Рунски календар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рунски даски во историскиот музеј во Лунд, Шведска .
Рунски календар наречен Сами.
Рунски календар од Естонскиот остров Сарема со секој месец на посебна дрвена даска.

Руниски календар постојан календар, чии различни записи се користеле во Северна Европа до XIX век. Типичниот руниски календар се состоел од неколку хоризонтални линии на симболи, поставени еден над друг. Посебни денови како долгоденици и краткоденици, рамноденици и прослави (вклучувајќи христијански празници и прослави) биле обележани со дополнителни линии на симболи.

Руниските календари се напишани на пергамент или врежани врз летви од дрво, коска или рог. Најстариот познат и единственот календар од средниот век, е стап Њукопинг, Шведска, за кој се верува дека потекнува од XIII век. Повеќето од неколкуте илјади што преживеале се дрвени календари кои датираат од XVI и XVII  век. Во текот на XVIII век, рунските календари поминале низ процес на ренесанса, и календарите со потекло од 1800 година биле изработени во облик на месингани кутии за тутун.

Календарот се заснова на 19 годишниот Метонски циклус, во сооднос со Сонцето и Месечината, но календарот дава до знаење колку е долга тропската година или пак за потребата од престапни години . Двете лизгачки половини се усогласени и усогласени на почетокот на секоја година по набудувањето на првата полна месечина по зимската краткоденица. Првата полна месечина го означи и датумот на Оддавање, пагански празник и ден за прослава.

Ознаки[уреди | уреди извор]

На една линија, се напишани 52 недели од по 7 денови беа изложени со употреба на 52   повторувања на првите седум руни од Футарк Помладиот. Руните што соодвествувале на секој работен ден се разликувале од една година до друга година.

На друга линија, многу од деновите биле обележани со еден од 19-те  знаци што ги претставувале 19-те златни броеви, за годините на Метонскиот циклус. Во првите календари, секоја од 19-те години во циклусот била претставена со рун; првите 16 биле 16-те  руни на Футарк Помладиот, плус три специјални руни за преостанатите три години. Новата месечина би била на тој ден во текот на таа година од циклусот. На пример, во 18-ата година од циклусот, младите месечини би биле на сите датуми обележани со Твимадур, знакот за 18-тата година (Погледајте подолу). Подоцнежните календари користеле пентални броеви за вредностите од 1–19.

Детал на рунски календар, на кој се прикажани трите реда на симболи. Засновано на Фарверк [1]

Постои и календар кој ја користи латинска азбука за викендите, а пак за работните денови се користеле арапски броеви, а апк календарот со златните броеви бил печатен во 1498 година, како дел од Брејвириум Скаренс.[2]

Дополнителни руни[уреди | уреди извор]

Бидејќи на овој систем му биле потребни 19 руни да ги претставуваат 19-тите златни броеви со кои се означувале 19-те години од циклусот на постојан календар, руните на Футарк Помладиот не биле доволни за запишување, бидејќи биле само 16 знаци. Осмисленото решение било да се додадат три специјални руни за да ги претставуваат останатите броеви: арлауг (златен број17), твимадур (златен број 18) и белгор (златен број 19).

Примстав[уреди | уреди извор]

Примстав од Халингдал со грбот на Норвешка, XVII  век.

Примастав (превод: првичен стап) е древен норвешки календарски стап. На нив биле резбани слики наместо руни. Сликите ги прикажуваа различните верски празници кои не го менувале датумот на славење. Најстариот примстав, кој сè уште постои е од 1457 година и е изложен на Норвешкиот народен музеј.

Норвешки примастав, изрезбан во дрво.

Современа употреба[уреди | уреди извор]

Приврзаниците на естонската етничка религија ( мауск ) објавуваат рунски календари ( естонски:сирвилауа ) секоја година од 1978 година. За време на советската окупација, станала незаконска објава позната како Самиздат.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Farwerck, F.E. (1970). Noord-Europese Mysteriën en hun sporen tot heden. Deventer: Ankh-Hermes. стр. 104.
  2. Brinolf Gerlaksson, bishop of Skara (commissioned by) (1498). Breviarium Scarense. Nuremberg: Georg Stuchs. стр. 2–13. Посетено на 2010-06-20.
  3. „Sirvilauad loevad aega“.

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Becker, Alfred (2006). „A magic spell "powered by" a lunisolar calendar“. Asterisk, A Quarterly Journal of Historical English Studies. 15.
  • Becker, Alfred (1973). Franks Casket. Zu den Bildern und Inschriften des Runenkästchens von Auzon. Regensburg.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Germanic peoples