Слејпнир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Один влегува во Валхала на коњот Снејпнир. Од левата страна се гледа валкира која му нуди медовина во рог од кој често се пиела истата.

Слејпниркоњот на Один, врховниот бог во нордиската митологија.

Снејпнир е сивчо, а карактеристичен е по своите осум нозе, кои најверојатно ја симболизираат неговата брзина, бидејќи тој е најбрзиот коњ на светот. И не само тоа, тој подеднакво добро трча и на земја, и во воздух и на море.

Единствено Один можел да го јава.

Потекло на Слејпнир[уреди | уреди извор]

Оди го јава Слејпнир, цртеж од 18 век

Било тоа кога боговите одлучиле да изградат град за себе кога дошол некој градител и им понудил на боговите на Асите дека ќе им изгради град толку цврст така што ни горските ни мразните џинови не би можеле да влезат во него. За надомест ги побарал Сонцето, Месечината и божицата Фреја. Боговите почнале да се советуваат, а се чинело дека Локи најмногу ги наговарал. На крајот боговите ја прифатиле цената ако градителот успее да го изгради градот во текот на зимата, со тоа што никој не смее да му помага. Градителот побарал да му се допушти да го користи својот коњ Свадилфари, а Локи предложил истото да се прифати.

И така градителот започнал со градба со помош на својот коњ кој довлекувал камен. А всушност довлекувал камени планини. Тоа на боговите има причинило многу сомнително, но бидејќи богот Тор бил на исток каде се борел против троловите, боговите не преземале ништо. Но три дена пред почетокот на пролетта боговите увиделе дека градот наскоро ќе биде готов, а како не сакале да ја изгубат нивната најдрага божица, а ни Сонцето и Месечината, почнале да размислуваат за тоа кој воопшто предложил Фреја да се мажи за џинот. Сите знаеле дека таков лош предлог морало да дојде од Локи. Му рекле дека мора да смисли начин да го поништи лошиот договор или лошо ќе помине.

Една вечер кога градителот возел камен, од шумата истрчала преубава бела кобила, а Свадилфари подивел и побегнал по неа. Градителот не успеал да го најде, а градот не бил довршен на време, па побеснел. Боговите тогаш сфатиле дека тој всушност е горски џин, па веднаш го викнале најсилниот од нив , Тор да го избрка без Сонце, Месечина и Фреја. И така било.

А Локи, кој поседувал моќ на метаморфоза, наскоро ождребил сиво осмоного ждребе кое го добил Один. А тој бил најдобриот коњ што некогаш го имале боговите и луѓето.