Хестија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хестија, Египeтска таписерија, 6 век

Хестија (старогрчки: Ἑστία) била божица на срцето во старогрчката митологија. Имала браќа и сестри по име - Деметра, Хера, Хад и Посејдон. Штом таа се родила татко и Хрон ја проголтал нејзе и нејзините браќа и сестри, со страв дека кога ќе пораснат ќе се побунат и ќе го симнат од власт.

Особености[уреди | уреди извор]

Славата и големината на Хастија се во тоа што таа е единствена меѓу боговите на Олимпшто не учествувала во војните, кавгите и заговори. Дури и кон љубовните понуди се однесувала претпазливо. По свргнување на Хрон, таа се заколнала во главата на брата си, Зевс, дека ќе остане девица.[1] Хестија е важно божество иако митовите за неа се скудни, таа ги одбила предностите на Посејдон и Аполон заѓто се заветала да остане девица, како Атена, Артемида таа е божица на девственоста, невиноста, но покрај тоа таа е и божица на огништето и неговиот свет оган самото нејзино име ја објаснува нејзината улога, ЕСТИА- на старогрчки јаз значи огниште, меѓу примитивните народи оганот бил одржуван со тешкотии,и доколку немало оган не можеле да ги извршуват секојдневните обврски и поради тоа биле приморани да го чуваат и почитуваат, огништето на почетокот било центар на семејството околу што се собирале и опкружувале, пренесувањето на светиот оган од една во друга населба територија, претставувало врска на чувства и наследство што продолжува, па така и домашното и општественото огниште биле сметани за свети за кои се верувало дека секогаш биле надгледувани од божицата Хестија , а честопати имала и првенство при гозбите и обредот на жртвување, а особено била почитувана како првородено чедо на Хронос и Реја, и припаѓала на постарата генерација на богови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 69.