Горгона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горгона (~ 580 г. п.н.е)

Горгона (грчки: Γοργών) — три страотни сестри во старогрчката митологија, и тоа: Стенон, Евријала и Медуза[1].

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Името потекнува од санскритскиот збор "garğ", кој се дефинира како гутурален звук, сличен на режењето на ѕвер. Додека описите на горгоните се разликуваат во грчката литература и се појавуваат во најраните примери на грчката литература, терминот најчесто се однесува на било која од трите сестри кои имале коса направена од живи, отровни змии, како и страшен поглед кој ќе ги претвори оние кои ќе ја видат во камен. Традиционално, додека две од горгоните биле бесмртни, Стенон и Евријала, нивната сестра Медуза не била, и таа била убиена од страна на полубогот Персеј.

Медуза[уреди | уреди извор]

Медуза на почеток била многу убава, но Атена ја преобрзила во чудовиште со крилја поради тоа што имала љубовна врска со Посејдон, богот на морето. За да ја убие, Персеј прибегнал на итроста да не ја погледне директно во очите, туку го користел штитот во кој го гледал нејзиниот одраз, бидејќи таа нападачите со поглед ги скаменувала.

Горгон во уметноста[уреди | уреди извор]

Горгоните биле популарни во грчката митологија, појавувајќи се во најраните пишани досиеја за античките грчки религиозни верувања како што се оние на Хомер, што датираат од 1194-1184 година. Поради нивниот легендарен и моќен поглед што може да претвори некој во камен, слики од Горгоните биле ставани на зградите и објектите за заштита. Ликот на Горгните, посебно на Медуза често се експлоатира во современата киноматографија. Во подоцнежната традиција Горгоните биле сместени во Либија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 224.