Политеизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Политеизам е верување во повеќе божества, обично се собрани во пантеон на богови и божици, заедно со своите митологии и ритуали.

Политеизмот бил типична форма на религија за време на бронзеното доба и железното доба, па се до аксијалното доба и постепениот развој на монотеизмот или пантеизмот, и атеизмот. Тоа е добро документирано во историските религии на антиката, а особено во грчкиот и римскиот политеизам и по падот на класичниот политеизам во племенските религии како што се германскиот или словенскиот политеизам. Тој продолжува во модерниот период во традиции како хиндуизмот, шинтото, кинеската народната религија итн., а е оживеан во струи на неопаганизам во пост-христијанскиот запад.

Политеизмот е еден вид на теизам. Во рамките на теизмот, тој е во спротивност со монотеизмот, верувањето во еден единствен бог. Политеистите не секогаш се поклонуваат на сите богови подеднакво, но може да се хенотеисти, специјализирајќи обожување на едно посебно божество. Други политеисти може да се катенотеисти, обожувајќи различни божества во различни периоди.

Етимологија[уреди]

На англиски јазик зборот „политеизам“ е атестиран од 17 век, позајмен од францускиот polythéisme, кој бил во употреба од 1580. Во пост-класичниот латински, терминот е polytheismus. Зборот е атестиран подоцна од атеизам но порано од теизам. Тоа во крајна линија потекнува од грчката придавка πολυθεός (од πολύς (поли) „многу“ и θεός (теис) „бог“), во смисла „на или припаѓање на многу богови“ се наоѓа кај Ајсхил (Прибегарки 424), или „верување во многу богови“ кај Прокопиј (Historia Arcana, 13).

Богови и божественост[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Божество“, „Бог“, и „Божица.

Божествата во политеистичките религии се причинители во митологијата, каде што се портретирани како комплексни личности со поголем или помал статус, со индивидуални вештини, потреби, желби и истории. Овие богови често се гледаат како слични со луѓето (антропоморфни) во нивните лични особини, но со дополнителни индивидуални моќи, способности, знаење или перцепции.

Политеизмот не може јасно да се одвои од анимистичките верувања застапени во повеќето народни религии. Боговите на политеизмот, се во голем број случаи највисокиот ред на континуумот на натприродни суштества или духови кои може да вклучуваат предци, демони, разни суштества и други. Во некои случаи, овие духови се поделени на небесни или хтонски класи и верувањето во постоењето на сите овие суштества не значи дека сите се обожувани.

Видови на божества[уреди]

Видови на божества што често се наоѓаат во политеизмот:

Митологија и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Митологија и религија.

Во класичната ера, Салустиј (4-ти век н.е.) ја категоризирал митологијата на пет видови:

  1. Теолошка
  2. Физичка
  3. Психолошка
  4. Материјална
  5. Мешана

Теолошки се оние митови што не користат телесна форма, но размислуваат за суштината на боговите: на пример, Кронос ги голта своите деца. Бидејќи божественоста е интелектуална и целиот интелект се враќа во себеси, овој мит алегориски ја изразува суштината на божеството.

Митовите може да се сметаат за физички кога ги изразуваат активностите на боговите во светот.

Психолошки начин е да се гледаат (митовите како алегории на) активностите на душата сама по себе и / или дејствата на душата врз мислата.

Материјалниот е да се гледаат материјалните предмети како навистина да се богови, на пример: да се нарече земјата Гаја, океанот Океанос, или топлината Тифон.

Мешаниот вид на митови може да се види во многу случаи: на пример, велат дека на еден банкет на боговите, Ерида фрлила златно јаболко; божиците се натпреварувале за него и Зевс ги испратил кај Парис да им пресуди. Парис видел дека Афродита е прекрасна и ѝ го дал јаболкото. Овде банкетот ги означува хиперкосмичките моќи на боговите; затоа тие се сите заедно. Златното јаболко е светот, кој, формиран од спротивности, нормално се вели дека е „фрлен од страна на Ерида“ (или Раздорот). Различни богови го дарувале светот со разни подароци, и затоа се вели дека „се натпреварувале за јаболкото“. А душата која живее во согласност со чувството - тоа е она заради кое што Париз - не ги гледа останатите сили во светот, но само убавината, изјавува дека јаболкото ѝ припаѓа на Афродита.

Политеизмот низ историјата[уреди]

Некои добро познати историски политеистичи пантеони ги вклучуваат сумерските и египетските богови и класично атестираниот пантеон кој ја вклучува старогрчката религија и римската религија. Пост-класичните политеистички религии ги вклучуваат нордиските Аесир и Ванир, Ориша на Јоруба, ацтечките богови и многу други.

