Гаутама Буда
Дел од темата |
„Будизам“ |
---|
|
Буда (буквално „разбуден“, од санскрит "budh" - се будам, будење) се нарекува човек кој до ослободување дошол преку самсара.
Сидарта Гаутама Буда е мудрец од Индија и живеел во Северна Индија во текот на 6 век п.н.е., но се прославил во Кина. Татко му, Судходана, бил владетел на царството на Шакиите (во денешен Непал, во тоа време територија на Индија). Мајка му била царицата Маја. Според традициите на тогашното време, принцот се оженил многу млад, на 16 години за една прекрасна и млада принцеза на име Јашодхара. Младиот принц живеел во својот дворец, разполагајќи со сите удобства. Но истовремено, соочувајќи се со реалноста во тогашно време, со неизбежната смрт и страданието на своето население, тој решил дека е потребно да се пронајде решение. И затоа, на возраст од 29 години, тој го напуштил своето царство, барајќи решение и излез од ваквата состојба на народот. Една вечер, седејќи под едно дрво (познато како Бодхи или дрвото Бо, „Дрвото на Мудроста”), на брегот на реката Неранџара при Бодхгаја, на 35-годишна возраст, Готама постигнал Просветление, со кое станал познат како Буда „Просветлениот”. Буда го презел учењето за реинкарнација од Ведите, а за Бог ништо не кажувал. Тој сметал дека патот на Хинду е премногу тежок, и советувал поумерени подвизи. „Целта на животот е целосен мир, нирвана.
Според Буда, главното учење е:
- За да има радост мора да има болка. Само откажување од задоволствата води во целосен мир;
На почетокот ,будизмот бил сфаќан само како обична филозофија, но преминала во религија. Слично е и со останатите филозофи од Кина, Конфуциј и Лао Це, како и индиските мудреци и богови. Народот по повеќе векови започнал да ги обожува овие мудреци, да им се моли, да им прави кипови и слично. Во текот на 45 години од своето работење и проповедање, Буда ги учел на сите класи, мажи и жени, цареви и селани, трговци и просјаци, светци и крадци – без да прави и најмала разлика помеѓу нив. Тој не ги признавал различностите по социјалната состојба или според класата на народот, и патот, кој тој го проповедал, бил отворен за сите луѓе, кои се биле способни да го разберат и следат. Буда починал на осумдесетгодишна возраст, во градот Кушинара во Индија.
Буда во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Безбожна јапонска приказна“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 57-60.
|