Јапонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јапонија
日本国
Ниппон-коку
Знаме Царски печат
ХимнаКими га Јо (君が代?)
("Нека твоето владеење трае засекогаш")
Владин печат:
Печат на канцеларијата на Премиерот и Владата на Јапонија
Павловнија (五七桐 Го-Шичи но Кири?)
Главен град
(и најголем)
Токио (де факто)1
35°41′N 139°46′E / 35.683° СГШ; 139.767° ИГД / 35.683; 139.767
Службен јазик Нема закон кој ги определува официјалните јазици.[1] Јапонскиот е ширум познат и зборуван.
Признаени регионални јазици ајнски, источнојапонско и западнојапонско наречје, рјукјуански и неколку други јапонски дијалекти
Национален јазик Јапонски
Народности  98,5% Јапонци, 0,5% Корејци, 0,4% Кинези, 0,6% други[2]
Демоним Јапонец
Уредување Парламентарна уставна монархија
 •  Цар Нарухито
 •  Премиер Шинзо Абе
Законодавство Парламент
 •  Горен дом Дом на советници
 •  Долен дом Дом на претставници
Создавање
 •  Ден на основањето на нацијата 11 февруари, 660 п.н.е.3 
 •  Обнова на Мејџи 29 ноември, 1890 
 •  Моментален устав 3 мај, 1947 
 •  Договорот од
Сан Франциско

28 април, 1952 
Површина
 •  Вкупна 377,873 км2 (62ра)
 •  Вода (%) 0,8
Население
 •  проценка за 2007 г. 127.433.494 (10та)
 •  Попис 2004 127.333.002 
 •  Густина 337 жит/км2 (30та)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $4.292 трилиони[3] (3та)
 •  По жител $33.596[3] (22ра)
БДП (номинален) проценка за 2007 г.
 •  Вкупно $4.381 трилиони[3] (2ра)
 •  По жител $34.296[3] (22ра)
Џиниев коеф. (2008)37.6[4]
среден · 76та
ИЧР (2013) 0.890[5]
многу висок · 17та
Валута Меѓународен симбол ¥ именуван (Јен)
Јапонски симбол наречен (Ен)
(JPY)
Часовен појас ЈСВ (UTC+9)
 •  (ЛСВ) нема (UTC)
Датумски формат гггг-мм-дд
гггг年м月д日
Ера гг年м月д日 (н.е.−1988)
Се вози на лево
НДД .jp
Повик. бр. 81
1. Јокохама е најголемиот вклопен град.
2. „World Factbook; Japan—Economy“. ЦИА. 2006-12-19. конс. 2006-12-28. 
3. Според легендите, Јапонија била основана на овој датум од царот Џиму, првиот цар на Јапонија; повеќе се смета за симболично.

Јапонија (јапонски: 日本, Нипон или Нихон) — островска земја источно од азискиот континент на западниот раб од Тихиот Океан. Јапонија има население од 127.333.002 жители. Главен град на Јапонија е Токио.

Етимологија на името[уреди | уреди извор]

Името Јапонија е егзоним. Јапонските имиња за Јапонија се Нипон (にっぽん) За снимкава слушај  и Нихон (にほん) За снимкава слушај ; Обете имиња се пишуваат користејќи ги Кaнџи знаците 日本. Името Нипон се користи за повеќето официјални потреби како што се на Јапонскиот јен, поштенскитемарки и интернационални спортски натпревари. Нихон е послободна варијанта и се користи разговорно. Јапонците себе си се нарекуваат Нихонџин (日本人), а нивниот јазик Нихонго (日本語). И Нихон и Нипон значат „потекло на сонцето“ и често се преведуваат како Земја на Изгрејсонцето. Ова именување потекнува од позицијата на Јапонија источно од Кина. Пред Нихон да добие официјална употреба, Јапонија била позната како Ва (倭) или Вакоку (倭国).[6]

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Јапонија.

Региони[уреди | уреди извор]

Територијата на Јапонија е поделена на региони. Јапонија се состои од четири главни острови и голем број на помали острови. Најголемите и главни острови се, од север кон југ, Хокаидо (北海道), Хоншу (本州, најголемиот остров), Шикоку (四国), и Кјушу (九州). Исто така Јапонија се состои од 6 800 острови со брег од 100 метри или повеќе. Хоншу, убедливо најголемиот и најнаселениот остров во Јапонија, е поделен на пет региони. Другите острови не се поделени на подрегиони, па така секој претставува еден регион. Од север кон југ тие се:

  1. Хокаидо - најголеми градови се Сапоро и Хакодате.
  2. Тохоку - североисточен Хоншу во кој најголемите градови се Сендај и Фукушима.
  3. Kанто - крајбрежна низина која ги вклучува Токио, Кавасаки, Јокохама и Јокосука. Тука исто така спаѓаат општините Гунма, Саитама, Чиба, Точиги и Ибараки.
  4. Чибу - планински среден регион доминиран од Јапонските Алпи и четвртиот најголем град во Јапонија Нагоја.
  5. Кинки (значи: близу главниот град) - Познат и како Кансаи регион, древен културен центар и трговски центар кој ги вклучува Осака, Кјото, Хјого, Нара, Вакајама и Шига.
  6. Чугоку (значи: Кина) - ги вклучува градовите Хирошима и Окајама.
  7. Шикоку - најмалиот од четирите острови, познат како дестинација за будистичките аџии. Најважните градови се Мацујама и Такамацу.
  8. Кјушу - најјужниот од четирите главни острови. Најважните градови се Фукуока, Китакјушу и Нагасаки.
  9. Окинава - полутропски јужен ланец на острови кој се протега до Тајван. Единствениот голем град е Наха.

