Саем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Штандот на Samsung на саемот CES2009

Саем[1][2] или панаѓур[3][4] — претставува општествена манифестација која им овозможува на приватни компании да ги изложуваат своите производи или услуги. Саемите според географската положба се делат на интернационални, национални и регионални саемски манифестации. Саемот претставува место каде луѓето остваруваат директен контакт со производителите на одредени производи.

Најпознатиот организатор на саемски случувања во Македонија е Скопски саем

Во последно време електронските манифестации полека полека е селат кон Интернетот. Најпозната електронска саемска манифестација во Македонија е Мак EXPO http://www.makexpo.com.mk Архивирано на 28 август 2011 г. Саемското претставување станува достапно и за помалите претпријатија кои имаат интерес за промоција и маркетинг.

Саемот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Панаѓур“ — песна на македонскиот поет Наум Целакоски од 1963 година.[5]
  • „Панаѓур на чуда“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[6]
  • „Ренесансен саем“ (англиски: Renaissance Fair) — песна на американската рок-група Брдс (The Byrds) од 1967 година.[7]
  • „Таа одеше низ саемот“ (англиски: She moved through the fair) — песна на северноирскиот музичар Ван Морисон и групата „Чифтанс“ (The Chieftains) од 1988 година.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]