Пизански календар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Календарот користен во Пиза од средниот век до најмалку 1406 година (а можеби и до 1749 година)[1] започнувал на 25 март (традиционалниот датум на зачнувањето на Богородица според христијанската догма) во годината на воплотувањето на Исус (со што се случило во една година). Овој метод на сметање бил проследен и во Кортона и Пистоја. Датумите во пизанскиот календар се вели дека се во stile pisano ( „пизански стил“) или со calculus Pisanus („пизанско сметање“). Календарот му припаѓал на stile dell'Anunciazione („стил на Благовештение“), кој ја започнувал годината со Благовештение (25 март; стар датум), за разлика од оние на stile della Natività, која ја започнувал годината со Божиќ (25 декември), како календарите што биле користени во Арецо, Асиси и Перуџа. Фиренцискиот календар, како и оној на Сиена, исто така припаѓале на stile dell'Annunciazione, но првата година започнувала една година по воплотувањето на Исус.

Во принцип, неопходно е да се одземе една година од датумот даден во Писанскиот календар за да се добие една дадена во стандардниот Грегоријански календар. Ова не важи за датуми од 1 јануари до 24 март, кои се дадени во истата година и во двата календари, но се состојат во последните денови од Писанскиот календар и првиот од Грегоријанскиот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Кон, Самјуел Клајн. The Cult of Remembrance and the Black Death: Six Renaissance Cities in Central Italy. Балтимор: Johns Hopkins University Press, 1997, стр. 13.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Адријано Капели ја наведува 1749 година како датум кога промената на календарот била направена, но по проверување на документите указува дека промената најверојатно бил настаната во 1406 годинам кога Фиренца ја освоила Пиза.