Прејди на содржината

Петел (хороскопски знак)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симбол на хороскопскиот зајак со знакот ѓи (雞).
Кинески хартиен исечок на петел.

Петел (кинески: , трад. 雞/鷄) — десетти знак во дванаесетгодишниот циклус на животни од кинескиот хороскоп поврзан со кинескиот календар. Годината на Петелот му принадлежи на симболот на земската гранка 酉.

Во тибетскиот и гуруншкиот зодијак од Непал, наместо петел стои птица.[1][2]

Годините и петте елементи

[уреди | уреди извор]

Лицата родени во овој датумски опсег се родени во „година на Петелот“, притоа носејќи ги следниве елементни знаци::[3]

Почетен датумЗавршен датумНебесна гранка
22 јануари 19099 февруари 1910земјен петел
8 февруари 192127 јануари 1922метален петел
26 јануари 193313 февруари 1934воден петел
13 февруари 19451 февруари 1946дрвен петел
31 јануари 195717 февруари 1958огнен петел
17 февруари 19695 февруари 1970земјен петел
5 февруари 198124 јануари 1982метален петел
23 јануари 19939 февруари 1994воден петел
9 февруари 200528 јануари 2006дрвен петел
28 јануари 201715 февруари 2018огнен петел[4]
13 февруари 20292 февруари 2030земјен петел
1 февруари 204121 јануари 2042метален петел
19 февруари 20537 февруари 2054воден петел
5 февруари 206525 јануари 2066дрвен петел
24 јануари 207711 февруари 2078огнен петел
10 февруари 208929 јануари 2090земјен петел
21 јануари 210116 февруари 2102метален петел

Основни астролошки елементи

[уреди | уреди извор]
Земски гранки:酉 јоу
Пет елементи:метал / злато
Јин-јанг:јин
Месечев месец:осми
Среќни броеви:5, 7, 8; Се избегнуваат: 1, 3, 9
Среќни цвеќиња:гладиола, воденика, жарче
Среќни бои:златна, кафеава, жолта; Се избегнуваат: бела, зелена
Годишно време:есен

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ricardobaddouh (28 јануари 2014). „Tibetan Astrology – Table of Year-Animal-Element“ (англиски). AHMC. Посетено на 9 јуни 2017.[мртва врска]
  2. Arina Sherchan (11 јули 2010). „Tamu (Gurung) Losar Festival“. ESC Nepal. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 9 јуни 2017.
  3. „Chinese Zodiac – Rooster (Chicken)“. Your Chinese Astrology. Посетено на 14 март 2018.
  4. „Year of the Rooster – 2017“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-01-17. Посетено на 9 јуни 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]