Сатурн (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сатурн
0 Autel dédié au dieu Malakbêl et aux dieux de Palmyra - Musei Capitolini (1b).JPG
Римски релјеф од 2 век
Титан, изобилие, земјоделство, слобода и време
Симболсрп
СопружникОпа
РодителиЦелус и Тера
Браќа/сестриЈанус, Опа
ДецаЈупитер, Нептун, Плутон, Јунона, Керера и Веста
СлавиСатурналија

Сатурн (латински: Saturnus) бил бог во древната римска религија и лик од римската митологија. Тој бил претставен како бог на создавањето, распадот, изобилието, земјоделството, времето и слободата. Неговото владеење било опишано како Златно Доба на изобилието и мирот. Храмот на Сатурн во Римскиот форум бил државниот трезор. Прославата во негова чест била одржувана во декември и истата била позната како Сатурналија.

Планетата Сатурн е именувана во негова чаест, а воедно и денот сабота потекнува од името на овој бог.

Митологија[уреди | уреди извор]

Римската земја го чува сеќавањето на многу далечното време во кое Сатурн и Јанус владееле на местото на градот пред неговото основање: Капитол бил наречен Монс Сатурниус.[1] Сатурн бил најстарото италско божество,[2] а Римјаните го поврзувале со старогрчкиот бог Крон, чии митови биле прилагодени за римската книжевност и римската уметност. Посебно била пренесена на Сатурн улогата на Крон во генеалогијата на старогрчките божества. Во времето на Ливиј Андроник (3 век п.н.е.), Јупитер бил наречен син на Сатурн.[3]

Сатурн имал две љубовници кои претставувале различни аспекти на богот. Името на неговата сопруга било Опа, римски еквивалент за старогрчката божица Реја, со значење „богатство, изобилство, ресурси“.[4] Претходно со Сатурн била поврзана божицата Луа („уништување, распуштање, губење“), божица која ги добивала на подарок крвавите оружја на непријателот победен во битка.[5]

На луѓето, Сатурн им носел уживање во спонтаното изобилство на земјата без работа за време на „Златното доба“ опишано од Хесиод и Овидиј.

Етимологија и епитети[уреди | уреди извор]

Според Варон,[6] името на Сатурн доаѓа од сату, со значење „сеење“, што ја одразува оригиналната карактеристика на богот.[7] Поверојатната етимологија го поврзува името со етрурскиот бог Сатре и со имиња на топоними, како што се Сатрија, древен град во Латиум, и Сатурае палус, мочуриште исто така во Латиум. Ова е коренот исто така и на латинското име на растението чубрика, Satureja.[8]

Епитетот Стеркул кој му бил доделен на Сатурн, се однесува на неговите земјоделски функции,[9] а зборот доаѓа од стеркус, што значи „измет“ или „ѓубриво“, што се однесува на повторно појавување од смрт во живот.[10] Земјоделството било важно за Римјаните, а Сатурн бил дел од архаична римска религија и етнички идентитет. Неговото име се појавува во древната химна на свештениците Салии,[11] а неговиот храм бил најстариот за кој се знае дека бил споменат од колегиумот на понтифики.

Квинт Луцилиј Балб дал поинаква етимологија, и според него земјоделската улога на Сатурн не е првична, туку се времето и сезоните. Балб тврдел дека името Сатурн доаѓа од латинскиот збор satis, а Сатурн е антропоморфна претстава за времето и годишните времиња, кои претставуваат циклично минување на времето.

