Прејди на содржината

Мингуо-календар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Календарот кој ја одбележува првата година од републиката и изборот на Sun Yat-sen за вршител на должноста претседател.

Календар на Република Кина (традиционален кинески: 民國紀元; упростен кинески: 民国纪元; пинјин: Mínguó Jìyuán; Вејд–Џајлс: Min2-kuo2 Chi4-yüan2) — метод за одбројување на годините кои се користи во Тајван и останатите острови под контрола на Република Кина (Тајван). Се користел во копнена Кина од 1912 до создавањето на Народна Република Кина во 1949 г.

Следејќи ја традицијата на употреба на името на владетелот за име на ерата и годината на владеење, официјалните документи на РК го користат системот (традиционален кинески: 民國; упростен кинески: 民国; пинјин: Mínguó; Вејд–Џајлс: Min-kuo; букв. 'The Country of the People')за одбројување на годините, календар во кој првата година била 1912, годината кога се создала Република Кина. На пример, 2014 е „103-та година на Републиката“. Месеците и деновите се бројат според Грегоријанскиот календар.

За да се одреди годината во календарот на РК се одзема 1911 од Грегоријанскиот календар. На пример: 2026 - 1911 = 115-та година на Републиката.

Особености на календарот

[уреди | уреди извор]

Грегоријанскиот календар бил прифатен од Република Кина на 1 јануари 1912 година за официјалните работи, но општата јавност и понатаму продолжила да го користи традиционалниот кинески календар. Статусот на Грегоријанскиот календар биа нејасен меѓу 1916 и 1921 година кога Кина била контролирана од неколку сопернички воени водачи секој поддржан од странски колонијални држави. Од 1921 па сè до 1928 борвите продолжиле за влијанието во северна Кина, но Kuomintang или националистичката влада ја контролира јужна Кина и го користи Грегоријанскиот календар. Откако Kuomintang ја пресоздава Република Кина на 10 октомври 1928 година, се прифаќа Грегоријанскиот календар како официјален, и започнува да се користи од 1 јануари 1929 г. Во Народна Република Кина почнува да се употребува Грегоријанскиот календар од 1949 година.

Покрај прифаќањето на Грегоријанскиот календар, одбројувањето на годините сè уште било проблем. Кинеската царска традиција била да се користи името на царот како ера и годината на владеењето. Еден приод кон ова прашање било да се користи на историко-митолошкиот Жолт Цар од третиот милениум пред нашата ера за да се одбројуваат годините. Во почетокот на XX век, некои од кинеските републиканци барале систем во кој годините се постојано одбројувани, на тој начин броењето би било независно од името на царот.(Обид да се намали влијанието на Qing Dynasty.)

Кога Sun Yat-sen станува преоден претседател на Република Кина, тој испратил телеграми до водачите на провинциите и објавил дека тринаесеттиот ден од единаесеттиот месец на 4609 година од владеењето на Жолтиот Цар ќе биде 1 јануари 1912 година и истата ќе биде првата година од постоењето на Република Кина. Првичнарта причина за Мингуо- календарот била да се следи царската традиција за именување на годините според бројот на години во кои владеел царот, што претставувало препознатлив настан во Кина. Со создавањето на републиката, а со тоа и отсуството на цар, се одлучило да се користи годината на воспоставување на моменталниот режим. На овој начин се решил проблемот на честото менување на календарот, бидејќи ниеден император не владеел подолго од 61 година низ кинеската историја Kangxi Emperor е најдолго владеачкиот цар кој владеел од 1662–1722 (Kangxi 61). (Qianlong Emperor се повлекол од престолот во 1795, т.е. Qianlong 60, но владетелското име на Qianlong is still продолжило да се користи сè до неговата смрт во 1799 т.е. Qianlong 64.)

Традиционално името на ерите се запишувало со два знаци, 民國 (Мингуо, „Република“) и се користи како кратенката 中華民國 (Zhōnghuá Mínguó, „Република Кина“). Првата година, 1912, е наречена 民國元年 (Mínguó Yuánnián) и 2010,„99-та година од Републиката“ е 民國九十九年, 民國99年, или само 99.

Според основниот кинески национален стандард КНС 7648: датите и променливите облици на информации и различните прикази за дати и време, (сличен на ISO 8601), броењето на годините го користи AD системот како и РК ерата. На пример, 3 мај 2004 може да се запише и како 2004-05-03 или РК 93-05-03.

РК ерата е ист налин на броење како и броењето на годините кое се користи во Џуче календар на Северна Кореја, бидрејќи нејзиниот основач, Ким Ил Сунг, е роден во 1912 година. Годините во јапонскиот Таишо период (30 јули 1912 до 25 декември 1926) се во случајна подреденост со РК ерата.

Покрај РК Мингуо-календар, Тајванците продолжиле да го користат месечево-сончевиот кинески календар за одредени функции како што се датите на многу празници, одредувањето на староста на луѓето, и религиозните обреди.

Аргументи за и против

[уреди | уреди извор]

Употребата на РК ерата се проширила и надвор од официјалните документи. На пример при означувањето на датата на изминување на рокот на производите за извоз, истите можат да бидат збунувачки бидејќи датата ќе наликува како да истекла 11 години пред навистина да истече рокот.[1] Недоразбирањата се почести кога недостасува записот за (РК или 民國).

Постојат обиди за воведување на легислатива од партиите за независност на Тајван како што е демократската народна партија за укинување на републиканскиот календар и да се воведе Грегоријанскиот календар.[2]

Поврзаност со Грегоријанскиот календар

[уреди | уреди извор]

Општо, РК ерата се добива со одземање на бројот 1911 од Грегоријанскиот календар.

РК ера12345678910
НЕ1912191319141915191619171918191919201921
РК ера11121314151617181920
НЕ1922192319241925192619271928192919301931
РК ера21222324252627282930
НЕ1932193319341935193619371938193919401941
РК ера31323334353637383940
НЕ1942194319441945194619471948194919501951
РК ера41424344454647484950
НЕ1952195319541955195619571958195919601961
РК ера51525354555657585960
НЕ1962196319641965196619671968196919701971
РК ера61626364656667686970
НЕ1972197319741975197619771978197919801981
РК ера71727374757677787980
НЕ1982198319841985198619871988198919901991
РК ера81828384858687888990
НЕ1992199319941995199619971998199920002001
РК ера919293949596979899100
НЕ2002200320042005200620072008200920102011
РК ера101102103104105106107108109110
НЕ2012201320142015201620172018201920202021
РК ера111112113114115116117118119120
НЕ2022202320242025202620272028202920302031
РК ера121122123124125126127128129130
НЕ2032203320342035203620372038203920402041
РК ера131132133134135136137138139140
НЕ2042204320442045204620472048204920502051
РК ера141142143144145146147148149150
НЕ2052205320542055205620572058205920602061
РК ера151152153154155156157158159160
НЕ2062206320642065206620672068206920702071
РК ера161162163164165166167168169170
НЕ2072207320742075207620772078207920802081

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2014-08-31.
  2. Jimmy Chuang "Taiwan may drop idiosyncratic Republican calendar". Taipei Times. 25 February 2006. page 1. Accessed 20 July 2009.