен змеј |
25 January 2096 | 11 февруари 2097 | огнен змеј |
Годините на змејот бележат значителен прираст на новородени деца во земјите што го следат кинескиот хороскоп (или оние со значителна кинеска дијаспора) бидејќи овие „змејски деца“ се сметаат за среќни и имаат одлики кои се верува дека ќе им донесат благосостојбен и бериќетен живот.[4][5] Ваквото временско планирање на раѓањето на децата е релативно нова појава, која предизвикува преоптовареност на породилиштата, па дури и зголемена смртност кај новороденчињата кон крајот на дадената година поради исцрпеноста на ресурсите посветени на новороденчињата.[6]
Складност
[уреди | уреди извор]Знак | Најголема складност / рамнотежа (првотретинска група) | Складност | Нескладност/ соперник-непријател-попречувач (спротивен знак) |
змеј | змеј, мајмун, стаорец, петел | змија, вол, свиња, зајак, коза, тигар, коњ | куче |
Циклус: (третинска група) — на змејот му треба мајмунот, на мајмунот му треба стаорецот, на стаорецот му треба змејот; (спротивен знак) но неговиот соперник му се спротивставува на кучето.
Основни астролошки елементи
[уреди | уреди извор]Земски гранки: | чен |
Пет елементи: | земја |
Јин-јанг: | јанг |
Месечев месец: | трет |
Среќни броеви: | 1, 6, 7; Се избегнуваат: 3, 8, 9 |
Среќни бои: | жолта; Се избегнуваат: сина, зелена |
Годишно време: | пролет |
Однос со другите знаци
[уреди | уреди извор]Од сите дванаесет знаци, мајмунот најдобро се разбира со змејот. Итриот стаорец може да биде добар ортак на змејот кога сакаат да постигнат нешто големо. Оние чиј знак е змејот можат среќно да живеат со змијата, бидејќи таа ја спречува неговата разузданост. Лицата чи знаци се петелот, змијата, свињата, зајакот, козата, тигарот и коњот се пријателски наклонети кон змејот, бидејќи ги ценат неговото држење и неговата сила.[7]
Два змеја добро се сложуваат бидејќи лежат по цел ден. Меѓутоа, односот помеѓу змејот и волот и необично напнат, бидејќи обата знака се величествени. Змејот им задава главоболки на кучињата, кои негодуваат во негово присуство поради нивниот чуварско-стражарски карактер.[7]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Richard S. Cook (Spring 1997). „The Etymology of Chinese Chen“. Linguistics of the Tibeto-Burman Area. University of California, Berkeley (објав. Fall 1995). 18 (2): 250. ISSN 0731-3500. LCCN 82-640813. OCLC 4790670.
- ↑ „Year of the Dragon - Naga - Thai Zodiac“. Thai Guide to Thailand. Архивирано од изворникот на 2017-07-08. Посетено на 2017-06-09.
- ↑ „Tamu (Gurung) Losar Festival“. ECS Nepal. 2010-07-11. Архивирано од изворникот на 29 July 2017. Посетено на 2017-06-09.
- ↑ Goodkind, Daniel (1991). „Creating new traditions in modern Chinese populations: Aiming for birth in the Year of the Dragon“. Population and Development Review. 17: 663–686. doi:10.2307/1973601.
- ↑ Goodkind, Daniel (1996). „Chinese lunar birth timing in Singapore: New concerns for child quality amidst multicultural modernity“. Journal of Marriage and the Family. 58: 784–795. doi:10.2307/353736.
- ↑ https://freakonomics.com/podcast/dragon-child/
- ↑ 7,0 7,1 „Chinese Zodiac - Dragon“. Your Chinese Astrology. Посетено на 2017-06-09.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Змеј (хороскопски знак) на Ризницата ?
|