Википедија:Селска чешма
Вовед · Почетен курс · Помошна табела · Превод на статија · Вашата прва статија · ЧПП · Помош · Начела и напатствија
Селска чешма (Village pump) ·
Потребни статии ·
Инкубатор ·
Кандидати за избрана статија (Ревизија) ·
ВикиПроекти ·
Викисредби ·
Facebook ·
Twitter
Одржување · Администратори · Потреба од администраторско внимание · Прашања за авторски права
|
Селска чешма на Википедија
Централно место за дискусии, прашања и одговори
| |||
| |||
Содржина
Среќна нова година![уреди извор]
Сакам на сите корисници на Википедија на македонски јазик да им ја честитам новата година, да им посакам многу здравје и бериќет во неа, а со заеднички напори оваа година да го надминеме бројот од 100.000 статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:13, 1 јануари 2019 (CET)
- Среќна Нова година и од мене, само убави моменти во претстојната :) Мислам дека неминовно ќе го надминеме бројот од 100.000 оваа година, конечно да стигнеме и до тој праг --Ehrlich91 (разговор) 21:32, 1 јануари 2019 (CET)
FileExporter beta feature[уреди извор]
A new beta feature will soon be released on all wikis: The FileExporter. It allows exports of files from a local wiki to Wikimedia Commons, including their file history and page history. Which files can be exported is defined by each wiki's community: Please check your wiki's configuration file if you want to use this feature.
The FileExporter has already been a beta feature on mediawiki.org, meta.wikimedia, deWP, faWP, arWP, koWP and on wikisource.org. After some functionality was added, it's now becoming a beta feature on all wikis. Deployment is planned for January 16. More information can be found on the project page.
As always, feedback is highly appreciated. If you want to test the FileExporter, please activate it in your user preferences. The best place for feedback is the central talk page. Thank you from Wikimedia Deutschland's Technical Wishes project.
Уставни промени[уреди извор]
Здраво на сите,
Бидејќи се работи за крупна измена на Уставот на Република Македонија, а истите измени денес се најдоа и на страниците на Службениот весник, сметам дека треба да поведеме расправа што тоа ќе значи за името на државата, примената на придавките, појаснителните страници, порталите и ред други работи, поради што е неопходна сеопфатна дискусија од сите уредници на Википедија на македонски јазик. Не мора да има веднаш решенија и држете ја дискусијата до темата. Очекувам сите активни уредници да земат учество во истата. --Ehrlich91 (разговор) 21:58, 14 јануари 2019 (CET)
- На голема жалост и против волјата на народот, а воедно и против сите општочовечки цивилизирани начела, се протнаа уставните измени кои со самиот факт што се во уставниот и правниот поредок се дел од стварноста која треба објективно да се пренесува на енциклопедијата Википедија. Во тој однос, јас јавно најавувам дека нема да учествувам во уредувања со цел да се променуваат содржините каде што се содржат Македонија, Македонци, Македонски во нивното вистинско, изворно досегашно значење, бидејќи лично како човек и граѓанин планирам во моето општествено и јавно делување (секако надвор од Википедија) да се залагам и да дејствувам за нивно зачувување, негување и (повторно) етаблирање, а секако тоа се коси и е против новонастаната реалност. Но би предочил на сите кои ќе земат учество да ги менуваат согласно новонастнатите околности да имаат предвид и да се наведат (барем во 1 - 2 реченици, со наводи) сите противзаконски и противправни дејствија кои доведоа до овие уставни промени (мислам на незаконското потпишување на меѓународен билатерален договор од министер, што по закон е должност на претседателот итн.), за секој кој ќе чита, а посебно помалку упатените и идните генерации да имаат целосни и точни сознанија за да не се остави половично пренесената информација да ја зацврстува оваа сурова и неправедна наметната ситуација и со тоа објективно пренесените информации да дадат јасна слика за вистината, која е само една, а тоа е дека нашето вистиско, едниствено и природно име на кое имаме право е, беше и повторно ќе биде само МАКЕДОНИЈА! Поздрав - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 10:03, 16 јануари 2019 (CET)
- Придавките остануваат исти, во никој сличај не се користи „северномакедонски“/ „северномакедонец“ и слично. Албанскиот не е на исто рамниште со македонскиот и нема потреба од вметнување на истиот во инфокутија и во почетокот на статијата за државата. Името на држвата, според мене, да остане исто. На пример, и Белорусија го смени уставното име во Беларус, но ние не го сменивме името на државата во македонскиот јазик. Слично е и со Швајцарија (не велиме Хелветија) или пак на пример со Грузија и Ерменија (не користиме уставни имиња и имиња кои тие сакаат да се користат). Според мене решение е во почетокот на статијата да стои: Македонија, или официјално Северна Македонија, е држава... Објаснување за историјатот на името да има во секцијата Етимологија. Поздрав--Никола Стоіаноски 10:35, 16 јануари 2019 (CET)
- Колку што гледам, на ниедна јазична Википедија не ни го смениле името, а на англиската стои дека е изгласан амандман и дека ќе влезе во сила откако ќе биде потпишан протокол за влез на Македонија во НАТО од страна на Грците. Засега сè си е како што беше, нема што да менуваме. Поздрав -Виолетова (разговор) 11:12, 16 јануари 2019 (CET)
- Мојот став е дека не треба да се менува насловот на статијата „Македонија“ во „Северна Македонија“ поради тоа што на Википедија на македонски јазик:
- постои јасно разграничување на значењата на поимот Македонија меѓу кои е и името на државата, додека Северна Македонија е поим кој во македонскиот јазик има друго значење и претставува географско подрачје во Македонија; и
- како имиња на статии за држави не се користат официјалните називи согласно уставот или другите законодавни акти, туку оние имиња кои имаат најширока општа употреба (пр. „Ирска“ наместо „Република Ирска“, „Холандија“ наместо „Кралство Холандија“, „Иран“ наместо „Исламска Република Иран“ итн.).
