Плутон (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Плутон
Pluton Chapu chateaudeChantilly.jpg
Статуа на Плутон (околу 1884-1886) од Анри Шапу, во паркот Шантији, Париз.
Бог на подземјето
Други имиња Хад/ Ад/ Диспатер
Оружје Шлем (кој го прави невидлив)
Животни Кербер
Симбол црно жезло од абонос
рог на изобилството
шлемот на невидливоста
Сопружник Персефона
Родители Сатурн и Реа
Браќа/сестри Јупитер, Нептун
Јунона, Керера и Веста
Списи

Теогонија, Хесиод

Грабнувањето на Персефона (мит)
Словенски пандан Велес
Народ Римјани

Плутон (латински: Plutone) бил бог на подземниот свет во римската митологија. Негови браќа се: Јупитер, Нептун, а негови сестри се: Јунона, Веста и Дијана. Плутон ја има истата приказна како Ад во грчката митологија.[1] Негови родители се: Сатурн и Кибела.

Плутон и Хад имаат различен карактер, но тие не се два различни лика и споделуваат два доминантни мита. Во грчката космогонија, на богот му се паѓа да владее со подземјето во светот поделен на тројца - брат му Зевс владетел на небото и другиот брат Посејдон владетел на морето. Централниот расказ за него е грабнувањето на Персефона која ќе биде негова жена и кралица на неговото кралство.[2] Плутон како владетел на подземјето за првпат се појавува во грчката книжевност за време на класичниот период, во делата на атинските драматурзи и на филозофот Платон, кој е најголемиот грчки извор на неговото значење. Под името Плутон, богот се појавува и во други помлку значајни митови, особено во оној за симнувањето на Орфеј и други јунаци во подземјето.[3]

Митологија[уреди | уреди извор]

Теми во римската митологија
Важни богови:
Легендарна историја
Римска религија
Грчки/римски мит споредени
Други рустикални богови:

Најпознатиот мит за Плутон или Хад е грабнувањето на Персефона. Најраните книжевни верзии на митот кратко се споменуваат во делото Теогонија на Хесиод и во проширената приказна на Хомер (химна на Деметра) каде владетелот на подземјето се именува како адот („скриениот“). Плутон честопати се меша со Плутос (грчки: Πλοῦτος, Plutus), богот на богатството, бидејќи богатите минерали се наоѓаат под земја, и бидејќи како хтоничен бог Плутон владеел со длабочините на земјата која го содржи семето неопходно за плодна берба.[1] Името на Плутон почнало нашироко да се користи со Елефсинските мистерии, во кои Плутон е љубениот сопруг на Персефона а тие двајцата се двојката на подземјето кои владеат со душите во задгробниот живот. Хад, за разлика од овој опис, во митологијата се прикажува како мрачен и насилен грабнувач на Персефона.

Највлијателната верзија на митот за грабнувањето е онаа на Овидиј, кој ја раскажува приказната како во Преобразби (Книга 5) и во Фасти (Книга 4).[4] Уште едно поголемо прераскажување, исто така на латински, е долгата недовршена поема За грабнувањето на Персефона (De raptu Proserpinae) на Клаудијан. Митот за киднапирањето била популарна тема на грчката и римската уметност, и се повторува во западната уметност и книжевност, каде нашироко се усвојува името "Плутон" (види: Плутон во западната уметност и литература , подолу). Наративните детали од Овидиј и Клаудијан влијаеле на грабнувачот Плутон, особено преку улогата на Венера и Купидон, да се гледа како на фигура која во себе има и љубов и копнеж.

Хесиод[уреди | уреди извор]

Името Плутон не се појавува во Старогрчката книжевност од постариот период.[5] Во Теогонија на Хесиод, 6те деца на Хронос и Реа се Зевс, Хера, Посејдон, Хад, Деметра и Хестија. Машките деца си го поделиле светот на 3 кралства. Хад насила ја земал Персефона од нејзината мајка Деметра, со согласност на Зевс.[6] Плутос, "Богатство," се појавува во Теогонија како дете на Деметра и Јасион: "добриот Плутос кој оди низ целата земја и до крајот на морето, и кој ќе го сретне иќе му падне в рака, тој човек станува богат..." Сличноста на името Плутос со Плутон ...," како што е забележано, "не може да е случајно. Плутон е господар на мртвите но како сопруг на Персефона има голема моќ и врз плодноста."[7] Богот на подземјето претходно бил поврзуван со успехот на земјоделските активности и тоа се гледа во делото на Хесиод Дела и дни, стих 465-469.[8]Шаблон:Римска митологија

Плутос со рогот на изобилието, во друштво на Дионис (4 век п.н.е)

Плутон и Плутос[уреди | уреди извор]

Плутон е едно од неколкуте имиња кои му се давале на Хад, опишан во Илијада како најомразениот бог за смртниците.[9] Платон вели дека луѓето го претпочитале името Плутон, "дарител на богатство," бидејќи името Хад предизвикувало страв.[10] Името се сфаќало во насока на "неисцрпните богатства на земјата, како заради посевите горе - првично тој бил бог на земјата, почвата - така и заради рудниците кои се кријат во неа."[11] Тоа понекогаш создава "конфузија" на двата бога Плутон и Плутос ("Богатство") кој се стекнал со теолошко значење во античкото време. Како господар на изобилството или богатството, Плуто остава аспект на подземен бог кој бил попрво позитивен,[12] за разлика од мрачниот Хад.[13]

Во тек на римскиот период во античка Грција,географот Страбо, (1 век п.н.е) прави разлика меѓу Плутон и Хад. Пишувајќи за минералните богатства на Иберија (Римска Шпанија) тој вели дека меѓу Турдетаните мислењето е дека „во подземјето владее Плутон а не Хад."[14]

Опис[уреди | уреди извор]

Плутон е опишан со неговите атрубити и во придружба на кучето Кербер. Тој владее во подземниот свет заедно со неговата жена Просерпина, наречена исто така и Персефона. Плутон е синот на Сатурн и Реа, сопруг на Персефона, брат на Јупитер, Нептун, Јунона, Керера и Веста.

