Ахура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ахура е авестиски израз за група на зороастриски ангелски божества.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Авестискиот збор ахура доаѓа од праиндискиот збор *асура. Се смета дури и дека индо-иранскиот збор има свои корени во праиндоевропскиот јазик.

Оксфордскиот англиски речник го става зборот асура како зороастриски израз.

Во текстовите[уреди | уреди извор]

Гати[уреди | уреди извор]

Во Гатите, најстарите химни на зороастризмот, за кои се смета дека ги напишал лично Заратустра, пророкот ги поттикнува следбениците да ги почитуваат божествата ахура, а да ги одбиваат оние што се даева, како и сите останати кои делуваат со лаги. Подоцна во зороастриската традиција, даевите се појавуваат како лоши суштества, додека во Гатите, даевите се богови кои треба да се отфрлат.

Во Гатите, пророкот не укажува посебно кои божества покрај Ахура Мазда ги смета за дел од групата ахури.

Авеста[уреди | уреди извор]

Во Јасна 12.1, следбеникот изјавува: „Јас го обожувам Мазда, следбеникот на учењата на Заратустра, и ги отфрлам даевите“. Со ова ахура се дефинира така што се укажува што не е ахура.

Во Авеста, трите божества од зороастрискиот пантеон повеќепати се идентификуваат како ахура. Тоа се Ахура Мазда, Митра и Апам Напат, кои се познати како „тријада ахури“. Меѓу останатите божества кои се сметаат за „ахури“ се шесте божества Амеша Спента, како и јазатите.

Наводи[уреди | уреди извор]

Библиографија
  • Boyce, Mary (1975), History of Zoroastrianism, Vol. I, Leiden: Brill 
  • Boyce, Mary (1983), „Ahura Mazda“, Encyclopaedia Iranica 1, New York: Routledge & Kegan Paul : 684–687
  • Gershevitch, Ilya (1964), „Zoroaster's Own Contribution“, Journal of Near Eastern Studies 23 (1): 12–38, doi:10.1086/371754 
  • Kuiper, Bernardus Franciscus Jacobus (1983), „Ahura“, Encyclopaedia Iranica 1, New York: Routledge & Kegan Paul : 682–683
  • Thieme, Paul (1960), „The 'Aryan' Gods of the Mitanni Treaties“, Journal of the American Oriental Society 80 (4): 301–317, doi:10.2307/595878