Народна Република Кина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За Кинеската цивилизација, видете Кина (појаснување).
Не треба да се поистоветува со Република Кина (Тајван).
Народна Република Кина
中华人民共和国
Zhōnghuá Rénmín Gònghéguó
(Џунгхуа женмин гунгхегуо)
Знаме Грб
ХимнаМарш на доброволците
《义勇军进行曲》
Главен градПекинг (北京市)
39°55′N 116°23′E / 39.917° СГШ; 116.383° ИГД / 39.917; 116.383
Најголем град Шангај (上海市)
Службен јазик Стандарден мандарински (де факто)[1]
Признаени регионални јазици Видете Јазици во Кина
Службено писмо Упростено писмо[1]
Народности  92% Ханци; 55 признаени народности
Демоним Кинези
Уредување народна република,[2]
Комунистичка држава,[3][4]
[б]
 •  Претседател Си Ѓинпинг
 •  Премиер Ли Кеќанг
 •  Претседател на ПКННС Ву Бангуо
 •  Претседател на НКНПСС Џиа Чинглин
Законодавство Национално народно собрание
Основана
 •  Прогласување на НР Кина 1 октомври 1949 
Површина
 •  Вкупна 9.640.821 км2 [в] или 9.671.018 km2[в](3та/4та)
 •  Вода (%) 2,8[г]
Население
 •  проценка за 2010 г. 1.338.612.968[5] (1ва)
 •  Попис 2000 1.242.612.226 
 •  Густина 139,6 жит/км2 (53та)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 •  Вкупен $8,767 трилиони[6] (2ра)
 •  По жител $6.549 (97ма)
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 •  Вкупно $4,911 трилиони[7] (3та)
 •  По жител $3.696 (98ма)
Џиниев коеф. (2012)55.0[8][9]
висок
ИЧР (2013) 0.719[10]
висок · 91ва
Валута Кинески јуан (женминби) (¥) (CNY)
Часовен појас Кинеско стандардно време (UTC+8)
Датумски формат гггг-мм-дд
или ггггмд
(н.е.; н.е.-1949)
Се вози на десно, освен Хонгконг и Макао
НДД .cn[г]
Повик. бр. +86[г]
б. ^ Од 1980-тите наваму не е возможно да се утврди едноставна карактеризација на политичката структура. в. ^ 9.598.086 km2 каде не се вброени спорните територии.
9.640.821 km2 Тука спаѓа областа (Аксај Чин и Транскаракорамскиот Предел под управа на НР Кина, а на кои полага право Индија), Тајван не се смета.[11]г. ^ Податоците важат само за самата Кина. Тука не се бројуваат Хонгконг, Макао и териториите под јурисдикција на Република Кина (наречен Тајван).

Народна Република Кина или скратено НР Кина (кинески: 中华人民共和国, пинјин: Zhōnghuá Rénmín Gònghéguó, мак. тр.Џунгхуа женмин гунгхегуо“) — држава која опфаќа најголемиот дел од културниот, историскиот и географскиот простор на Кина. Од своето формирање во 1949 година, таа е водена од Комунистичката партија на Кина. Кина е најнаселена држава во целиот свет со повеќе од 1.250.000.000 жители, од кои повеќето припаѓаат на групата Хан. Таа е најголема земја на подрачјето на Источна Азија, и четврта по големина во целиот свет. Кина граничи со 14 земји: Авганистан, Бутан, Мјанмар, Индија, Казахстан, Киргизстан, Лаос, Монголија, Непал, Северна Кореја, Пакистан, Русија, Таџикистан и Виетнам. Народна Република Кина го смета островот Тајван за дел од својата територија, меѓутоа тој фактички не е под нејзин суверенитет.

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Кина.
Кинеската долина во V век п.н.е.

Кина е гледана како посебна древна цивилизација која се протега на една голема област во Источна Азија, еден народ и / или мултинационален ентитет. Со скоро 4 илјади години на континуирана историја, Кина е една од најстарите цивилизации во светот. Пред XIX век, таа поседувала едно од најмодерните општества и економии во светот, но поради последователните династии ја пропушта индустриската револуција во Европа и почнува да се намалува. Во XIX и XX век, империјализмот, внатрешната слабост и граѓанските војни ја оштетиле земјата и нејзината економија, доведува до соборување на царската власт. Во 1949 година завршува кинеската граѓанска војна и се појавуваат две држави кои се нарекуваат „Кина“ :

  • Народна Република Кина (НР Кина), формирана во 1949 година, попозната како Кина, има контрола над копнениот дел на Кина и во голема мера самоуправната власт на териториите во Хонгконг (од 1997) и Макао (од 1999).
  • Република Кина (РК), основана во 1912 година во копнениот дел на Кина, сега попознатa како Тајван, има контрола над островите Тајван, Пенгу, Кинмен, Матцу, групниот остров Пратас, и неколку други острови.

