Евреи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Протерување на Евреите во Европа во периодот од 1100 до 1600 г.

Зборот Евреин се користи за различни намени, но најчесто се однесува на следбеник на Еврејската религија, дете на Еврејска мајка, или некој со еврејско потекло кој е поврзан со Еврејската култура или народност.

Повеќето Евреи се сметаат себеси за народ, припадници на нација, која потекнува од античките Израелити и од оние кои ја прифатиле нивната религија на различни места и во различни времиња. Терминот Евреин настанал кога древното Израелско кралство било поделено на северно Кралство Израел и јужно Кралство Јудеја. Израелитите (кои подоцна ќе бидат уништени од Асирците) биле припадниците на северното кралство, додека Евреите (оние кои преживеале) биле припадниците на јужното кралство. Со текот на времето, зборот Евреин повеќе се однесувал на оние со Еврејска вера, одошто на оние кои буквално потекнуваат од Јудеја. Модерната употреба на зборот Евреин се однесува и на оние кои активно го практикуваат јудаизмот, и на оние Евреи, кои иако не го практикуваат јудаизмот како религија, сѐ уште се идентификуваат себеси како Евреи поради традицијата на нивните еврејски семејства, како и поради лична културна идентификација.

Историја на Евреите и нивното населување на Балканот[уреди]

Евреите се антички народ, создавачи на првата монотеистичка религија - јудаизмот. Нивната историска прататковина е Палестина. Историјата на Евреите, е позната од текстовите во Библијата, а кои се потврдуваат со археолошките наоди во сегашната држава Израел. Откако Римјаните го задушуваат еврејското востание во 66 година од н.е. и го уништуваат Соломоновиот храм, Евреите се раселуваат по целиот свет. Првите Евреи на Балканскиот Полустров се нарекуваат Ромањоти, затоа што дошле за времето на Римската Империја. Во Средниот век на Балканот пристигнуваат Ашкеназите - источноевропски Евреи, кои зборуваат германски јазик. Во 1492 на територијата на Отоманската Империја се населуваат Сефардите, протерани од Шпанија.

Евреите на Балканот живееле помирно во споредба со Евреите во другите делови на Европа се до средината на 20 век, кога на нив се врши нивно истребување од страна на нацистите (види Холокауст). Единствено Бугарија успева да го спаси своето еврејско население. Сепак, бугарските власти во окупираните подрачја (Македонија и Тракија) ќе учествуваат во депортацијата на Евреите во германските концентрациони логори. Депортацијата на македонските Евреи е извршена во Скопје, во март 1943 година.

Евреите ќе основаат своја држава - Израел дури после две илјади години - во 1948 година.