Митра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Митра е ангелско божество од зороастризмот (јазата). Го сметале за божество на договорите, но исто така бил и судија, заштитник на „вистината“ (аша), заштитник на стоката, жетвата и на водите.

Римјаните својата таинствена религија митраизам ја засновале врз персиски и извори кои доаѓале од зорастризмот, а се однесувале на Митра.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Именката митра исто како и ведската именка „митра“доаѓаат од прото-индо-иранската именка митра, од основата ми-, со значење „да се поврзе“, и суфиксот -тра-, „предизвикување“. Според тоа, значењето на митра е „она што предизвикува поврзување“.

Во текстовите[уреди | уреди извор]

Како и повеќето божества, Митра не е споменат по име во најстарите текстови на зороастризмот, Гати, кои делумно се посветени лично на Заратустра, ниту во Јасна. Како дел од тријадата божества, Митра е почитувана фигура. Заедно со Рашну (правда) и Сраоша (послушност), Митра е еден од тројцата судии на Мостот Чинват, „мостот на судот“, кој сите души треба да го минат.

Химната посветена на Митра (Јашт 10) е најдолгата од сите зачувани текстови Јашт. Во текстовите Авеста, опишан е како „Митра од широките пасишта, кој има илјада уши и миријада очи“, (Јасна 1:3),[1] „благороден и вечен владетел на провинцијата“, (Јасна 1:11),[1]Јазад (божество) на кажаното име“,(Јасна 3:5),[1] и „светиот“, (Јасна 3:13).[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Boyce, Mary (2001), „Mithra the King and Varuna the Master“, Festschrift für Helmut Humbach zum 80., Trier: WWT, стр. 239–257 
  • Malandra, William (1983), An Introduction to Ancient Iranian Religion, Minneapolis: University of Minnesota Press, ISBN 0-8166-1115-7 
  • Schmidt, Hans-Peter (2006), „Mithra i: Mithra in Old Indian and Mithra in Old Iranian“, Encyclopaedia Iranica, OT 10, New York: iranica.com .
  • Jacobs, Bruno (2006), „Mithra“, Iconography of Mithra Iconography of Deities and Demons in the Ancient Near East (PDF), (Electronic Pre-Publication), Leiden: U Zürich/Brill .
  • Dumezil, Georges (2008), Mitra-Varuna: An Essay on Two Indo-European Representations of Sovereignty. New York: Zone Books.

Наводи[уреди | уреди извор]