Хорде Авеста

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хорде Авеста (со значење: 'малку или мала Авеста') е име дадено за две различни колекции на религиозни текстови на зороастризам. Едната од двете колекции ја вклучува другата и го презела името.

  • Во најтесна смисла, изразот се однесува на пет Најеш текстови, пет Га текстови и четири Афринаган текстови. Категоризацијата на Келен вклучува и пет делови од Јасна.[1] Во поопшта смисла, изразот може да се употреби за текстови на авестански јазик. Изразот исто така се користи и за дваесет и еден Јашт, и триесет Сироза текстови.
  • Во 19 век, кога е печатено првото издание на Хорде Авеста, направен е избор од Авеста текстовите опишани погоре, заедно со молитви напишани на не-авестански јазик.[2] Печатеното издание на Хорде Авеста исто така вклучувало избор од Јасна кои се неопходни во секојдневните молитви, како што се Ахуна Ваирја и Ашем Воху. Изборот на текстови не е фиксен, па издавачите се слободни да вклучат текстови по свој избор. Неколку изданија на Хорде Авеста се прилично сеопфатни, и вклучуваат молитви Пазенд, како и современи поетски или полупоетски пеења од Гуџарат, потоа речник на поими и други списоци како датуми на религиозни настани, на пример.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kellens, Jean (1983), „Avesta“, Encyclopædia Iranica, vol. 3, New York: Routledge and Kegan Paul, стр. 35–44.
  2. Boyce, Mary (1984), Textual Sources for the Study of Zoroastrianism, Manchester UP, стр. 33.