Во 1950 година, промените на економските политики во Тајван го трансформираа островот во технолошки ориентирана индустриска развиена економија, со период на високи стапки на раст и брза индустријализација. Во копнениот дел на Кина, во 1970-тите, реформите познати како "Четири модернизации" го подобрија земјоделството, индустријата, технологијата и одбраната, а со подигањете на животниот стандард НР Кина станува една од големите сили. До 2011 година се јавуваат проблемите на зголемен јаз помеѓу богатите и сиромашните, деградацијата на животната средина и масовната корупција. Историски гледано, културната сфера на Кина се протега низ цела Источна Азија, со кинеска религија, обичаи и писмен систем кои беа развиени во различни насоки од страна на соседите како што се Јапонија, Северна Кореја и Виетнам. Со текот на нејзината историја, Кина беше извор на многу големи пронајдоци. Исто така, поседува еден од најстарите системи на писмен јазик на светот. Првите докази за човечко присуство во регионот се пронајдени во пештерата Жодокиан. Тоа е еден од најраните познати примероци на хомо еректус, сега познат како Пекиншки човек, а се проценува дека живееле од пред 300.000 до 780.000 години.

Географија[уреди | уреди извор]

Релјеф[уреди | уреди извор]

Кина по градбата и постанокот се состои од три големи подрачја: стари грамадни планини на исток, палеозојски планини на северозапад и млади верижни планини на југозапад. Врз релјефот на Кина големо влијание имало понирањето на Индиската литосферна плоча под Евроазиската, при што дошло формирањето на Тибетската висорамнина и настанувањето на Хималаите. Тибет со просечна висина од 4000м е највисоката висорамнина во светот. Тибет на југ е опкружен од Хималаите, а на север се наоѓа Кунлун. Тибетската висорамнина на југоисток постепено се спушта преку рамнината Јунан Гизу. Во низинските подрачја најголема е Источнокинеската Низина во Манџурија, Големата низина во долниот тек на Хоанг Хо и рамнината во средниот и долниот тек на реката Јангцекјанг. А низините меѓу себе се одвоени со ниски шуми. Од големите планински делoви кои се под вечен снег се спуштаат големи ледници. Копното е воглавно ниско, а морето до копното е плитко(200м). На Кина ѝ припаѓаат 5400 острови.

Клима[уреди | уреди извор]

Освен географската положба и релјефот на климата на Азија големо влијание имаат и монсунските ветрови. Во долините на големите реки се чувствуваат влијанијата на океанот длабоко во внатрешноста на копното, сè до Монголија. Поради тоа во југоисточниот дел на Кина има суптропска клима (1600 до 2000мм врнежи). А во северниот дел има ладна и сува континентална клима. Тука врнежите не достигнуваат 1000мм. Во северниот дел на Кина сушите се многу чести. Најмногу врнежи има во јужните краеви на Тибет поради летните монсуни. Во западниот континентален дел на Кина зимите на високите планини се долги и многу ладни, а летата се кратки и студени. Во југоисточното приморје на Кина тајфуните често прават пустоши.

Води[уреди | уреди извор]

Големата речна мрежа на Кина ја сочинуваат реките Јангцекјанг (која е трета река по должина во светот), Хоанг Хо (жолта река), Шијанг, Соанг Хо, Јианга и Амур. Во северниот дел на Кина речната мрежа е добро развиена, но во зима реките замрзнуваат. Во Jужна Кина, главна река е Сикјанг која со разгранета делта се влева во Јужнокинеското Море. Пловни се реките во јужниот и во средниот дел на Кина. Постојат и пловни канали, од кои најпознат е Големиот Канал, долг 1.800 км и служи за наводнување. Со каналите се овозможува наводнување на 49,8 милиони хектари од земјоделските подрачја во Кина. Најголем број езера има во внатрешниот дел на Кина.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Видете: Административна поделба на Кина

Демографија[уреди | уреди извор]

Карта на густината на населението во НР Кина од 2009 година. Источните крајбрежни покраини се погусто населени од западната внатрешност на земјата

Според националниот попис од 2010 година во Народна Република Кина живееле 1,370,536,875 жители. Околу 16.60% од населението било на возраст од 14 години или помлади, 70.14% биле помеѓу 15 и 59 години, и 13.26% биле над 60 години.[12] Стапката на раст на населението за 2013 година е проценета на 0.46%.[13]

Народности[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Народности во Кина.

Кина официјално признава 56 различни народности, од кои најголемата ја претставуваат Хан Кинезите, кои сочинуваат околу 91,51% од вкупното население.[14]

Јазици[уреди | уреди извор]

Во Кина се зборуваат 292 живи јазици.[15]

Религија[уреди | уреди извор]

Верници во Кина
Кинеска Народна Религија
  
73,56 %
Будисти
  
15,87 %
Христијани
  
2,53 %
Муслимани
  
0,45 %
Други
  
7,6 %

Економија[уреди | уреди извор]

Графикон на најголемите економии во развој според БДП по жител мерен според ПКМод 1990 до 2013. година. Забележителен е брзиот економски раст на Кина.[16]
Зградата на Шангајската берза во Луѓацуеј, деловниот дел на Шангај. БДП на Шангај во 2011 година изнесувал 304 милијарди долари, по што е рангиран на 25. место меѓу градовите во светот.[17]

Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд номиналниот бруто домашен производ во Кина во 2014 година изнесувал 10.355.350.000.000 американски долари.[18] Бруто домашниот производ мерен според паритетот на куповната моќ истата година изнесувал 17.632.014.000.000 американски долари.[18] Според еден од двата критериуми Кина била на првото место пред Соединетите Американски Држави. Номиналниот БДП по жител во 2014 година изнесувал 7.572 US$, додека БДП мерен со паритетот на куповната моќ по жител изнесува 12.893 US$.[18]

Економска историја на НР Кина[уреди | уреди извор]

Од оснввањето во 1949 година до крајот на 1978 година, Народна Република Кина имала планска економија од советски тип. По смртта на Мао Це Тунг во 1976 година и крајот на Културната револуција, Денг Сјаопинг и новото кинеско раководство почнале со реформи за создавање пазарна економија со одредена улога на државата. Била напуштена колективизацијата во земјоделието, земјишните поседи биле приватизирани, а трговијата со странство станала главна ориентација на државата, заради што биле создадени „посебни економски зони“. Неефикасните државни претпријатија биле реструктуирани, а непрофитабилните веднаш биле затворени што довело до големи отпуштања на работници. За денешна Кина карактеристично е постоењето на економија заснована на приватна сопственост[19] и таа е еден од најдобрите примери на државен капитализам.[20][21] Државата и натаму ја има главната улога во стратешките стопански гранки како што се енергетиката и тешката индустрија, но бројот на приватни претпријатија се зголемува со огромна брзина, па во 2008 година биле регистрирани триесет милиони приватни претпријатија.[22][23]

Нанкиншки пат, една од главните трговски улици во Шангај

Од почетокот на економската либерализација во 1978 година, Кина има една од најбрзо растечките економии во светот.[24] Растот на нејзиното стопанство главно се заснова на инвестиции и извоз.[25] Според податоците на ММФ, просечниот годишен раст на БДП на Кина меѓу 2001 и 2010 година изнесувал 10,5%, додека меѓу 2007 и 2011 бил еднаков на вкупниот раст на сите земји членки на групата Г-7.[26] Високата продуктивност, ниските трошоци на работа и релативно добрата инфраструктура ѝ овозможиле да стане светски лидер во прозводството. Меѓутоа, проблемот на кинеското стопанство е неефикасното користење на големи количини енергија, што придонело во 2010 година Кина да стане најголем потрошувач на енергенси на светот.[27] Во септември 2013 година, Кина станала најголем увозник на нафта на светот, додека за задоволување на повеќе од 70% од потребите за енергија и понатаму користи јаглен.[28][29] Во почетокот на второто десетлетие на 21 век, стапката на раст на кинеското стопанство почнала да се смалува, за што придонеле проблемите на домашниот пазар на кредити, смалената побарувачка од кинеска стока во светот и светската економска криза.[30]

Кинеската економија во светот[уреди | уреди извор]

Кина е членка на Светската трговска организација и земја со најголем обем на надворешна трговија, која во 2012 година изнесувала 3,87 билиони долари.[31] Кон крајот на 2010 година, Кина располагала со далеку најголеми девизни резерви на светот во вредност од 2,85 билиони долари, што претставувало зголемување од 18,7% во однос на претходната година.[32] Во текот на 2012 година, Кина привлекла најмногу директни странски инвестиции во износ од 253 милијарди долари,[33] додека истата година кинеските инвестиции во странство изнесувале 62,4 милијарди долари.[33] Се проценува дека во 2009 година Кина имала 1,6 билиони долари во вредносни хартии на американската влада,[34] и дека меѓу странските држави била најголем сопственик на јавниот долг на САД со 1,16 билиони долари обврзници на министерството за финансии на САД.[35] Заради потценетиот курс на својата валута Кина е изложена на критики на претставниците на водечките светски економии,[36][37] како и заради производство на големи количини фалсификувана стока.[38] Консултантската фирма Макинси проценила дека вкупните ненаплативи побарувања нараснале од 7,4 билиони долари во 2007, на 28,2 билиони долари во 2014 година, што претставува 228% од БДП на Кина.[39]

Споредба на номиналните БДП на најголемите светски економии
во милијарди долари според податоците на ММФ.[40]

Според конкурентноста на економијата Кина во 2009 година била на 29. место во светот,[41] додека според условите на работење во 2011 година била рангирана на 136. место од 179 земји.[42] На списокот 500 најголеми претпријатија на светот за 2014 година магазинот Форчен (англиски: Fortune) се нашле и 95 од Кина, со вкупни приходи од 5,8 билиони долари. Истата година, Форбс објавил дека пет од десетте најголеми претпријатија, со чии акции може слободно да се тргува, се од Кина. Меѓу нив е и банката со најголеми штедни влогови, Индустриска и трговска банка на Кина.[43]