Денес, повеќето историски политеистички религии погрдно се нарекуваат „митологија“, иако приказните што културите ги раскажуваат за нивните богови треба да се разликуваат од нивното обожување или верска пракса. На пример, божествата портретирани во судир со митологијата сè уште би биле обожувани понекогаш во истиот храм рамо до рамо, илустрирајќи ја разликата меѓу митот и реалноста во умот на приврзаникот. Се шпекулира дека некогаш постоела една праиндоевропска религија, од која потекнуваат религиите на разни Индо-Европски народи и дека оваа религија во суштина била натуралистички нуменистичка. Еден пример за верски поим од ова заедничко минато е концептот на *dyēus, кој е потврден во неколку различни религиски системи.

Во многу цивилизации, пантеоните имале тенденција да растат со текот на времето. Божествата најпрво обожувани како заштитници на градови или места се собирале заедно како што царствата се протегале на поголеми територии. Освојувањата можеле да доведат до потчинување на пантеонот од постарата култура на еден понов, како грчкиот Титаномахија, и најверојатно во случајот на Аесир и Ванир во нордиската митологија. Културната размена можела да доведе до тоа „истиот“ бог да се прочуе на две места под различни имиња, како што е со Грците, Етрурците, и Римјаните, а исто така и со воведување на елементи на „туѓата“ религијата во локалниот култ, како што е обожувањето на египетскиот Озирис донесено во античка Грција.

Најстарите верски системи се држеле до тоа дека боговите влијаат на човечките животи. Сепак, грчкиот филозоф Епикур тврдел дека боговите биле живи, неподмитливи, блажени суштества кои не се грижеле за работите на смртниците, но кои би можеле да бидат умствено согледани, особено за време на спиење. Епикур верувал дека овие богови се материјални, човеколики и дека ги населувале празните простори меѓу световите.

Хеленистичката религија сè уште може да се смета за политеистичка, но со силни монистички компоненти, а монотеизмот конечно излегува надвор од хеленските традиции во доцната антика во форма на неоплатонизам и христијанска теологија.

Од Бронзено доба до Доцна Антика
Од доцна антика до среден век

Древна Грција[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Старогрчка религија.

Класичната шема во Античка Грција од дванаесеттемина Олимпијци (канонските Дванаесет востановени низ Уметноста и Поезијата) е следнава:[1][2] Зевс, Хера, Посејдон, Атина, Арес, Деметра, Аполон, Артемида, Хефајст, Афродита, Хермес и Дионис ; Хестија се повлекла кога на Дионис му било понудено место на планината Олимп, а Хад[3] бил често исклучуван затоа што живеел во подземниот свет. Има, сепак, голема флуидност по однос на бројот на Избраните во Антиката.[4] Различни градови често се поклонуваат на исти божества, понекогаш со епитети што ги разликувале и ја определувале нивната локална природа.

Хеленскиот политеизам се раширил надвор од копното на Грција до островите и крајбрежјата на Јонија во Мала Азија, до „Magna Graecia“ (Сицилија и Јужна Италија), и до растурените грчки колонии во регионот на Западниот Медитеран, како што е Масалија (Марсеј). Грчката религија го искалила етрурскиот култ и верувања за да се формира голем дел од подоцнежната римска религија.

Народна религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Народна религија.

Анимистичката природа на народните верувања е антрополошки културен универзал. Верувањето во духови и привиденија што го анимирало природниот свет и практиката на обожување на предците е универзално присутна во културите во светот и повторно се јавува во монотеистичките или материјалистички општества како „суеверие“, верување во демони, заштитнички светци, самовили или вонземјани.

Присуството на целосна политеистичка религија комплетирана со ритуален култ, спроведен од страна на свештеничка каста, бара повисоко ниво на организација и не е присутна во секоја култура. Експлицитниот политеизам во современата народна религија се наоѓа во африканската традиционална религија, како и во африканските дијаспорни религии. Во Евроазија, Калашите се еден од малкуте случаи на преживеан политеизам. Исто така, голем број на политеистички народни традиции се вклучени во современиот хиндуизам, иако хиндуизмот е доктринарски доминиран од монистичка или монотеистичка теологија (Бхакти, Адваита). Историскиот ведски политеистички ритуализам преживува како помлада струја во хиндуизмот, познат како Шраута. Повеќе распространет е народниот хиндуизам, со ритуали посветени на разни локални или регионални божества.

Современи светски религии[уреди]

Хиндуизам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Хиндуизам.