Често, поради својата големина, Окинава се брои заедно со Кјушу како Кјушу/Окинава регион.

Географија на Јапонија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јапонски Архипелаг.

Јапонија, земја на острови, се протега по источниот брег на Азија. Главните острови (Хокаидо, Хоншу, Шикоку и Кјушу) некогаш се нарекуваат и домашни острови. Наха, на островот Окинава, во Рјукју архипелагот, се наоѓа 600 km на југозапад од Кјушу. Во поголемиот дел од островите во Јапонија спаѓаат 3.000 помали острови од архипелагот.

  • Површина: 377.835 км (вклучувајќи 3.091 км² територијални води)
  • Поголеми острови: Хоншу, Хокаидо, Кјушу, Шикоку
  • Брегови линии: 29.751 км²
  • Вештачки формирана земја во Токискиот Залив: 249 км²
  • Највисок врв: Фуџи: (3776 м)
  • Најниска точка: Хачиро-гата -4 м

Јапонија е 16-та најгусто населена земја во светот. Но, со оглед на тоа што 73% од земјата е планинска, со ланец планини кој се протега низ секој остров рамното земјиште е ограничено. Распоредот на населението е определен според верувањето дека планините се наменети за боговите, па така има мал агрикултурен и архитектонски развиток во планините низ Јапонија. Друга причина за недостатокот на развој во јапонските планини се земјотресите кои константно предизвикуваат лизгање на земјиштето на јапонските ридови.

Јапонија е ситуирана во вулканска зона на пацифичкиот огнен прстен. Фреквентни слаби потреси и повремени вулкански ерупции се чувствуваат низ островите. Уништувачки земјотреси, кои често резултираат во цунами, се случуваат повеќе пати во текот на еден век. Најскорешните земјотреси се оној од 2004 во Чуецу, и големиот зејотрес во Ханшин од 1995. Редовна појава во Јапонија се геотермалните извори (онсен), кои се максимално искористени како престојувалишта.

Клима[уреди | уреди извор]

Политички систем[уреди | уреди извор]

Административна поделба[уреди | уреди извор]

ХокаидоАомориАкитаИватеЈамагатаМијагиФукушимаНиигатаТочигиГунмаИбаракиНаганоСајтамаЧибаТокиоКанагаваТојамаИшикаваГифуФукуиЈаманашиШизуокаАјчиШигаКјотоМиеНараХјогоХјогоВакајамаТоториОкајамаШиманеХирошимаЈамагучиКагаваТокушимаЕхимеКочиФукуокаОитаСагаНагасакиКумамотоМијазакиКагошимаОкинаваТокиоКанагаваОсакаВакајамаRegions and Prefectures of Japan 2 mk.svg
За сликава

Економија[уреди | уреди извор]

Според номиналниот БДП Јапонија е на трето место во светот. Јавниот долг на Јапонија во 2016 година изнесувал повеќе од 230% од неговиот бруто домашен производ, најголем на целиот свет. Услужниот сектор сочинува три четвртини од бруто домашниот производ.

Јапонија има прилично развиени индустриски капацитети и тоа може да се види во некои од најголемите и технолошки најнапредните производители на моторни возила, електрични уреди, машински алати, челик и обоени метали, бродови, хемиски производи, текстил и храна. За земјоделство се користи 13% од територијата на државата, а покрај тоа многу е развиен и риболовот, бидејќи Јапонија остварува 15% од светскиот лов на риби. Во 2017 година Јапонија имала 65,01 милиони жители кои биле способни за работа и невработеноста во државата изнесувала само неверојатни 2,9%. Околу 20 милиони луѓе, или околу 17% од населението во државата, во 2017 година се наоѓале под линијата на сиромаштијата. Живеењето во Јапонија се одликува со ограничување на количината на земјиште во урбаните подрачја. Најголеми држави во кои се извезуваат производи се САД (19,4%), Кина (19%), Јужна Кореја (7,6%), Хонгконг (5,1%) и Тајланд (4,2%). Најголемиот дел од извозот го сочинуваат автомобилите, моторните возила и производи од железо и челик. Јапонија најмногу увезува од Кина (24,5%), САД (11%), Австралија (5,8%), Јужна Кореја (4,2%) и Саудиска Арабија (4,1%). Во оваа држава најмногу се увезуваат машини и опрема, фосилни горива, прехранбени производи, хемикалии, текстил и суровини за јапонската индустрија. Јапонскиот домашен пазар е најмалку отворен од сите држави. Администрацијата во Јапонија започнала со спроведување на одредени реформи кои се однесуваат на конкуренцијата на пазарот, а со тоа и странските инвестиции во државата значително пораснале.