Во 2016 година, кинескиот банкарски систем станал најголем на светот, мерен според вредноста на вкупната актива, која изнесувала 33.000 милијарди американски долари.[44]

Наука и технологија[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Вредност на извезената високотехнолошка стока во долари во 2009 година

Кина била светски лидер во науката и технологијата до династијата Минг. Четирите големи откритија на Кина: хартија, компас, барут и печатарство се прошириле ширум Азија и Европа. Меѓутоа, кинеските научни активности се намалиле во 14 век. За разлика од научниците во Европа кои поминале низ научна револуција, средновековните кинески мислители не се обиделе опсервациите на природата да ги сведат на математички закони и не образувале школувана заедница која би можела да има критичко мислење и би можела да го преиспитува научниот придонес на другите. Кинеското општество се концентрирало на книжевноста, уметноста, јавната администрација, додека науката и технологијата се сметале за тривијални и помалку битни.[45]

После повеќе воени порази во судирите со западните нации во 19 век, кинеските реформисти почнале да ја промовираат модерната наука и технологија како дел од политиката за јакнење на државата. Граѓанската војна во Кина завршила во 1949 година со победа на Комунистичката партија, а напорите да се организира наука и технологија биле засновани на моделот на Советскиот Сојуз. Културната револуција (1966-1976) имала катастрофално влијание на кинеската наука бидејќи научниците биле прогонувани, а вложувањата во истражување и образование биле редуцирани. По смртта на Мао Це Тунг во 1976 година, вложувањата во науката и технологија драстично се зголемиле бидејќи преовладало мислењето дека тоа е столб на модернизацијата, а започнала и реформа на образовниот систем.[45]

Модерна ера[уреди | уреди извор]

После културната револуција, Кина брзо станала една од светските водечки технолошки сили,[46] вложувајќи преку 100 милијарди долари во научни истражувања и развој во 2011 година.[47] На науката и технологијата се гледа како битна работа за постигнување економски и политички цели, а се смета дека тоа е и извор на национална гордост до ниво тоа да се опишува како „технонационализам“.

Кина брзо развила образовен систем во кој било нагласено значењето на науката, математиката и инженерингот. Само во 2009 година преку 10.000 инженери докторирале, а 500.000 дипломирале, што е повеќе од која било друга држава.[48] Кина е втора во светски рамки по бројот на објавени научни трудови, само во 2010 година биле објавени 121.500 труда, од кои 5.200 во водечки меѓународни магазини.[49] Кинеските компании како Хуавеј и Леново се светски лидери во телекомуникациите и информатиката,[50][51] а кинеските суперсметачи редовно се рангираат меѓу најјаките.[52] Исто така Кина е и најголем инвеститор во технологијата на енергија од обновливи извори.[53]

Кинеската вселенска програма е една од најактивните во светот и важен извор на национална гордост.[54][55] Првиот сателит од Кина бил лансиран во 1970 година, а во 2003 Кина станала трета држава која самостојно испратила човечки екипаж во семирот. во 2008 година Кина ја извела првата мисија во која била изведена првата активност вон ракета во Шенгџоу 7 мисија. Во 2011 година била лансирана првата кинеска семирска станица Тијангонг-1, како прв дел во изградбата на големата вселенска станица со човечки екипаж до 2020 година.[56] Кинескиот лунарен програм имал во план во 2013 година да се лансира и на Месечината да слета беспилотно летало, а мисија со лунарно слетување било планирано за 2025 година.[57][58]

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Телекомуникации[уреди | уреди извор]

Бројот на корисници на мобилна телефонија во Кина е поголем од една милијарда и е прва во светот.[59] Исто така Кина е е земја со најголем број корисници на интернет,[60] во 2013 година имало повеќе од 591 милион, или 44 % од населението.[61] Просечната брзина на интернет-пристапот во 2013 година била 3,14 мегабити во секунда.

Чајна телеком и Чајна јуником со 20 % од светскиот пазар на широкопојасен интернет ги заземаат првите две позиции во глобални рамки. Чајна телеком имала 50 милиони претплатници, додека Чајна јуником имала повеќе од 40 милиони корисници.[62]

Кина развива сопствен систем за сателитска навигација со име COMPASS, кој во 2012 година почнал со работа во Азија,[63] а останатиот дел од светот би требало да се покрие до 2020 година.[64]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Маглев во Шангај, 2006

Од крајот на деведесеттите години на 20 век, патната мрежа во Кина била значително зголемена со мрежа од автопатишта. Кон крајот на 2012 година должината на автопатиштата во Кина достигнала 96.000 km, при што само во 2012 година биле изградени 11.000 km. Бројот на сопственици на приватни автомобили значително расте, така што во 2009 година бројот на продадени возила бил поголем од оној во САД, со вкупен број продадени возила од преку 13,6 милиони.[65] Аналитичарите предвиделе дека годишната продажба на возила ви Кина може да порасне дури на 40 милиони годишно до 2020 година[66] Спореден ефект од брзиот раст на патната мрежа и возила е значаен раст на сообраќајните несреќи, главно заради лошо спроведените сообраќајни закони, така што само во 2011 година настрадале 62.000 лица.[67][68]

Кина ја има најдолгата железничка мрежа за големи брзина со преку 9.700 km.[69] Од тоа 3.515 km се пруги за брзини од преку 300 km/h.[70] Во 2011 година во Кина бил направен првиот воз за големи брзини без странска помош.[71] Кина планира да изгради до 2020 година мрежа од 16.000 km пруги за големи брзини.[72] Системи за брз транспорт на луѓе нашироко се градат во кинеските градови во форма на мрежи од подземни системи.