Религискиот хиндуизам е поширока категорија која опфаќа и монотеистички и политеистички тенденции и варијации на или мешавина од двете структури. Општото обожување во голема мера е политеистичко, додека хинду филозофите и теолозите расправале за трансцедентна метафизичка структура со единствена божествена суштина ("Sarva Dharma Samaan hai"/"Сите религии се исти"). Оваа божествена суштина обично е позната како Брахман или Атман, но разбирањето на природата на оваа апсолутна божествена есенција е линијата која ги дефинира многу хинду филозофски традиции како Веданта.

Многу Хиндуси веруваат во различни божества кои потекнуваат од Брахман и мнозинството продолжува да се поклонува на божеството како прашање од лично убедување или традиција како претстава на ова врховно битие.

Во хиндуистичкиот назив Смарта, филозофијата на Адваита изложена од Шанкара дозволува почитување на бројни божества со сфаќање дека сите од нив се само манифестации на една безлична божествена моќ, Брахман [се бара извор]. Затоа, според различни учења на Веданта вклучувајќи го и она на Шанкара, кое е едно од највлијателните и најважните хинду теолошки традиции, постојат голем број на божества во хиндуизмот, како што се Вишну, Шива, Ганеша, Хануман, Лакшми и Кали, но тие се суштински различни облици на истото „Битие“. Сепак, многу Веданта филозофи исто така тврдат дека сите лица биле обединети од страна на истата безлична, божествена моќ во форма на Атман.

За разлика од сектата Смарта, Вајшнавизмот, Шаивизмот и Шактизмот следат единствен воспоставен концепт на личен бог, како пантеистички монистички монотеизам, но се разликуваат во нивните концепции за врховниот бог. Вајшнавитот го смета Вишну или Кришна како единствен бог достоен за обожување, а поклонувањето на другите божества како споредно, или препорачува обожување на други форми на Бога како проширувања или аспекти на Врховниот. Многу Вајшнавити го гледаат Шива како највисок приврзаник на Вишну, не треба да се меша со Садашив, кој се смета како проширување на Вишну. Позицијата на шаивитскиот обожувач е обично слична на Вајшнавизмот, но сепак, тие се поклонуваат само на Шива како Врховниот.

Општо недоразбирање е дека киндуизмот е обожување на многу полубогови. Всушност, сите ведски списи укажуваат на Веданта, заклучок на Ведите кој е пројава на Врховната Личност на Божјата персонификација; Веданта е дека Врховната Апсолутна Вистина е Бхагаван лично, познат под многу имиња: Харе, Вишну, Нарајана, Кришна, Говинда, Рама. Сите тие зборови се однесуваат на Врховната Апсолутна Божја Личност, која е друга категорија, настрана од полубоговите. Постојат 8 400 000 материјални тела кои душата може да ги добие на која било од 14-те материјални планети во материјалниот свет, а некои од тие планети се материјални небесни планети каде што живеат полубогови. Меѓу нив Индра е главен полубог. Но, сите тие полубогови самите се приврзаници на оваа „Супер-душа“ што е во нивните срца - приврзаници на Апсолутна Личност позната како Браман, Параматма и Багаван. Ведите јасно наведуваат дека оној кој мисли дека Вишну е на исто ниво како полубоговите како што се Брама и/или Шива и/или други - тој се смета за прекршител. Така, кој било концепт дека хиндуизмот или ведската религија, санатана (варнасрама-, багавата-) дарма - е политеизам е неточен. Ведите укажуваат на посветено служење на Апсолутната Вистина лично - Бхагаван, иако прифаќа многу негови претставници, духовни господари на пет ваишнава сампрадаи - Чаитанја, Лакшми, Четирите Кумараси, Брама и Шива. Секое одделно поклонување на овие личности сигурно не е „bona-fide“ разбирање на санатана-дарма и не треба да се прифати како ведска религија (хиндуизам). Таа што сега е позната како хиндуизам треба да се однесува на обожување на Врховната Личност на Божеството, но не на поклонување на полубогови одделно од нивната „Супер-душа“, Вишну. Тоа е правилно разбирање на положбата на полубоговите (devatas) во Ведите - како подредени на Бхагаван, Врховната Божја Личност.

Меѓутоа, дури и Шанкаракарја заклучува дека Вишну (Нарајана, Кришна) е над материјалната манифестација, така што Вишну е над сите други божества и така Бхагаван Вишну, Нарајана, Кришна, е Врховната Божја Личност. Дури и импресионалистите така го обесхрабруваат обожувањето на полубогови но укажуваат на обожување на Брахман што е надвор од материјалните концепти на кармата и обожувањето полубогови на повисоки материјални планети. Шанкаракарја како приврзаник на Вишну заклучил дека треба да се запрашуваме за Брахман, Параматма, Багаван, а не за полубогови. Иако дури и полубоговите се прифатени како претставници на Вишну: полубогови како Брама и Шива се самите приврзаници на Вишну.