Храм[уреди | уреди извор]

Според Варон, храмот на Сатурн се наоѓал во подножјето на Капитол,[12] и бил познат под името Сатурниус Монс, а ред колони од последната реконструкција на храмот сѐ уште постојат.[13] Храмот бил осветен во 497 г.п.н.е., а ареа Сатурни била изградена од кралот Тул Хостилиј што е потврдено со археолошки истражувања предводени од Е. Ѓерстад.[14]

Во римската митологија[уреди | уреди извор]

Урнатините од храмот на Сатурн (осумте столбови крајно десно) во февруари 2010 година
Рељеф наречен „Тронот на Сатурн“

Сатурн е еден од најкомплексните фигури во римската религија. Најголемиот проблем со кој се соочуваат научниците при изучувањето на Сатурн е што е оригинално, а што е подоцна додадено под влијание на старогрчката митологија. Некои карактеристики на богот се исти со Крон, а други се додадени подоцна, по 217 г.п.н.е., годината кога старогрчкиот обичај за славење „Кринија“ се воведени при славење на Сатурналиите.[15]

Карактеристики на Сатурн кои се дефинитивно автентично римски, се:

  1. временскиот период во календарот за неговата прослава, за разлика од старигрчката Кронија, која се слави во јуни-јули;
  2. неговата поврзаност со божицата Луа, и
  3. местоположбата на неговиот култ на Капитол, што постои од далечни времиња.[16]

Овие три елементи, според Брикел, го прават Сатурн суверен бог. Поврзаноста на Сатурн со култовите на Капитол и посебно со Јупитер, се забележани во легендите во врска со одбивањето на боговите Хеба и Термин да ги остават своите живеалишта на Капитол кога требало да се гради храмот на Јупитер.

Думезил претпоставил дека фигурата на суверен бог во индоевропската религија била поделена, што одговара на ведските божества Варуна и Митра.[17] Варуна е божество на магија, чудна инспиративна моќ на создавањето и уништувањето, а Митра е смирувачкиот аспект на гарантот на правниот поредок во организираниот општествен живот. Брикел смета дека Сатурн е суверен бог од типот на Варуна. Неговото мајсторство во земјоделството и богатството не е поврзано со произведување на изобилство и задоволство, туку е негово магичното господство над создавањето и уништувањето. Истиве карактеристики му се припишуваат и на старогрчкиот бог Крон, сепак се смета дека се древни аспекти на римскиот бог Сатурн.

Жртвувањата принесени на Сатурн биле изведувани според старогрчки ритуали, со непокриена глава, за разлика од жртвувањата принесувани на другите големи римски божества, кои биле изведувани со покриена глава. На една ѕидна слика од Помпеја, Сатурн е прикажан како држи срп и покриен со бел превез. Ваквата слика е сосема во сооднос со карактерот на божество од типот на Варуна, и на ваков начин често се прикажувал германскиот бог Один.

Плиниј Постариот забележал дека култната статуа на Сатурн била полна со масло, а значењето на оваа изјава не е јасно.[18] Стапалата му се прекриени со волна, која се отстранува само за време на Сатурналиите.[19] Овие два елемента, маслото и волната, асоцираат на митот за „кастрацијата на Уран“. Во тој мит, Реа му дава на Крон да голтне камен наместо Зевс. Откако Зевс го победил Крон, седнал на престолот, кој постојано бил помазуван со масло и со нишки нетканата волна.[20]

Пронајдени се малку докази за култот кон Сатурн низ Италија, а надвор од Рим. Потенцијалната суровост на Сатурн била зајакната со неговата идентификација со Крон, кој пак е познат по тоа што ги голтал своите деца, и кој се поистоветува со картагинскиот бог Баал Хамон, кој ги жртвувал своите деца. Сатурновски ден се споменува во поемата на Албиј Тибул напишана за време на владеењето на Октавијан Август, што подоцна довел до појава на англискиот збор за сабота - „Saturday“.[21]

Сатурналии[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Сатурналии.

Сатурн е поврзан со големи религиозни прослави, забележани во римскиот календар како Сатурналии, на кои се прославувале жетвата и сеењето, и се одржувале од 17 до 23 декември. За време на овие прослави, социјалните ограничувања во Рим биле лабави. Нозете на статуата на Сатурн кои цела година биле покриени со волна, за време на фестивалот волната се отстранувала.[19]

Макробиј (5 век од нашата ера) сметал дека Сатурналиите се фестивал на светлината што води кон краткоденица.[22] Обновувањето на светлината и прославата на новата година, се прославувале во Римското Царство во чест на Сол Инвиктус, роденденот на „Непобеденото Сонце“, на 25 декември.[23]