Кина во 2013 година била најголем градител на нови аеродроми, а кинеската влада го спроведува петгодишниот план на вложувања од 250 милијарди долари за да го развие и модернизира домашниот патнички транспорт.[73] Во урбаните средини и покрај порастот на бројот на автомобили, велосипедите остануваату многу значаен вид транспорт, така што 2012 година во Кина постоеле околу 470 милиони велосипеди.[74]

Демографија[уреди | уреди извор]

Мапа од 2009 година која ја прикажува густината на населеност по провинции. Провинциите на источниот брег имаат значително поголема густина на населеност во однос на оние на запад и во внатрешноста на земјата.

Во Кина во 2013 година живеле 1.360.720.000 жители.[75] Мажите претставуваат 51,24, а жените 48,76 % од населението.[75] Во градовите живеат 53,73, а во селата 46,27 % од жителите на Кина.[75] Лицата помлади од 15 години претставуваат 16,4 %, лицата меѓу 15 и 65 година претставуваат 73,9 %, а лицата постари од 65 година претставуваат 9,7 % од населението.[76] Природниот прираст во 2013 година изнесувал 4,92‰, стапката на фертилитет била 12,08‰ додека стапката на морталитет 7,16‰.[77]

Од почетокот на економските реформи во 1978 година во Кина значително се намалила сиромаштијата, па бројот на жители кои живеат со помалку од еден долар дневно паднал од 64% на 10%. Невработеноста во градските средини во 2007 година изнесувала 4 %[78] а во 2013 околу 4,1 %.[79][80]

Заради исклучително големиот број на жители и намалувањето на природните ресурси кинеската влада од 1979 до 2015 година спроведувала политика со која сакала да го ограничи растот на популацијата позната како политика на едно дете.[81] Пред 2013 година, со оваа политика семејствата биле ограничени на едно дете, со исклучоци за националните малцинства и семејствата во селски средини. Во декември 2013 година, „политиката на едно дете“ е ублажена со тоа што на семејствата им било дозволено да имаат две деца доколку еден од родителите бил единец.[82] Кинескиот министер за планирање семејства во 2008 година обзнанил дека политиката на едно дете ќе се спроведува барем до 2020 година.[83] Отпорот на политиката на едно дете особено бил изразен во селските средини, првенствено заради потребата од работна сила и традиционалното претпочитање на машко дете. Семејствата кои ја прекршувале оваа политика често лажно се изјаснувале при пописот на населението.[84] Кон крајот на октомври 2015 година кинеските власти најавиле укинување на политиката на едно дете и дека паровите ќе може да имаат по две деца.[85]

Промената на бројот на жители во Кина од 1949 до 2008 година

Политиката на едно дете, со традиционалното претпочитање на машко дете, придонела за несразмерност на половите на новороденчињата.[86][87] На основа на резултатите од пописот во 2010 година, на секои 100 девојчиња биле родени 118,06 момчиња, што е далеку повеќе во однос на остатокот од светот каде на 100 девојчиња се раѓаат 105 момчиња.[88] Меѓутоа, односот на половите денес е поурамнотежен отколку на почетокот на педесеттите години на 20 век кога мажите претставувале 51,82 % од населението.

Етнички групи[уреди | уреди извор]

Во Кина официјално се признати 56 етнички групи, од кои најголема се Хан Кинезите, кои претставуваат 91,51 % од населението.[14] Хан Кинезите – најголемата етничка група на светот[89] – претставуваат мнозинство во сите провинции и автономни покраини освен во Тибет и Синкјанг.[90] Според резултатите од пописот во 2010 година, националните малцинства претставуваат 8,49 % од жителите на Кина.[14] Во споредба со пописот од 2000 година, бројот на припадници на народот Хан е зголемен за 66.537.177 жители, или 5,74 %, додека вкупниот број на припадниците на 55 национални малцинства е зголемен за 7.362.627 лица, или 6,92 %.[14] Со пописот во 2010 година биле евидентирани и 593.832 странски државјани кои живееле во Кина. Најмногу странци биле од Јужна Кореја (120.750), САД (71.493) и Јапонија (66.159).[91]

Јазици[уреди | уреди извор]