Обично се претставува со густа брада. Често го носи својот шлем, подарок од Киклопите (синовите на Нептун), чие својство е да го направат невидлив. Некогаш носи круна од абонос. Кога седи на престолот во раката држи црно жезло, или вила. Некојпат во раката држи клучеви, за да изрази дека вратите на животот се затворени бесповратно за оние кои ќе стапнат во неговото царство. До него честопати седи Кербер. Го претставуваат исто така и во кочија која ја влечат четири црни коњи. Тој бил грд и влевал страв кај луѓето.

Мозаик во Амфиполис кој го прикажува грабнувањето на Персефона, 4 век п.н.е

Власт[уреди | уреди извор]

Неговата палата се наоѓа среде Елисејските полиња. Оттука владее, го уредува царството и ги диктира законите. Римјаните му оддавале посебни церемонии. Свештеникот пали тимјан меѓу роговите на жртвата (курбанот), ја врзува и ѝ го распорува стомакот со нож чија рачка е од абонос. Бутовите на животното посебно се посветени на овој бог. Жртвите му се принесуваат само во темно, и само црни жртви, со главите свртени кон земјата. Особено се славел во Ниса, во Опунт, во Троезен, во Пилос, и кај Елеените, каде имало светилиште кое било отворено само еден ден во годината. Во него смееле да влегуваат само свештеници задолжени да ја принесуваат жртвата.

Почитување[уреди | уреди извор]

Во Рим постоеле жртвени свештеници посветени исклучиво на Плутон. Му се принесувале жртви со темна боја, и секогаш во парен број, додека на другите богови жртви им се принесувале во непарен број. Се гореле до пепел, а свештеникот не задржувал ништо за луѓето или за себе. Пред да ги заколат, се ископувала дупка за да ја прими крвта, а се истурало и вино. За време на овие жртви, свештениците не ги покривале главите и владеела апсолутна тишина од страна на присутните, не толку заради почит колку заради стравот од ова божество.

На Сицилија, Сиракузанците му жртвувале секоја година по два црни бикови близу до изворот на Сајан, каде што според традицијата била грабната Персефона. Во Рим, на 20 јуни, на денот на неговото празнување, отворен бил само храмот на Плутон. Се жртвувале црни животни (овци или свињи), а осудените на смрт се погубувале.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 William Hansen, Classical Mythology: A Guide to the Mythical World of the Greeks and Romans (Oxford University Press, 2005), p. 182.
  2. Hansen, Classical Mythology,, p. 180.
  3. Hansen, Classical Mythology, pp. 180–181.
  4. Andrew D. Radford, The Lost Girls: Demeter-Persephone and the Literary Imagination, 1850–1930(Editions Rodopi, 2007), p. 24. For an extensive comparison of Ovid's two treatments of the myth, with reference to versions such as the Homeric Hymn to Demeter, see Stephen Hinds, The Metamorphosis of Persephone: Ovid and the Self-Conscious Muse(Cambridge University Press, 1987)
  5. Lewis Richard Farnell, The Cults of the Greek States (Clarendon Press, 1907), vol. 3, p. 281.
  6. Hesiod, Theogony 969–74; Apostolos N. Athanassakis, Hesiod. Theogony, Works and Days, Shield (Johns Hopkins University Press, 1983, 2004), p. 56.
  7. Athanassakis, Hesiod, p. 56.
  8. Hesiod. "Works and Days"Perseus Digital Library
  9. Hansen, Classical Mythology, pp. 162 and 182, citing Homer, Iliad 9.158–159. Euphemism is a characteristic way of speaking of divine figures associated with the dead and the underworld; Joseph William Hewitt, "The Propitiation of Zeus," Harvard Studies in Classical Philology 19 (1908), p. 66, considers euphemism a form of propitiation.
  10. Plato, Cratylus 403a; Glenn R. Morrow, Plato's Cretan City: A Historical Interpretation of the Laws (Princeton University Press, 1993), pp. 452–453.
  11. Fernando Navarro Antolin, Lygdamus: Corpus Tibullianum III.1–6, Lygdami Elegiarum Liber (Brill, 1996), pp. 145–146.
  12. Charlotte R. Long, The Twelve Gods of Greece and Rome (Brill, 1987), p. 179; Phyllis Fray Bober, “Cernunnos: Origin and Transformation of a Celtic Divinity,” American Journal of Archaeology 55 (1951), p. 28, examples in Greek and Roman art in note 98; Hewitt, "The Propitiation of Zeus," p. 65.
  13. Tsagalis, Inscribing Sorrow, pp. 101–102; Morrow, Plato's Cretan City, pp. 452–453; John J. Hermann, Jr., "Demeter-Isis or the Egyptian Demeter? A Graeco-Roman Sculpture from an Egyptian Workshop in Boston" in Jahrbuch des Deutschen Archäologischen Instituts 114 (1999), p. 88.
  14. Strabo 3.2.9, citing Poseidonius as his source, who in turn cites Demetrius of Phalerum on the silver mines of Attica, where "the people dig as strenuously as if they expected to bring up Pluto himself" (Loeb Classical Library translation, in the LacusCurtius edition). The 16th-century mythographer Natale Conti describes Pluto's imperium as "the Spains and all the places bordering the setting sun" (Mythologiae 2.9, edition of 1651, p. 173; cf. Strabo 3.12).