Будизам и Шинто[уреди]

Во будизмот постојат виши суштества обично именувани (или назначени) за богови, Деви; меѓутоа, будизмот, во основа, не учи на поимот за молитва, ниту на обожување на Девите или кој/и било бог(ови).

Девите, воопшто, се суштества кои имале повеќе позитивна карма во нивните минати животи отколку луѓето. Нивниот животен век на крајот завршува. Кога нивните животи ќе завршат, тие ќе се преродат како Деви или како други суштества. Кога тие акумулираат негативна карма, тие се преродуваат или како човек или како било кое од останатите пониски суштества. Луѓето и другите битија, исто така, може да се преродат како Деви во нивната следна преродба, ако тие акумулираат многу позитивна карма.

Будизмот процветал во различни земји (cf. Будизмот во Русија, Бутан, Сингапур, Индија...), а некои од тие земји имаат политеистички народни религии. Будизмот лесно се синкретизирал со другите религии. Така, будизмот се измешал со народните религии и изникнал во политеистички како и во нетеистички варијанти. На пример, во Јапонија, будизмот измешан со Шинто, кај што се обожуваат божества наречени „ками“ или „камигами“ (множинската форма на ками), создал традиција која се моли на божествата на Шинтоизмот во форма на Буда. Така, може да има елементи на обожување на богови во некои облици на подоцнежниот будизам.

Неопаганизам[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Неопаганизам.

Закоравените политеисти веруваат дека боговите се различни, одвоени реални божествени суштества, не психолошки архетипови или персонификации на природните сили. Закоравените политеисти ја отфрлаат идејата дека „сите богови се еден Бог“.

Ова е во контраст со мекиот политеизам, кој смета дека боговите може да се аспекти на само еден Бог, психолошки архетипови или персонификации на природните сили.

Заблуда е дека тврдите политеисти сметаат дека боговите на сите култури се подеднакво реални, а тоа е теолошки став поточно наречен интеграциски политеизам или омнитеизам.

Мекиот политеизам е застапен во New Age и синкретичните струи на неопаганизмот, како што се психолошките интерпретации на божествата како архетипови на човечката психа. Англиската окултистка Дион Форчн е една од главните популаризатори на мекиот политеизам. Во својот роман „Свештеничката на морето“, таа пишува: „Сите богови се еден бог, а сите божици се една божица и постои еден зачетник.“"[5] Оваа фраза е многу популарна меѓу некои неопагани (имено, Виканите) и често погрешно се верува дека е само една нова работа на фикцијата. Сепак, Форчн, всушност, цитира антички извор - латинскиот роман Златното магаре на Апулеј. Форчновиот мек политеистички компромис меѓу монотеизмот и политеизмот е опишан како пантеизам (грчки: πάν pan 'сите' и θεός theos 'бог'). Како и да е, „пантеизмот“ има подолга историја на употреба да се однесува на поглед на една сеопфатна иманентна божественост.

Неопаганизмот често ги меша политеизмот со пантеизмот или панентеизмот.

Вика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Вика.

Вика е пантеистичка, дуотеистичка и политеистичка вера. Таа го гледа универзумот како опфатен од божественото Битие (познато под разни имиња), но поделен на спротивните поларизации на Богот и Божицата. Секое од овие божества може да се подели на многу различни политеистички божества, кои се аспекти на Богот и Божицата. Вика е толерантна во разбирањето на божеството, но нагласува рамнотежа и рамноправност меѓу машките и женските божества, додека другите политеистички вери често ги поставуваат машките божества на врвот на хиерархијата.

Види исто[уреди]

Портал „Митологија

Белешки[уреди]

  1. „Greek mythology“. Encyclopedia Americana 13. (1993).
  2. „Dodekatheon“. Papyrus Larousse Britannica. (2007).
  3. Encyclopedia Americana Vol. 13“.: 408–411. (1919). Изд. George Edward Rines. Americana Corp.
  4. Stoll, Heinrich Wilhelm (R.B. Paul trans.) (1852). „Handbook of the religion and mythology of the Greeks“. Francis and John Rivington. стр. 8. „Ограничувањето [на бројот на Олимпијци] на дванаесет се чини како некоја модерна идеја“ 
  5. Fortune, Dion; Knight, Gareth (30 јуни 2003). „The Sea Priestess“. Weiser. стр. 169. ISBN 9781578632909. http://books.google.com/books?id=uZl4DKIB5WoC&pg=PP1. „All gods are one god, and all goddesses are one goddess, and there is one initiator.“ 

Надворешни врски[уреди]