Бог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бог — еден од поимите со кои се опишува совршено, натчовечко и натприродно битие, за коешто луѓето кои веруваат во него, исто така веруваат и дека е создавател на универзумот.

сфаќањата за Бог во религијата[уреди | уреди извор]

Некои религии кога говорат за Бог, него го опишуваат припишувајќи му и некои антропоморфни особини, додека други пак сметаат дека е невозможно и навредливо да се замислува Бог претставен во физичка форма. Некои сметаат дека Бог е олицетворение на целокупното добро, додека пак други сметаат дека Бог е нешто повеќе од обичните сфаќања за моралноста кои ги има човекот. Кај многу политеистички верувања постојат и полови разлики меѓу боговите, па така имаме и женски богови, т.е. божици. Речиси во сите сфаќања, човекот е претставен како понизен, потчинет и зависен од Богот.

Во некои митологии, боговите се претставени покрај како антропоморфни, како зооморфни (во вид на животно) или пак аморфни (без материјална форма). Претставата за изгледот на боговите е показател за развојот и видот на соодветната религија. Така, на пример, за религиите поврзани со тотемизмот, покарактеристични се зооморфните богови, а за анимистичките религии, боговите се антропоморфни.

Верувањето во еден Бог се нарекува монотеизам. Монотеистички религии се христијанството, јудаизмот и исламот. Христијаните го нарекуваат Бог, едноставно Бог или Господ, а муслиманите Алах. И едните и другите веруваат дека Бог, т.е. Алах е создател на светот и човекот. Верувањето во повеќе Богови се нарекува - политеизам. Во политеизмот сите богови и божици имаат свои, посебни важни функции. Постои и примотеизам. Примотеизмот всушност е политеистичка религија, со тоа што се зема еден Бог како врховен и особено важен за светот и за човечките битија, а останативе Богови се сметаат како помалку битни и потчинети на врховниот Бог.

Нерелигиски толкувања на Бог[уреди | уреди извор]

Во есејот „За поетот“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека поетите се првите кои го објавиле Бога. Според него, идејата за божеството се појавила во својата големина само во уметноста: штом примитивниот човек почнал да создава, тој ја добил идејата за создавањето; а гледајќи се себе како творец на едно нешто, тој посакал да го осознае творецот на сите други нешта. Така, мерејќи ги своите дела со делата на непознатиот градител, човекот го добил поимот за семоќта и сезнаењето на Бог. Поетот е толкувач на божеството, зашто тоа е слика на човечкиот идеал, а поетот секогаш говори само за највисоките вредности. Оттука, според Дучиќ, ниту еден поет не е безбожен, туку поетот е религиозен, зашто поетите ја измислиле религијата. Затоа, дури и кога се сомнева, поетот верува.[1]

Бог како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Бог, воопшто, или некој конкретен бог, се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Бог како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Бог како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Божја песна (Ете, зошто го сакам човештвото)“ (God's Song (That's Why I Love Mankind)) - песна на американската поп-рок музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1972 година.[24]
  • „О, мој боже“ (O My God) - песна на британската рок-група „Полис“ (Police) од 1983 година.[25]
  • „Божја медицина“ (God's Own Medicine) - музички албум на британската рок-група „Мишн“ (Mission) од 1986 година.[26]
  • „Боже, дали ме слушаш“ (Lord can you hear me) - песна на британската рок-група „Спејсмен 3“ (Spacemen 3).[27]
  • „Во божјата земја“ (In God's Country) - песна на ирската рок-група „У2“ (U2) од 1987 година.[28]
  • „Во божји раце“ (In God's Hands) - песна на поп-пејачката Нели Фуртадо (Nelly Furtado) од 2006 година.[29]
  • „Вера во Бога“ (Faith in God) - песна на американската група „Бед релиџн“ (Bad Religion).[30]
  • „Гласот на Господ е владата“ (The Voice of God is Government) - песна на американската група „Бед релиџн“ (Bad Religion).[31]
  • „Нема Господ“ (No God) - песна на американската хард-кор група „Џермс“ (The Germs).[32]
  • „Тебе ти пеам, боже“ (Singing to You Lord) – песна на композиторот Станислав Бинички.[33]
  • „Ќе му пеам на бога“ (Cantabo domino) – хорска песна на словенечкиот композитор Иван Флорјанц.[34]
  • „Му пеам на бога“ (Cantate domino) – хорска песна на унгарскиот композитор Levente Gyöngyösi.[35]
  • „Скапоцен боже“ (Precious Lord) – песна на композиторот Томас А. Дорси.[36]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 263-265.
  2. Македонски хумористични народни приказни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 42.
  3. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 110-115.
  4. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 434.
  5. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 148-150.
  6. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 54.
  7. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 10.
  8. Хорхе Луис Борхес, Алеф. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 106-112.
  9. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 60-62.
  10. Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
  11. Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
  12. Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
  13. Valerio Magreli, „Biografska beleška“, во: Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 92.
  14. Дозгулпмус, Тритонус, Темплум, Скопје, 2008.
  15. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 56-58.
  16. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 61-62.
  17. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 102-104.
  18. Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 94-96.
  19. Hajnrih Hajne, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 80-83.
  20. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 82.
  21. Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 82-87.
  22. Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 186.
  23. Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 77-78.
  24. Randy Newman ‎– Sail Away (пристапено на 23.1.2017)
  25. YouTube, The Police - O My God (Remastered 2003) (пристапено на 17.5.2017)
  26. The Mission UK - Gods Own Medicine 1986 - YouTube (пристапено на 7.2.2016)
  27. YouTube, Spacemen 3 - Lord Can You Hear Me (пристапено на 5.2.2017)
  28. U2 - In God's Country - YouTube (пристапено на 7.2.2016)
  29. Nelly Furtado - In God's Hands - YouTube (пристапено на 7.2.2016)
  30. YouTube, Faith in God - Bad Religion (пристапено на 13.1.2017)
  31. YouTube, The voice of god is government - Bad Religion (пристапено на 13.1.2017)
  32. YouTube, The Germs No God (пристапено на 17.3.2017)
  33. Охридски хорски фестивал – Ohrid Choir Festival 2005, стр. 33.
  34. Охридски хорски фестивал – Ohrid Choir Festival 2005, стр. 7.
  35. Охридски хорски фестивал – Ohrid Choir Festival 2005, стр. 9.
  36. Охридски хорски фестивал – Ohrid Choir Festival 2005, стр. 23.

Поврзано[уреди | уреди извор]