Етнолингвистичка мапа на Кина за1990 година

Во Кина во употреба е 297 живи јазици.[92] Преовладуваат јазиците од синтичката гранка на синотибетски јазици, меѓу кои се мандаринскиот (мајчин јазик на 70 % од жителите на Кина),[93] и други кинески јазици: ву (вклучувајќи го шангајскиот), јуе (вклучувајќи ги кантонскиот и тајшанскиот), мин (вклучувајќи ги хокиен и чаошан), сјанг, ган, хака. Тибетско-бурмански јазици кои се зборуваат во Кина се: тибетски, ќанг, насји, ји. Говорителите на овие јазици главно живеат на Тибетската и висорамнината Јунан-Гуејџоу. Меѓу малцинските јазици во југозападна Кина спаѓаат тај-кадајските јазици џуанг, тај, дунг и суеј, потоа хмног-мјен јазиците мјао и јао, и австроазискиот јазик ва. Во североисточна и северозападна Кина малцинските народи зборуваат на алтајски јазици вклучувајќи го манџу, монголскиот и неколку туркиски јазици: ујгурски, казашки, киргиски, саларски и западноујгурски. Корејскиот се зборува главно долж границата со Северна Кореја. Единствен индоевропски јазик во Кина е сариколи, на кој зборуваат Таџиците во западен Синкјанг.

Стандардниот мандарински, варијанта на мандаринскиот заснована на пекиншкиот дијалект, е службен јазик државата. Исто така, него за комуникација го користат лицата на кои мајчин јазик им е некој од малцинските јазици.[94]

Илјадници години за пишување на синтичките јазици се користат кинески карактери. Со нивна помош можна е пишана комуникација меѓу говорителите на заемно неразбирливи кинески јазици и дијалекти. Кинеска влада во 1956 година го вовела во употреба упростено кинеско писмо кое со текот на времето го потиснало постарото традиционално писмо на простору НР Кине. Латиничко писмо намењено транскрипцији кинеских карактера је пинјин. Тибетанци користе алфабет заснован на индијском писму. Ујгурски се углавном пише персијско-арапским писмом. Манџу и монголско писмо у Кини је настало из староујгурског алфабета. Модерни џуанг користи латиничко писмо.

Градови[уреди | уреди извор]

Во текот на последните десетлетија кинеските градови многу се развиле. Процентот од населението кое живее во градските средини пораснал од 20% во 1990 на повеќе од 50% во 2014 година.[95][96] Се проценува дека до 2030 година во кинеските градови ќе живеат милијара жители што ќе претставува осмина од човештвото.[95][96] Во 2012 година во Кина имало повеќе од 262 милиони мигранти, главно луѓе од село кои во градовите дошле во потрага по работа.[97]

Во Кина постојат повеќе од 160 градови со преку милион жители,[98] меѓу кои и седум мегалополиси (градови со повеќе од десет милиони жители) Чунгкинг, Шангај, Пекинг, Гуангџоу, Тјенцин, Шенџен и Вухан.[99][100] Се проценува дека до 2025 година во Кина ќе постојат повеќе од 221 град со преку милион жители.[95] Заради големиот број луѓе кои флуктуираат т.е. мигранти, тешко е прецизно да се спроведе попис на населението во градовите.[101]


