Ходр

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Локи и Ходр со лак

Ходр (старонордиски Höðr) – слеп бог од нордиската митологија. Тој е од родот на Асите бидејќи е син на Один. Мајка му е божицата Фриг. Ненамерно го усмртил својот брат Балдер, најубавиот и најмилиот меѓу боговите.

Убиството на Балдер[уреди | уреди извор]

Сите работи, и живи и неживи, ѝ ветиле на Фриг дека нема да му наштетат на Балдер. Единствено тоа не го сторила имелата, бидејќи Фриг ја сметала за многу млада и безопасна за да од неа бара заклетва. Така боговите го поминувале времето гаѓајќи го Балдер, што многу ги забавувало бидејќи овој бил неранлив. Ходр не учествувал во таквите игри бидејќи бил слеп. Еден ден му пришол Локи и му понудил да му помогне и тој да го погоди брата си. В рака му дал стрела од имела (за која дознал дека не се заколнала) и му помогнал да ја истрела во права насока. Балдер, погоден, веднаш умира.

Рагнарок[уреди | уреди извор]

Снори Стурлусон во Прозната еда не зборува што му се случило на Ходр. Сепак, зборувајќи за пропаста на боговите, Рагнарок, вели дека на преживеаните Магни, Моди, Видар и Вали, од земјата на мртвите, од Хел, ќе им се придружат Балдер и Ходр. Што значи дека Ходр на некој начин бил усмртен. Други извори говорат дека Один со џинката Ринд го зачнал синот Видар. Според некои Один ја силовал Ринд. Видар пораснал за еден ден и го усмртил Ходр.

Според забележаното во Saxo Grammaticus, браќата Ходр и Балдер се ривали за раката на Нана. На крајот Ходр го усмртува злиот брат Балдер.