Один

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Один (старонордиски: -{Óðinn}-) е врховен бог во нордиската митологија. Често се нарекува и Свих-Татко (-{Allfodr}-), а има и многу други имиња: -{Herran}- или -{Herjan}- (Големоуништувач), -{Nikar}- или -{Hnikar}- (Подјаривач), -{Nikuz}- или -{Hnikud}- (Воденбог), -{Fjolnir}- (Многузнаечкиот), -{Oske}- (Остварижелба), -{Omi}- (Јачиговор), -{Biflidi}- или -{Biflindi}- (Тресикопје), -{Svidar}- (Господар на Времињата), Свидрир (Копљебог) ... Один е бог на војната и мудроста, а се чини дека бил и бог на поезијата, ловот и магијата. По него среда го добила името во германските јазици (шведски: -{onsdag}-, англески: -{Wednesday}- од -{Wōden}-...). Син е на Бора и Бестле, внук на Бурија кој од лед го извадила кравата Аудхумла на самиот почеток. Брат е на Вилија и Веа, супруг на божицата Фриг со која ги има синовите Балдра, Ходра и Хермода. Со Јорд има син Тор, кој е негов најстар син. Со Ринд го има Валиј, а со Грид го има Видар.