Октавијан Август

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гај Јулиј Цезар Август
Император на Римскаta Империја

Statue-Augustus.jpg
Оваа статуа е позната под називот август од Прима Порта
На престол 16 јануари 27 п.н.е. – 19 август 14
Наследник Тибериј
Сопружник 1) Clodia Pulchra 43–40 п.н.е
2) Scribonia 40–38 п.н.е
3) Livia Drusilla 38 п.н.е– 14 н.е.
Деца
Julia the Elder;
Гај Цезар (посвоен);
Луциј Цезар (adoptive);
Тибериј (посвоен)
Полно име
Гај Октавијан Турин (од раѓањето до посвојувањето од Јулиј Цезар во 44 година п.н.е.);
Гај Јулиј Цезар (од 44 до 27 година н.е.);
Гај Јулиј Цезар август (од 27 година до смртта)
Татко Природен: Гај Октавијан;
Посвоен од: Јулиј Цезар (во 44 п.н.е.)
Мајка Atia Balba Caesonia

Октавијан Август (латински:Gaius Iulius Caesar Octavianus Augustus) е првиот римски император. Роден е во 63 п.н.е. како Гај Октавијан, а подоцна бил познат како Гај Јулиј Цезар Октавијан. Со Римската империја управувал од 27 п.н.е. до 14 п.н.е. Во 43 п.н.е., заедно со Марк Антониј и Марк Емили создале политички сојуз, попознат како Втор триумвират. Неговата титула „август“ на латински јазик значи „возвишен“, во религиозна мисла на зборот. Подоцна, оваа титула ја носеле сите римски цареви кои го наследиле.

Уште додека бил жив, Октавијан Август го почитувале како божество, најпрвин во провинциите, а потоа и во Италија. Таа задача ја извршувале шестмина ослободени робови, секој по една година, кои можеле оваа служба да ја извршуваат повеќепати. По завршувањето на нивната служба, со решение на Сенатот, најпрвин на некои од нив, а подоцна на сите, доживотно им биле доделени почестите поврзани со оваа служба и така постепено во градовите се формирал посебен сталеж на т.н. шестмината Августовци. Подоцна, императорите наредувале тие шестмина да се избираат насекаде низ царството, со цел да го шират почитувањето на народот кон царот.[1]

Октавијан Август се смета за една од најважните личности во историјата на Римската империја. Тој создал нов облик на управување во внатрешноста на империјата, кое се задржало во следните триста години. Тој му ја вратил власта на римскиот Сенат, но во исто време ја зачувал својата автократска позиција. На тронот го наследил императорот Тибериј.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петроније Арбитер, Гозба Трималхионова. Београд: Нолит, 1957, стр. 11.