Монета[уреди | уреди извор]

Сатурн вози квадрига

Во 104 година п.н.е., трибунот Луциј, Апулеј Сатурнин издал Денариј на кој бил претставен Сатурн како вози кочија со четири коњи (квадрига), возило поврзано со владетели, генерали во триумф, и богови на сонцето. Сатурнин бил политичар кој предложил дистрибуција на жито по намалена цена за сиромашните од Рим. Главата на божицата Рома се појавува како аверс.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. B. Liou Gilles "Naissance de la ligue latine. Mythe et cult de fondation" in Revue belge de philologie et d' histoire 74 1. pp. 73-97: 75. Citing Festus s.v. Saturnia p. 430 L: "Saturnia Italia, et mons, qui nunc est Capitolinus, Saturnius appellabatur, quod in tutela Saturni esse existimantur. Saturnii quoque dicebantur, qui castrum in imo clivo Capitolino incolebant, ubi ara diacata ei deo ante bellum troianum videtur." And Ovid "Fasti" 6, 31: "A patre dicta meo quondam Saturnia Roma est".
  2. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 108.
  3. Saturni filius, frg. 2 in the edition of Baehrens.
  4. Hans Friedrich Mueller, "Saturn," Oxford Encyclopedia of Ancient Greece and Rome (Oxford University Press, 2010), p. 222.
  5. G. Dumézil "Lua Mater" in Déesses latines et mythes védiques Bruxelles 1968 1959 p. 98-115. D. compared this Roman figure with Indian deity Nírŗti.
  6. Varro, De lingua latina 5.64.
  7. Dominique Briquel p. 144.
  8. G. Alessio "Genti e favelle dell' antica Apulia" Taranto Cressati 1949 = Archivio Storico Pugliese 1949 II 1 p. 14.
  9. Macrobius, Saturnalia 1.7.25.
  10. Frederick Kaufman in Harper's Magazine, February 2008: Wasteland. A journey through the American cloaca.
  11. Sextus Pompeius Festus, De verborum significatu 432L.
  12. Varro Lingua Latina V 52.
  13. Mueller, "Saturn," p. 222.
  14. In Mélanges A. Grenier Bruxelles 1962 p. 757-762 as cited by Briquel p. 141.
  15. Briquel 1981 pp. 142 ff.
  16. Macrobius Saturnalia I 7. Cited by Briquel above p. 143.
  17. G. Dumézil Mitra-Varuna Paris 1940; Les dieux souverains des Indo-Europééens Paris 1977.
  18. Pliny, Natural History 15.32.
  19. 19,0 19,1 Macrobius, Saturnalia 1.8.5.
  20. Robert Graves, "The Greek Myths: 1" page 41
  21. Mueller, "Saturn," p. 221.
  22. Macrobius, Saturnalia 1.1.8–9; Jane Chance, Medieval Mythography: From Roman North Africa to the School of Chartres, A.D. 433–1177 (University Press of Florida, 1994), p. 71.
  23. see Robert A. Kaster, Macrobius: Saturnalia, Books 1–2 (Loeb Classical Library, 2011), note on p. 16.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Georges Dumézil La religion romaine archaïque Paris Payot 1974 2nd; Italian translation (expanded version) La religione romana arcaica Milano Rizzoli 1977. Edizione e traduzione a cura di Furio Jesi.
  • Dominique Briquel "Jupiter, Saturn et le Capitol. Essai de comparaison indoeuropéenne" in Revue de l' histoire des religions 198 2. 1981 p. 131-162.
  • Marcel Leglay Saturn africain. Histoire BEFAR Paris de Boccard 1966.
  • H.S. Versnel, "Saturnus and the Saturnalia," in Inconsistencies in Greek and Roman Religion: Transition and Reversal in Myth and Ritual (Brill, 1993, 1994), pp. 144–145.
  • Guirand, Felix (Editor); Aldington, Richard (Translator); Ames, Delano (Translator); & Graves, Robert (Introduction). New Larousse Encyclopedia of Mythology.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]