Кина како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Кинеска девојка“ (China girl) - песна на британскиот пејач „Дејвид Боуви“ (David Bowie) од 1983 година.[102]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Закон на НР Кина за стандардниот говорен и пишан кинески јазик (Претседателски указ Бр.37)
  2. Кина“. Енциклопедија Британика. (посет. 15 март 2010 г) (англиски)
  3. „ЦИА - Светска книга на факти -- Кина“. Светска книга на факти. Централна разузнавачка агенција (ЦИА). конс. 15 март 2010. Државно уредување: Комунистичка држава  (англиски)
  4. Биро за источноазиски и пацифички работи (октомври 2009). „Кина (10/09)“. Воведни забелешки. Стејт Департмент. конс. 15 март 2010. Државно уредување: Комунистичка партиски-раководена држава.  (англиски)
  5. . "Кина – Луѓе". https://www.cia.gov.+ (консултирано на 1 јануари 2010) (англиски)
  6. „ЦИА – Светска книга на факти“. ЦИА. конс. 27 јануари 2010.  (англиски)
  7. „Блумберг – БДП на Кина“. Блумберг. конс. 27 јануари 2010.  (англиски)
  8. „Income inequality in today's China“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 
  9. „Rich-poor gap widens: study“. Global Times. 
  10. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. конс. 27 јули 2014. 
  11. „БДП нараснува за 11,4%, најбргу во последните 13 години“. Chinadaily.net. 24 јануари 2008. конс. 15 јуни 2009.  (англиски)
  12. „Communiqué of the National Bureau of Statistics of People's Republic of China on Major Figures of the 2010 Population Census[1] (No. 1)“. National Bureau of Statistics of China. конс. 31 May 2015. 
  13. „POPULATION GROWTH RATE“. CIA. конс. 29 September 2013. 
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 „Communiqué of the National Bureau of Statistics of People's Republic of China on Major Figures of the 2010 Population Census (No. 1)“. National Bureau of Statistics of China. 28 April 2011. Архивирано од изворникот на 15 January 2013. конс. 14 June 2013.  Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „groups“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  15. Languages of China – from Lewis, M. Paul (ed.), 2009. Ethnologue: Languages of the World, Sixteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International.
  16. „World Bank World Development Indicators“. World Bank. 
  17. „Shanghai's GDP grows 8.2 % in 2011“. Xinhua. China Daily. 
  18. 18,0 18,1 18,2 „Report for Selected Countries and Subjects“. IMF. IMF. 
  19. „China is already a market economy—Long Yongtu, Secretary General of Boao Forum for Asia“. EastDay.com. 2008. Архивирано од изворникот на 9. 9. 2009. 
  20. „Communism Is Dead, But State Capitalism Thrives“. Vahan Janjigian. Forbes. 22. 3. 2010. 
  21. „The Winners And Losers In Chinese Capitalism“. Gady Epstein. Forbes. 31. 8. 2010. 
  22. John Lee. "Putting Democracy in China on Hold". The Center for Independent Studies. 26 July 2008. Приступљено 16 July 2013.
  23. English@peopledaily.com.cn (13. 7. 2005.). „People.com“. People. 
  24. „China's Economic Rise: History, Trends, Challenges, and Implications for the United States“ (PDF). Congressional Research Service. 5. 9. 2013. 
  25. China must be cautious in raising consumption“, „China Daily“.
  26. Walker, Andrew. „Will China's Economy Stumble?“, BBC, 16. 6. 2011..
  27. Swartz, Spencer. „China Becomes World's Biggest Energy Consumer“, „Wall Street Journal“, 19. 7. 2010..
  28. „The Ultimate Guide To China's Voracious Energy Use“. Business Insider. 17. 8. 2012. 
  29. China overtakes US as the biggest importer of oil“, BBC, 10. 10. 2013..
  30. China's economy slows but data hints at rebound“, BBC, 18. 10. 2012..
  31. „China trade now bigger than US“. Garry White. Daily Telegraph. 10. 2. 2013. 
  32. „China's forex reserves reach USD 2.85 trillion“. Smetimes.tradeindia.com. 
  33. 33,0 33,1 „FDI in Figures“ (PDF). OECD. 
  34. China must keep buying US Treasuries for now-paper“, 20. 8. 2009.
  35. Hornby, Lucy. „Factbox: US-China Interdependence Outweighs Trade Spat“, Reuters, 23. 9. 2009..
  36. 2007 trade surplus hits new record – $262.2B“, „China Daily“, 11. 1. 2008..
  37. China widens yuan, non-dollar trading range to 3 %“, 23. 9. 2005.
  38. „Intellectual Property Rights“ (PDF). Asia Business Council. 
  39. Scutt, David (16. 4. 2015.). „Germany's finance minister is worried about China's debt and shadow banking“. Business Insider. 
  40. „Nominal GDP comparison of China, Germany, France, Japan and USA“. World Economic Outlook. Меѓународен монетарен фонд. октомври 2014. 
  41. „The Global Competitiveness Report 2009–2010“ (PDF). Klaus Schwab. World Economic Forum. Архивирано од изворникот (PDF) на 1. 10. 2009. 
  42. „2011 Index of Economic Freedom“. The Heritage Foundation. 
  43. „The World's Largest Companies: China Takes Over The Top Three Spots“. Forbes. 7. 5. 2014. 
  44. Мирослав Саздовски, „Кинескиот банкарски систем стана најголем во светот“, Економија и бизнис, година 19, број 226, април 2017, стр. 76.
  45. 45,0 45,1 Donald D. DeGlopper (1987). A Country Study: China. Chapter 9 – Science and Technology. Library of Congress..
  46. "7 Technologies Where China Has the U.S. Beat". GreenBiz.com. 7 December 2010.
  47. "China 'to overtake US on science' in two years". BBC News, 28 March 2011
  48. "Desperately seeking math and science majors". CNN, 29 July 2009.