Јапонија во 2018 година се нашла на 34. место според индексот на леснотија со вработување и има еден од најмалите даночни приходи во развиениот свет. Јапонската варијанта на капитализмот има свои карактеристични особености: постојаното вработување и напредување во кариерата засновано на староста е релативно вообичаено во јапонското работно опкружување. Најпознати јапонски глобални брендови се Тојота, Хонда, Канон, Нисан, Сони,Мицубиши, Панасоник, Нинтендо, Мазда и Сузуки.

Демографија[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Бројот на население во Јапонија се проценува на околу 128 милиони, од кои 80% живеат на островот Хоншу. Јапонското население е лингвистички, етнички и културно хомогено, сочинето од 98,5% етнички Јапонци,со мал број на странски работници. Корејци, Кинези, Филипинци, Бразилци претежно со јапонско потекло, Перуанци претежно со јапонско потекло и Американци се едни од малите малцински групи во државата.

Јазик[уреди | уреди извор]

Повеќе од 99% од населението го зборува јапонскиот јазик како мајчин јазик.

Образование[уреди | уреди извор]

Основното училиште, средното училиште и универзитетот го сочинуваат образовниот систем во Јапонија. Од 1947 година основното и нижото средно училиште се задолжителни и тие заедно траат вкупно 9 години (од 6 до 15 годишна возраст). Скоро сите деца го продолжуваат своето школување во вишо средно училиште кое трае дополнителни три години.

Образованието во Јапонија е едно од најразвиените во целиот свет. Јапонското население е многу добро образовано и образованите луѓе се многу почитувани од страна на општеството.

Најпознати и најразвиени универзитети се универзитетите во Токио и во Кјото, чии студенти се стекнале со вкупно 16 нобелови награди.

Верници во Јапонија
Шиотисти
  
51,8 %
Будисти
  
34,9 %
Шаотиска Оргензација и Други
  
4 %
Христијани
  
2,3 %
Без Религија
  
7 %

Спорт[уреди | уреди извор]

Sumo wrestlers competing in Tokyo

Традиционално, сумото се смета за национален спорт на Јапонија. Јапонските боречки вештини како џудо, карате и кендо се исто така широко распространети и гледачите од целиот свет сакаат да ги гледаат. По Обновата на Мејџи, многу западни спортови беа претставени во Јапонија и започнаа да се практикуваат во образовниот систем. Јапонија беше домаќин на Летните олимписки игри во Токио во 1964 год. Јапонија, исто така, двапати беше домаќин на Зимските олимписки игри, и тоа во Сапоро во 1972 год и во Нагано во 1998 год.

Професионалната бејзбол лига во Јапонија беше основана во 1936 год. Денес бејзболот е најпопуларен спорт за гледачите во оваа земја. Еден од најпознатите професионални бејзбол играчи е Ичиро Сузуки, кој моментално игра за Сиетл Маринерс. Садахару О беше многу познат надвор од границите на Јапонија. Тој постигна повеќе хоумранови во својата кариера отколку Хенк Арон во САД. Од формирањето на Јапонската професионална фудбалска лига во 1992 год., фудбалот се здоби со голема публика. Во Јапонија се одржуваше Интерконтиненталното првенство од 1981 год. до 2004 год. и таа беше ко-домаќин со Јужна Кореја на Светското првенство во фудбал во 2002 год. Јапонија го има еден од најуспешните фудбалски тимови во Азија, кој четири пати победи на Азиското првенство. Исто така, Јапонија победи на Светското првенство во фудбал за жени во 2011 год.

Голфот, е исто популарен во Јапонија, како и формите на тркање со автомобили, како што се Супер ГТ спортските трки и тркањето со формули. Патеката за тркање „Твин Ринг Мотеги“ беше завршена во 1997 год. од страна на Хонда со цел да ги донесат автомобилските трки Индикар и во Јапонија. Од Јапонија потекнува и еден кошаркар во НБА лигата, Јута Табусе.

Јапонија како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „法制執務コラム集「法律と国語・日本語」“. Легислативно биро на домот на советниците. конс. 2009-01-19. 
  2. CIA Factbook: Japan
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Јапонија“. ММФ. конс. 2008-10-09. 
  4. „World Factbook: Gini Index“. CIA. конс. 11 мај 2011. 
  5. „2014 Human Development Report“ (PDF). 2014. стр. 21–25. конс. 27 јули 2014. 
  6. Piggott, Joan R. (1997). The emergence of Japanese kingship. Stanford University Press. pp. 143–144. ISBN 0-8047-2832-1.
  7. Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 106-107.
  8. Discogs, Japan (пристапено на 18.12.2017)
  9. YouTube, DEEP PURPLE - Made in Japan (full album) 1972 (пристапено на 18.12.2017)
  10. YouTube, Graham Parker & The Rumour - Squeezing Out Sparks (1979) (пристапено на 19.12.2017)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]