Крон

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Крон (митологија))
Прејди на: содржини, барај
Крон / Хрон
Cronos armé de la faucille (harpè) contre son père et divers médaillons pierre gravée crop.jpg
Живеалиште Земја
Симбол срп
Сопружник Реја
Родители Уран и Геја
Римски пандан Сатурн

Крон или Хрон (старогрчки: Κρόνος) — бил титан, бог од првото поколение во грчката митологија и единствен син на Геја и Уран небо. На татко му Уран му се осветил така што го кастрирал и се оженил со својата сестра Реја.

Во почетокот тој бил бог на земјоделството, а подоцна се идентифицира како бог на времето ((старогрчки: Χρόνος- време), симболизирајќи го времето кое води кон смртта. Реја дала дозвола на сите титани, со исклучок на Океан, да го нападнат Уран.

Мит за крвавото владеење и паѓање на титаните[уреди | уреди извор]

Мајката Земја (Геја) на Крон му ја прорекла дека ќе биде убиен од еден од неговите синови, а истото тоа му го потврдил и татко му при умирањето.Поради тоа тој ги голтал своите деца што Реја му ги раѓала.[1] Со соединувањето на Реа и Крон, се родиле идните олимписки богови: Деметра, Хестија, Хера, Ад, Посејдон и Зевс, богови кои подоцна ја поделиле власта помеѓу себе си и завладеале со светот. По раѓањето на Зевс, Реја своето дете го доверила на Океанида, која го однела во тајност во една пештера на Крит[2], додека пак, на својот сопруг му подметнала камен завиен во пелена. На тој начин Зевс бил спасен.

Кога Крон разбрал за измамата на Реја, тој започнал да го бара Зевс по целата земја[3], но безуспешно. Кога Зевс пораснал, започнал војна со својот татко, позната во грчката митологија како Титаномахија. По десет години, Крон бил симнат од власт од страна на Зевс и неговите сојузници и однесен и заточен на Тартар. „Кога Зевс беше веќе сосема голем, тој го натера Крон да ги изблуе неговите браќа и сестри - Посејдон, Ад, Хера, Хестија и Деметра, како и да ги ослободи неговите чичковци и тетки, кои Крон по свргнување на Уран ги оставил во синџири[4].

Негов истоветник во римската митологија е Сатурн.

Крон како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Крон се јавува како тема во уметничките дела, како:

  • „На Пријам Крон“ - песна на германскиот поет Гете.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Grevs,Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 39.
  2. Аполодор, Митолошка библиотека, I, 1, 4
  3. Хигин, Митови 139
  4. Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 236
  5. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 24-25.