  49. "China publishes the second most scientific papers in international journals in 2010: report" Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски) . Xinhua, 2 December 2011.
  50. „Who's afraid of Huawei?“. The Economist. 4. 8. 2012. 
  51. „Lenovo ousts HP as world's top PC maker, says Gartner“. BBC. 11. 10. 2012. 
  52. 'Titan' supercomputer is world's most powerful“. The Daily Telegraph. 12. 11. 2012. 
  53. China have set a Renewable Energy Target of 10 % of Electric Power Capacity by 2010“, 11. 3. 2008..
  54. „China Now Tops U.S. in Space Launches“. Wired. 16. 4. 2012. 
  55. David Eimer, "China's huge leap forward into space threatens US ascendancy over heavens". The Telegraph. 5 November 2011.
  56. „Rocket launches Chinese space lab“. BBC. 29. 9. 2011. 
  57. „China to launch lunar rover in 2013“. Sen.com. 3. 8. 2012. 
  58. "China could make moon landing in 2025". The Guardian, 20 September 2010. Приступљено 17 October 2011.
  59. Flannery, Russell. „China Mobile Phone Users Now Top One Billion“, 30. 3. 2012..
  60. Barboza, David. „China Surpasses US in Number of Internet Users“, „New York Times“, 26. 7. 2008..
  61. Chinese internet use surges ahead“, BBC, 17. 7. 2013..
  62. „Broadband provider rankings: The Rise and Rise of China“. Telegeography.com. 28. 7. 2010. 
  63. China's Beidou GPS-substitute opens to public in Asia“, BBC, 27. 12. 2012..
  64. „China Begins Broadcasts on Latest Compass GNSS GEO Satellite“. Gibbons Media & Research LLC. јун 2010. Архивирано од изворникот на 11. 6. 2010. 
  65. „China auto sales officially surpass US in 2009, 13.6 million vehicles sold“. Industry News. 8. 1. 2010. 
  66. „China premium car sector remains bright spot“. Reuters. 23. 4. 2012. 
  67. „Chinese bus collides with tanker, killing 36“. BBC. 26. 8. 2012. 
  68. „China suspends tough new traffic penalties“. BBC. 6. 1. 2013. 
  69. „China opens world's longest high-speed rail route“. BBC. 26. 12. 2012. 
  70. Japan's bullet train will have a top speed of 310 mph“, „Daily Mail“, 16. 2. 2011..
  71. "China pushes ahead with high-speed rail". Financial Times, 27 December 2011.
  72. "China boasts biggest high-speed rail network". Agence France-Presse via The Raw Story, 24 July 2011.
  73. „China's New Plan: A Great Leap Into The Air“. NPR. 19. 5. 2012. 
  74. „Bike-Maker Giant Says Fitness Lifestyle Boosting China Sales“. Bloomberg.com. 17. 8. 2012. 
  75. 75,0 75,1 75,2 „Population and Its Composition“ (XLS). National Bureau of Statistics of China. National Bureau of Statistics of China. 
  76. „Age Composition and Dependency Ratio of Population“ (XLS). National Bureau of Statistics of China. National Bureau of Statistics of China. 
  77. „Birth Rate, Death Rate and Natural Growth Rate of Population“ (XLS). National Bureau of Statistics of China. National Bureau of Statistics of China. 
  78. „Urban unemployment declines to 4 % in China“. Xinhua. People's Daily Online. 22. 1. 2008. 
  79. „China´s 2013 urban unemployment rate at 4.1 pct CCTV News - CNTV English“. 27. 12. 2013. Архивирано од изворникот на 12. 3. 2014. 
  80. „China's 2013 urban unemployment rate at 4.1 %“. Business Standard. 24. 1. 2014. 
  81. „The New England Journal of Medicine, September 2005“. Content.nejm.org. doi:10.1056/NEJMhpr051833. 
  82. China formalizes easing of one-child policy“, 28. 12. 2013..
  83. China to keep one-child policy“, CNN, 10. 3. 2008..
  84. China's population growth 'slowing'“, BBC, 28. 3. 2001..
  85. Кина укида „политику једног детета”“, Политика, 29. 10. 2015..
  86. Parry, Simon. „Shortage of girls forces China to criminalize selective abortion“, „The Daily Telegraph“, 9. 1. 2005..
  87. Chinese facing shortage of wives“, BBC News, 12. 1. 2007..
  88. „The odds that you will give birth to a boy or girl depend on where in the world you live“. Pew Research Center. 24. 9. 2013. 
  89. Lilly, Amanda. „A Guide to China's Ethnic Groups“, 7. 7. 2009..
  90. Veeck и др. 2011, стр. 102.
  91. „Major Figures on Residents from Hong Kong, Macao and Taiwan and Foreigners Covered by 2010 Population Census“. National Bureau of Statistics of China. National Bureau of Statistics of China. 29. 4. 2011. 
  92. „Languages of China“. Ethnologue: Languages of the World, Sixteenth edition. SIL International. 2009. 
  93. Kaplan & Baldauf 2008, стр. 42.
  94. Rough Guide Phrasebook: Mandarin Chinese. Rough Guides. 2011. стр. 19. ISBN 9781405388849. https://books.google.com/books?id=jlM3TMYg8HQC&pg=PA19#v=onepage&q&f=false. 
  95. 95,0 95,1 95,2 „Preparing for China's urban billion“. McKinsey Global Institute. February 2009. стр. 6,52. 
  96. 96,0 96,1 „Urbanisation: Where China’s future will happen“. The Economist. 19. 4. 2014. 
  97. China Now Has More Than 260 Million Migrant Workers Whose Average Monthly Salary Is 2,290 Yuan ($374.09)“, „International Business Times“, 28. 5. 2013..
  98. China's urban explosion: A 21st century challenge“, CNN, 20. 1. 2012..
  99. China's mega city: the country's existing mega cities“, 24. 1. 2011..
  100. Wu-Where? Opportunity Now In China's Inland Cities“, 7. 8. 2012..
  101. Francesco Sisci. "China's floating population a headache for census". The Straits Times. 22 September 2000.
  102. YouTube, DAVID BOWIE - CHINA GIRL (пристапено на 8.5.2017)

Поврзано[уреди | уреди извор]