Церера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Статуа на Церера.

Церера или Керера (латински: Ceres) — римска божица на плодородството и на подземниот свет, на мајчинството и бракот. Во старогрчката митологија е позната како Деметра. Според античката традиција, нејзината ќерка Персефона берела цвеќе на Сицилија, во близината на градот Хена, кога наеднаш се појавил богот Плутон и ја зел со себе во подземниот свет (Ереб). Церера ја барала својата ќерка насекаде по светот со запален факел во раката. Најпосле, Персефона добила дозвола третина од времето да живее во подземниот свет.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 226.