Тибет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тибетската Висорамнина

Тибет (тибетски: བོད་, вајли: bod) е подрачје во Централна Азија, дом на тибетанскиот народ. Се наоѓа на просечна надморска висина од 4.900 м и често е нарекуван„Кров на светот“. Најголемиот дел од историскиот регион Тибет денес се наоѓа во составот на Народна Република Кина.

Под поимот Тибет се подразбира големо подрачје под влијание на тибетската култура и се состои од традиционалните покраини Амдо, Кхам и У-Цанг (Дбус-Гцанг). Во составот на Народна Република Кина постои автономен регион Тибет, покраини која ги опфаѓа само У-Цанг и западниот регион Кхам. Источниот дел на регионот Кхам и регионот Амдо се наоѓаат во составот на кинеските покраини Чингхај, Гансу, Јинан и Сечуан.

Знамето на Тибет[уреди]

Моменталната верзија на тибетското знаме ја претставил 13-от Далај Лама во 1912. Во минатото Тибет бил независна држава и поради тоа некои го оспоруваат правото на властите на НР Кина на тој простор. Во периодот кога Тибет бил во составот на Монголското и Кинеското царство успеал да сочува одреден степен на самостојност.

Во 1951 година Тибет бил окупиран од страна на НР Кина. Владата на Тибет предводена од четрнаестиот Далај Ламa во 1959 била присилена да ја напушти татковината и вспоставила влада во егзил во Дармсала во северна Индија. Владата во егзил бара независност на Тибет, повикувајќи се на историското право и постоење на древната тибетска држава. Таа продолжила да го користи знамето, чие прикажување влаадата на Кина го има забрането за да ги одврати тежнеењата за независност.

Етимологија[уреди]

Името Тибет, кое се користи во повеќето европски јазици потекнува од арапскиот или персискиот Töbän - висина, висорамнина. Тибетанците својата татковина ја нарекуваат Бод (така се изговара по некои тибетски дијалекти). Се смета дека надобар превод на тој збор е „Татковина“. Кинеското име за Тибет е Ш'иѕан'. Постојат повеќе значења на ова име.

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Антикинески[уреди]

Прокинески[уреди]

Неполитички[уреди]