- Според тоа, целосно е прифатлив предлогот на Никола во воведот да се промени само официјалниот назив согласно уставните измени, а добар е и предлогот на Марио да се додаде забелешка на кој начин е дојдено до промената на името. Во врска со државјанството и националната припадност, јасно е дека истите си остануваат „македонско“ и „Македонец“. Одредбите кои се однесуваат за замена на македонски поими за населени места во Егејска Македонија нормално не вреди да се дискутираат затоа што ова е Википедија на македонски јазик, а јазикот не може да биде засегнат со спроведување на меѓудржавен договор. Можеби нема да биде лошо да воведеме политика насловена Употреба на поимот „Македонија“ и изведените поими од него со која би се дало поголемо значење на она за кое ќе се договориме како заедница.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:31, 16 јануари 2019 (CET)
- Скроз заборавив за топонимите. Тој ништожен и понижувачки член од Договорот нема што тука ни да се дискутира. Си имаме ние традиција и наши имиња кои си ги користиме.--Никола Стоіаноски 16:16, 16 јануари 2019 (CET)
- Сосема се согласувам со Кирил и со она што го пишува Тони подолу, наведувајќи дел од разговорот на Википедија на англиски зошто треба да остане и натаму (само) Македонија за статијата нашата држава. Се согласувам и со предлогот на Никола како треба да стои првата реченица, каде покрај официјално би додал и „според устав“ по пример на договорите за добрососедство со Бугарија кои го признаат македонскиот јазик само како уставна категорија, па бидејќи нашиот устав е (лесно и често) менлива категорија, а засега тоа ново име стои таму, не значи дека не може да биде предмет на идни промени, додека во стварноста единствено и вистинско (за мене и свето :) ) име во постојана и секојдневна потреба за нашата земја и држава е само Македонија. Нема да е лошо да се создаде нова страница за употреба на поимот „Македонија“, а инаку мое мислење е дека и по стапувањето на сила нема потреба да се менува страницата именувана Македонија во однос на нашата држава, бидејќи и самите политичари, а и сите граѓани и впрочем светот (се надевам) и натаму постојано колоквијално нашата држава ќе ја викаме само Македонија, единствено со навод може да се наведе дека официјално според (измените во) уставот го има другото име. Би искористил и една споредба како со бројни светски (и американски) јавни личности и ѕвезди кои се познати по сценски имиња различни од нивните вистински имиња кои ги носат во официјалните документи за идентификација (пр. Кети Пери/Katy Perry која вистински се вика Кетрин Елизабет Хадсон/Katheryn Elizabeth Hudson), а нивните статии на Википедија (на сите јазици) и други печатени, новинарски, научни употреби во јавноста се водат под нивните имиња кои се познати во нивното јавно делување, па така сметам дека кај нас може да остане и натаму само Македонија бидејќи тоа е вистинското име кои барем тука и на македонскиот јазик и понатаму првостепено ќе се однесува за државата како највисок политички-правен ентитет, а потоа на географски региони, административни области и единици, приватни компании, спортски клубови, здруженија итн. Напоменувам ова е мое мислење. Да живее Македонија :) - Марио Шаревски - Македонец (разговор) 16:20, 17 јануари 2019 (CET)
- Мило ми е што се вклучивте во поголем број во дискусијата. @Виолетова: Жане, не спомнав да менуваме, туку само да го продискутираме ова важно прашање. @MacedonianBoy: Мене ми се допаѓа во целост предлогот на Никола, како за официјалното име според новите измени на Уставот, кои би требало да стапат на сила, кога ќе се усвои самиот договор и од другата страна, така и за тоа да постои дел за тоа како дошло до тоа име. Воедно, во тој дел може да се стават и предлозите на Марио за причините и како е изгласано новото име. Воедно, не знам, колку ја следите дискусијата на Википедија на англиски јазик, но таму како еден од причините за останување на истиот назив ја наведуваат и причината дека истото име не е општо познато, односно раширено во медиуми, публикации, книги и во општата јавност. Во исто време, ставот на Кирил, во целост го поддржувам. Што се однесува до најгрозниот дел од договорот за топонимите, јас тука нема ни да коментирам, затоа што ние не се водиме според договори, и никој не може нас да ни укажува како да уредуваме. --Ehrlich91 (разговор) 18:27, 16 јануари 2019 (CET)
- Здраво, како што спомена Виолетова која инаку ме насочи на дискусијава, уставните измени стапуваат на сила кога Грција ќе го ратификува приемот во НАТО, така што дотогаш нема зошто било што да менуваме. Доколку дојде до ова, мислам дека Република Македонија ќе мора да пренасочува кон Република Северна Македонија или Северна Македонија бидејќи ова ќе биде нова домашна и меѓународна реалност - буквално сите институции на државата ќе го сменат името. Македонци, македонско, македонски јазик - се разбира дека остануваат исти. Топонимите си остануваат исти со нагласок дека официјално се нарекуваат така или онака. Поздрав. --FlavrSavr (разговор) 10:28, 17 јануари 2019 (CET)
- Целосно се согласувам со сите наведени предлози погоре. Мислам дека сите ставови досега може да ги сведеме на едно решение - сè останува/се менува согласно македонскиот јазик, секако со тоа нагласувајќи ги останатите официјални промени во статијата, и, како што има предложено Кирил, во Википедија страница за политиката на енциклопедијата околу името. --Идеологист (разговор) 14:09, 17 јануари 2019 (CET)
No editing for 30 minutes on 17 January[уреди извор]
19:47, 16 јануари 2019 (CET)