Фриг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долман:Фриг ги врти облаците

Фриг (старонордиски: Frigg) – старонордиска божица, сопруга на Один, мајка на Балдер, Ходр и Хермод. Се чини дека потекнува од родот Вани, а му станал жена на Один после спогодбата меѓу Асите и Ваните дека нема повеќе меѓусебно да војуваат. Родители би можеле да ѝ бидат богот Фјоргин и божицата Нот (Ноќ). По мајка му е полусестра на богот Њорд. Била сметана за врховна божица на Асите.

Божицата Сага со која Один пие од златни шолји во нејзината палата, би можеле да биде всушност Фриг, што значи дека Сага ѝ е друго име.

Се смета за божица на бракот, мајчинството и плодноста. Можеле да ја гледа иднината, но не можела да ја измени, ниту имала обичај да зборува за она што го видела.

Единствено таа смеела да седи на Одиновиот престол Хилдскјалф од каде се гледал целиот свет. Иако се во брак, Фриг не живее заедно со Один, туку има сопствена палата, Фенсалир или „Мочуришни сали“

Нејзини придружнички се:

  • божицата Фула која ја носи кутијата на Фриг и се грижи за нејзините чевли. Покрај тоа ги знае сите нејзини тајни;
  • божицата Хлин што значи Чуварка; таа ги чува луѓето кои Фриг сака да ги спаси од неволји;
  • божицата Гна која за Фриг ги извршува работите на другиот свет.

Сочувани се неколку приказни во кои е вклучена и Фриг. Спрема една живела со браќата на Один, Вили и Ве во полиандрична врска за време на долгото отсуство на Один, кога мислеле дека тој нема веќе да се врати. По враќањето браќата му ја предале власта, а Фриг му се вратила како законита сопруга.

Но можеби најпозната е онаа за смртта на нејзиниот син Балдер, кого таа со целата мајчинска упорност се обидува да го спаси иако знае дека пророштвото не може да се измени. Прво бара од секое живо и неживо нешто да се заколна дека нема да го повреди, а кога тој сепак погинува, праќа гласник кај самата божица Хела да го откупи, и се обидува да го наговори целиот свет и сите нешта во него поединечно да жалат по него за Хела да го врати. За малку ќе ѝ успеело, но една џинка, се чини преправен Локи одбива да тагува и Балдер останува мртов.